Себепотценување

Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
33
Не сум се потценувал никогаш а уште помалку да се мерам со некој ривал.Знам дека можно е да потфрлам во било што,ама исто знам дека сум упорен.Мојот успех е само мој успех,а нема зошто човек да се потценува,секој има јаки страни но и слаби,кои не дозволувам да ме ослабат за да се потценувам.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Не сум се осеќал како FAIL ептен да речам, ама се случило да помислам дека има некој подобар од мене и поради тоа сум ја оддалечил од мене најдрагата личност. И џабе е сега се, што и да правам ништо нема да се смени. Ова може само да ми послужи како не треба понатаму и да бидам многу посигурен во себе во иднина.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Иако има слична тема која го разработува овој проблем, отворам нова, бидејќи ме интересира конкретен проблем.

Второ, и поважно, дали некогаш сте сретнале човек со кој можете да се натпреварувате во некој животен сегмент, но кога ќе размислите за вашите дела, тој постојано е пред вас. Па барате алтернативи да го покријат вашиот неуспех, барате на кое поле сте вие поуспешни, и гледате дека и таму ве добива. Еден момент стоите немо и разочарано од себе, дека целиот живот ви е тотално промашување а вашиот ривал ја добива битката каде и да се свртите.

Имате ли ваков пример за себе, и дали знаете како се излегува од таа драма?
Да, ова ми се случуваше. Но всушност е само трик на психата. Личноста и да не е подобар од тебе, сепак ти ќе мислиш дека е.
А ако е навистина подобар човекот, тогаш... Live on.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Неколкупати ми се има десено да се борам во некоја битка во која знам дека губам со сигурност. Единственото што е подобро кај мене од противникот е мислата дека сум подобар. Фактите го докажуваат спротивното. Но не сакам да се предадам. Не значи дека не признавам пораз, но после поразот верувам дека можев и подобро. Не го правам ова ради тоа дека сум самобендисан или секогаш мислам дека сум во право дури и кога грешам, туку едноставно сакам да се чуствувам по позитивно после поразот. Не ретко барам и алтернативни полиња на кои можам да го поразам мојот противник, само за да се оправдам пред самиот себе. Но се случува и таму да изгубам. Тогаш имам некој минорен напад на меланхолија кој го лечам со boost-ање на самодовербата. Во тие моменти не ми е потребен човек да ми ја каже реалноста, и како тоа јас сум лузер, ниту пак ми треба човек кој ќе ми каже како он се справил со тоа или дека “ќе биде подобро“. Во тие моменти треба сам да се разубедам дека едноставно сум загубил, но не е крај на светот. Ако гледаш позитивно - позитивно и искача. Како некој непишан закон. Времето викаат дека лечи се - јас велам дека ти треба време за сам да се излечиш....проблемот е што некои луѓе се премногу слаби за да се излечат, а времето само ги дотепува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom