Секакви рецепти

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Прво да кажам дека денес ги испробав компирите, кромидот и кугловот.
Све на к сум одбрала, еј. :ROFLMAO:
Браво за рецептиве, дечки. :D Се' излезе превкусно. Компирите... мњамии. :D Кромидот е суперишка. Нема потреба од пржење, туку само во рерна го ставаш и уживаш. :cool: Во кугловот во белата смеса додадов уште екстракт од јагоди, кокос и дробени бисквити. А во црната смеса, бидејќи немав какао, ставив турско. Сон! Душа мека. :love:
Ако не ме мрзи, вечер или утре ќе прикачам слики во темава од кугловот.

Ај јас да споделам една рецепта. :D

Домашен чипс.

Прво најнормално се мијат, се лупат и се рендаат со вакво ренде. Ама мене ми се погоди некое неоштро ренде и се изнамучив. Дека компирот е доста тврд, а од еден компир се вадат доста такви кришки. Рака ми падна. :icon_mrgr: Како што ги сецкав, ги ставав во голем сад наполнет со ладна вода, за да не поцрвене во меѓувреме. Кога ги изрендав сите, почекав пет минути, да отстојат уште малку во водата. Потоа едно по едно ги вадев од садот и ги редев на крпа. Одозгора ставив уште една крпа и ги стискав, за да упие повеќе крпата. Да не се залепат.
После тоа, на загреана рингла, ги пржев. Ама пред тоа, во едно тацниче ставив 300 зачини, измешав све. То ѓумбир, то оригано, буковец, зачин лук, црн бибер, црвен бибер, кари, копар, сол... све што ми се најде пред очи. :D
И откако ќе се испржат, една по една кришка ги вадев, ги цедев од зејтинот и ги наросував со зачините. Грб ме заболе, дека јас ги вадев букавално една по една кришка, па ги зачинував од двете страни. Не најдов подобра техника. :гик: Сакав на крај да ставам зачини, ама мислев после да не се исушат, па да не не попримат од зачините, да не останат доле на чинијата.
И откако ги наросив со зачини, ги ставав со сад полн со салфетки, да не биде многу мрсен.

И ми требаше доста време, дур да сфатам, колку време да ги пржам. Некои поизгорени, некои живи... па така од сите дегустирав, додека конечно на крајот најдов решение. :D Мене тие изгорените не ми се свиѓаа, затоа што немаа вкус на ништо. Ама затоа овие средниве, таманка. :love:

Значи можеби 4-5 саати окапев во кујна. Секоја кришка посебно ја пржев, ја тинтрев... ауууу. Можеби 3 кила компир направив. Па секоја кришка посебно ја ставав, ја вадев... И на крај за 15 минути се изеде. :facepalm: ПРЕвкусен е, али бара живциииииииииии, упм многу бара. :D

1.jpg 2.jpg 3.jpg
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
@shumecha.tableta следниот пат наместо да ги пржиш, стави ги на чинија и во микробранова на најјако неколку минути. Предходно само посоли ги и имаш чипс, крцкав, вкусен без маснотии. Проверено ми е!
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
^^ Баш и јас прочитав за тоа, само што микробрановата печка ни е малку троа зезната... не грее подеднакво од сите страни и некако не ми беше сигурно. Кога греам нешто друго, постојано го вртам јадењето и затоа се решив да го пржам. :D
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Пикантен рижото:

Потребно е:

200 грама ориз, 200 грама домати, 20 грама путер, малку сол, магдонос

Подготовка:

На путер пропржете го претходно измиениот ориз, со постапно додавање на вода. Кога на пола е испржен, додадете малку сечкан домат и пржете го уште малку. Пред крај зачинете го и додадете го сечканиот магдонос. Ова јадење може да служите и ладно
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Мака вие од салами и меса, сакате малце одмор од месото?!
Ова е едноставен сендвич, каде што пржената тиквица е замена за салама! Многу е вкусно :))

Салата по избор, домат, кромид.... кој како јаде :)!

Тиквицата се сечи на кругови, круговите се пафкаат во брашното, потоа во изматено јајце и се пржат на загреано масло, додека не добијат руменкаста боја!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Еден горе доле лесен рецепт но ете комбинацијата никад до сеа не ми текнала.

Кинеско вариво со сос од печурки (така го крстив)

Потребни состојки

За кинеското вариво
маслиново масло колку да фати малку мирис и да не се залепи на тавата (вок или делмано)
сол
по пола шоља или 100ml сецкан: морков
кромид
бамбус
црвена блага месеста пиперка
брокула
ИЛИ ако ве мрзи тро, барате смрзнат кинески микс. :D
Само свежо си е свежо.

За сосот од печурки
Путер пола прст напречно :D)
Печурки (шампињони најчесто) сецкани цела шоља (200ml)
Лук сецкан 3-4 чешниња (ако е ситен и 6)
Малку босилек и црн мелен бибер.
Течна павлака 60 ml.

Процес на подготовка
за кинеското вариво

Во полудлабока тава го ставате маслото малку да се подгрее и редоследот на зеленчук е овој 1. кромид додека не зацакли, 2. бамбус, пиперка и морков заедно. Поклопувате со капак малку да омекне смесата во сопствената вода). Кога ќе подомекне, го тргате капакот. Посолувате. Долевате вода по малце во случај истата да испари. Кога бамбусовите деланки ќе станат доволно меки го завршувате процесот.

За сосот од печурки

Го ставате путерот да се стопи
Прво го ставате сецканиот лук колку да фати боја, после веднаш ги ставате и печурките. Поклопувате неколку минути со капак колку печурките да испуштат вода. По 5-6 минути ја ставате течната павлака заедно во лончето со печурките и лукот. Готвите на тивок огин и мешате. Пред самиот крај го додавате биберот и босилекот и промешувате уште 5-6 минути. Пожелно е ако смесата згусне многу да додадете по малку вода.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Kaj da najdeme bambus? :)
Во Гари, Пекинг шоп, Џамбо... Земеш цела комода и немаш гајле :D

Единствената состојка која не може да се набави као свежа, ама затоа имаш замрзнати деланки во рамстор и веро. Вака и онака бамбусот највеќе се става само за да се добие на маса, нема некој чуден специфичен вкус освен кртост и цврстина, така да мала супституција можно е со зелена боранија.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.950
Поени од реакции
25.479
Еве ми го последниот експеримент:

Здрави бомбици :)

Испасирав две банани, додадов околу 200 гр. мелени ореви(можете и бадеми или нешто друго по ваша желба) за да се згусне смесата, формирав бомбици и ги извалкав во кокосово „брашно“.
Одлична замена за благо. Внимателно, иако нема додадено шеќер, калорични се! :)
Еве ги.
SAM_2685.JPG


Понатаму ќе експериментирам и со урми, смокви, кокосово млеко...
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
И јас пробував нешто денес. :D
Растопив 2 чоколади за готвење, со 4 супени рамни лажици какао и околу 100 мл вода. Го тргнав тоа на страна. Разматив околу 100 гр. маргарин (од око) и 7 мали лажички шеќер. Додека матев, истовремено пополека го додавав разматеното чоколадо.
Потоа преполовив две јаболка, со помош на лажица за сладолед ја отстранив средината и ја наполнив со смесата. Ги ставив во замрзнувач, после некое време ги извадив и секоја половинка ја поделив уште на 2 пати.

Смесата беше многу вкусна, остана уште пола и повеќе, немав толку јаболки. :oops: А да... знам дека изгледаат зашљакани, умацкани, но не можев да дочекам да се стврдат. И цела кујна лом ја направив. Више срече други пут. :D
Го имав испробано тоа што е со полнети јаболки со мармалад и ореви, потоа печени. Но, искрено воопшто не ми се допаднаа. Горчливи беа. Затоа овие не ги испеков и за вкус се супер. :noze:
IMG_0053.JPG IMG_0056.JPG
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Хаинан пилешко со ориз (национално и традиционално јадење на Сингапур)

Состојки за сосот:

2 до 3 супени лажици свежо цеден лимонов сок

2 супени лажици ситно сецкани црвени пиперки (кој сака луто, лути, кој не благи)

5 лукчиња, ситно сецкани

Сол


За пилешкото со ориз:

0.7 до 1 кг свежо пиле

Млад кромид, исецкан на поголеми коцки

4 парченца надолжно и тенко сецкан излупен ѓумбир

6 супени лажици малсиново или ленено или сусамово малсо

6 до 8 чешниња лукче, ситно сецкан

4 шољи басмати ориз или парбојлед (неварен)

1 мала лажичка сол (морска, хималајска)

Упатство т.е начин на подготвување:

За сосот: се мешаат заедно сите состојки во длабок сад, се мешаат, се зачинуваат со сол по вкус, се остава на страна.

Пилешкото со ориз:

Во големо тенџере да зоврие солена вода (тама за да се поклопи пилето). Се полни стомачната празнинa cо младиот кромид и ѓумбирот. Се додава пилето во звориената вода, со градите надоле. Се намалува оганот за да подврива водата и се вари, покриено, околу 40 минути.

Потоа се префрла пилето во многу студена вода околу 5-6 минути (на овој начин се добива можност за крцаво пиле и да се сопре процесот на натамошно варење откако е извадено од врелата вода). Се цеди. СЕ отстрануваат коските и се сече местото на парченца (големина на залак). Водата во која се варело пилето не се фрла (некаде да остане околу 3 цм над дното на тенџерето. Се чува врела.

Во вок тава или длабока тава се загрева маслото на јак оган. СЕ додава лукот и се пржи додека не омекне/ Се додава оризот и се пржи со мешање околу 2 минути. Се додава од водата од пилешкото околу 1.5 до 2 цм над оризот/ СЕ остава да зоврие, се додава солта и се намалува огнот. Штом почне да чади оризот се покрива тавата (вокот), се вари околу 30 минути. Се додава останатиот дел од водата ¼ во сосот и се меша. Се реди пилешкото на голема чинија врз сварениот ориз и се полива со сосот. Се додава соја сос по желба. (ако се пиперките во сосот лути, може малку кокосово млеко, ако се благи може сос од школки – oyster sauce).

Се јаде со љубов.[DOUBLEPOST=1407324968][/DOUBLEPOST]Телешко (оригиналот е со кучешко) со ориз и зеленчук и јаболко (го добив од еден виетнамец, оригинал виетнамски рецепт, проверено и исконзумирано)

Состојки:

250-300 гр телешко (кучешко) месо

Половина тиквичка (сецкана на коцки)

3 моркови, рендани

½ до 1 јаболко (зелено, рендано)

2 компира рендани

Магдонос по желба (свеж)

Босилек прстофат

Кинеска зелка (ако нема тогаш црвена свежа, реднана ситно)

Соја сос (4 лажички)

Јаболков оцет (2 лажици)

Мед (шумски, ливадски, 3 лажици)

2 кромида (ситно сецкани)

4 лукчиња (ситно сецкани)

Маслиново масло 5-6 лажици + 2 лажици сусамово масло

Сол по желба

Нишесте околу 4 лажиќки (во малку ладна вода)

Ориз (јасмин, басмати или парбојлед) – 4 шољи.



Подготовка:

Во големо тенџере или вок се пропржува кромидот и лукот да омекне, се додава телешкото/кучешкото месо на коцки да се пропржи, кога ќе зарумени се додава солта, магдоносот (ситно сецкан) , босилекот, морковот и се промешува околу 2-3 минути. Се додава медот, соја сосот и се додава оцетот. Сето тоа се пропржува да се соедини. Се додава вода да го прекрие месото додека не зоврие, штом соврие се додава компирот, зелката, тиквичките и јаболкото. Се додава вода да прекрие околу 1 до 1 ½ цм над јадењето. Врие додека не се свари зелката и додека скоро не изврие водата и смесата се згусне. На крајот се додава нишестето и се меша. Се трга од оган.

Се вари оризот во сооднос 1 на 2.5. Една шоља оризс и две до две и пол шољи вода. Во несолена вода.

Се процедува оризот.

Се служи во длабока чинија оризот врз кој се става (или крај оризот се положува) зготвената смеса.

Се конзумира со многу љубов и црвено вино.
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.950
Поени од реакции
25.479
Уште еден експеримент.
Оргазмичен колач во чаша без шеќер и брашно :icon_mrgr:
SAM_2742.JPG
(Не знам за количините, не мерев)
За „тестото“ ви се потребни мелени бадеми, малку кокосово масло и многу малку мед. Ги мешате состојките и ги распределувате во две чашички со иста големина. Во првата чаша го притискате „тестото“ на дното и го ставате во фрижидер да се зацврсти, а во втората чаша на дното ставате фолија, или хартија за печење(за полесно да ја извадите смесата) и ја повторувате истата постапка како за првата чаша. Кокосовото масло ја зацврстува смесата и го прави „тестото“ како... мека бисквита. Претходно пробав и да ја печам смесава, али не ми се допадна вкусот. Не претерувајте со маслото, затоа што и онака има доволно маснотии во колачов, доволно ви е една лажичка за 100гр. бадеми, отприлика.

Белиот фил е од изматена белка од јајце, маскарпоне и малку мед, а чоколадниот прелив од малку мед(потенцирам малку затоа што не треба да биде повеќе од пола лажичка, инаку ќе ви испадне преблаг колачот), кокосово масло и какао.

Диеталци, нека не ве лаже тоа што нема шеќер и брашно, колачот е калоричен. Може да замени појадок, на пример.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom