“Се што правам не излегува добро“,“Тој е подобар од мене,јас сум за никаде“...тоа се мисли кои најчесто не се точни.Не постои човек на планетава кој прави се наопаку(би бил мртов за неколку дена :wink
.
Работата е тоа што сите ние од една страна размислуваме како навистина треба да бидат работите,како правилно да постапуваме,да бидеме подобри па и најдобри,каков треба да ни биде животот,а од друга страна пак размислуваме за тоа како навистина стојат работите,какви сме всушност ние,каков е реално животот и споредбата на актуелното према стандардите кои сме ги поставиле нормално е да не доведе до некој степен на самопотценување и да не ги исполнува нашите очекувања.Потоа настанува разочарувањето и мислата дека “нешто не е во ред со мене,морам да направам нешто во врска со тоа“.
Лошо е што понекогаш ваквите мисли предолго “живеат“ во нашите глави и да,тоа е само во нашата глава-не е вистина.
Пред некое време постојано се преиспитував и живеев за да ги задоволам другите стравувајќи токму од тоа-да не правам нешто погрешно,другите подобро го прават тоа од мене,животов промашај ми е невиден....
Сега сум сконцентрирана на секојдневните обврски и ич не се замарам дали некој ќе биде подобар од мене или не.Секој за себе,затоа што моето “правилно“ сигурно не е “правилно“ за некој друг.
И додека си мислам како некој е подобар од мене и минува низ животот со полна пареа не сум свесна дека сум се закочила во некое време-невреме и само го голтам чадот ПРАШУВАЈЌИ СЕ што не е во ред со мене,наместо да превземам нешто и да го правам она што е најдобро за мене.
Подобар од мене-нема.Не затоа што е така,туку затоа што јас сакам така да биде.