- Член од
- 14 август 2012
- Мислења
- 1.708
- Поени од реакции
- 738
Фала ама немам румПодготовката на смеса за палачинки треба да е еден од наједноставните зафати во кујната, но факт е дека на многумина токму ова им задава главоболки.
Меки, пенести и вкусни тешко дека ќе ги погодите доколку немате добар рецепт и тавче на кое нема да се лепат. Ви претставуваме рецепт од кујната на нашите баби, кој е едноставен и по него веќе нема да барате друг.
Потребни состојки: - 3 јајца
- 250г брашно
- 350 мл млеко
- 1 чаша минерална вода
- Малку сол
- 2 лажички масло
- Половина лажичка рум
Подготовка:
Измешајте ги јајцата додека не добиете густа хомогена смеса, ставете го маслото па млекото и измешајте. Потоа непрекинато мешајте и сипајте го брашното, додадете сол и рум за смесата да добие арома, а уште поважно за да спречите впивање на маслото. Доколку смесата ви се чини густа, разредете ја со минерална вода. Пржете ги палачинките на тавче на кое нема да се лепат. Декорирајте ги по сопствена желба и слободно експериментирајте.
Sent from my ST21i using Tapatalk