Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?

  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Толкав е квалитетот, тоа е тоа.
Повеќето играчи греат клупа во клубовите, а и реално немаат квалитет за да играат на СП. Единствена полза од играњево е да не испопаѓаме по шеширите за наредни првенства, затоа што со овој квалитет, нема враќање назад. Инаку, не знам каде се пострчаа со овој тим да играат.
Можеби за 4-5 години, ако некој од овие игра во просечен клуб, ама барем игра редовно, ќе имаме некој тим на ниво на Швајцарија можеби. Одбраната мизерија, а тука најголема вина има и тренерот. Почна конфузно, со некоја смешна 5-1 одбрана, со Мишевски како најистурен. Пустиот, претромав, не може да се наведне, заедно со Тале попија едно сто додавања низ нозе. Никакво движење, не можат да фатат играч, да направат фаул. Ниеден фаул не направија во одбрана, никаква агресија, како чуњеви ги летаа. Еееееј, цело прво полувреме, секој напад зицер. Во позициона игра, крилото да ти направи 10 зицери во едно полувреме, ни се чуло, ни се видело. На место на Брестовац си давам оставка и тоа неотповиклива. Типчето нема квалитет за тренер, што побрзо го променат, толку подобро. Во напад ги потепаа пикерите, па не може само до пикер да играш. Ама тоа е реалноста, гледајте ги бековите, никакво движење немаат. Бавни се, ги фаќаат уште на прв чекор. Одма им затвораат влез, им останува само да се бапнат во одбраната на противникот и да вратат назад или да добијат 9 метри и така до бесконечност. Нема финта, нема шут од 9 метри, нема ширење до пикер.
Египет не ни лежи, сите се грамадни, има да не оштрафат како мутер.
Да си ја бараме шансата со Чиле, за малку од малку да се искачиме во поредокот.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.057
Поени од реакции
6.668
денес докажавме дека незаслужено отидовме на светско.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.323
Со Египет и Чиле ќе биде вистинскиот тест.

Има простор за разочараност секако без разлика на тоа што знаевме што да очекуваме.

Ајде, ќе го препишеме на тоа што до пред 2 дена не се очекуваше да бидеме дел од првенствово.

Мора сериозно малце со Египет за да ми ја вратат надежта дека мооооожеби има некаква шанса да бидеме барем просечна репрезентација во иднина.

Јасно ни беше на сите дека немаме квалитет и дека влегуваме во период кога и пласман на првенства ќе биде успех, ама ипак, мора малку да очекуваме барем компетитивност, да не делуваме како јуниорскиот тим на Јужна Кореа.....
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Другар дај не заебавај, како тоа не се очекуваше кога сите беа на готовс до последен момент? Ај и тоа да е ама тоа што нити желба се виде, нити мотивација ако ништо друго да се каже пробавме и неможевме толку ни беа силите.

Со она што ја гледав Египет тешко против нив, очекувам некој од овие момчиња да не бидат повторно повикани туку да се иде со помлада генерација и да се гради за да се надеваме на големи настапи во иднина и да не се чека и одлага со работа.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.323
Другар дај не заебавај, како тоа не се очекуваше кога сите беа на готовс до последен момент? Ај и тоа да е ама тоа што нити желба се виде, нити мотивација ако ништо друго да се каже пробавме и неможевме толку ни беа силите.

Со она што ја гледав Египет тешко против нив, очекувам некој од овие момчиња да не бидат повторно повикани туку да се иде со помлада генерација и да се гради за да се надеваме на големи настапи во иднина и да не се чека и одлага со работа.
Па не реков тоа туку "знаевме што да очекуваме" :D

А тоа е..дека со Чиле ќе се решаваме :D

А за утакмицава реков, и покрај тоа што немавме огромни очекувања, сепак е лош перформанс што јас лично ќе го заборавам поради "еве пред 2 дена дознаа", тоа сакав да кажам

А секако не се очекуваше 12 разлика пораз без разлика на се
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.675
Јас па будала пред почеток на натпреварот уште оптимист бев,си викам ај можат да изненадат,на крај бев изненаден од тоа колку сме лоши.

Уште на почеток од мечот се виде во кој правец ќе одиме,апсолутно без идеја,целата игра беше шут на Кире или да ја протне некако до пикерите.
Од лев и од среден бек никаква активност,посебно прво полувреме,како без бекови да игравме сите 4ца што добија шанса беа катастрофални,немаше никакво вкрстување,асистенција,влез,изнудено исклучување или пенал,тотално ништо.
Талески и Кузмановски дното го пробушија денеска,првиов пародија од ракометар ај за него се знаеше отприлика дека тој правец ќе го фати,криво ми е за вториов,играч со такви предиспозиции не е возможно ништо да не игра,имаше надеж за него барем на првенствово дека ќе направи нешто ама очигледно толку му е силата(мозокот).
За крилата нема што да се каже,немаа ни многу простор за влез,десните крила солидно одиграа,од лево крило освен еден гол на Кузмановски ништо друго немаше.
Лошо е што немавме ни една контра или лесен гол,премногу спори сме во тој дел,фали многу Манасков да истрча напред.
Да не заборавам и Митрески да го пофалам,секоја чест за човекот без одбрана успеа да одбрани многу топки.

Драго ми е само што Кире ќе ја заврши репрезентативната кариерата таму кај што ја започна,се плашам само да не завршат и нашите настапи на големи натпреварување таму кај што почнаа.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Ќе се обидам да се воздржам од давање оценки се додека не го изиграме последниот меч на ова натпреварување.

Само на кратко за денес:
Очекував пораз, но не очекував ваков дебакл. Не очекував пораз поголем од 5 голови. Ретко на кого од играчите би му дал преодна оценка. Јас сум еден од малкуте луѓе кои смета дека Брестовац генерално добро ја води репрезентацијата овие две години, но денеска имаше неколку навистина дискутабилни одлуки.

Одиме понатаму, тоа е што е. Нашата шанса уште од старт беше Чиле. Бателете ги спортските портали и просечната популација која коментира на нивните постови на социјални мрежи со очекувања за некакви изненадувања, медали и не знам што уште не. Луѓе на кои следењето ракомет им се сведува на гледање на македонската репрезентација на големи натпреварувања немаат благе везе од истиот. Македонскиот ракомет и неговата моментална состојба бара дааалеку повеќе следење од следење само на А-репката.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
А тоа е..дека со Чиле ќе се решаваме :D

А за утакмицава реков, и покрај тоа што немавме огромни очекувања, сепак е лош перформанс што јас лично ќе го заборавам поради "еве пред 2 дена дознаа", тоа сакав да кажам

А секако не се очекуваше 12 разлика пораз без разлика на се
гледаше ли некој Египет - Чиле ??
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Толкав е квалитетот, тоа е тоа.
Повеќето играчи греат клупа во клубовите, а и реално немаат квалитет за да играат на СП. Единствена полза од играњево е да не испопаѓаме по шеширите за наредни првенства, затоа што со овој квалитет, нема враќање назад. Инаку, не знам каде се пострчаа со овој тим да играат.
Можеби за 4-5 години, ако некој од овие игра во просечен клуб, ама барем игра редовно, ќе имаме некој тим на ниво на Швајцарија можеби. Одбраната мизерија, а тука најголема вина има и тренерот. Почна конфузно, со некоја смешна 5-1 одбрана, со Мишевски како најистурен. Пустиот, претромав, не може да се наведне, заедно со Тале попија едно сто додавања низ нозе. Никакво движење, не можат да фатат играч, да направат фаул. Ниеден фаул не направија во одбрана, никаква агресија, како чуњеви ги летаа. Еееееј, цело прво полувреме, секој напад зицер. Во позициона игра, крилото да ти направи 10 зицери во едно полувреме, ни се чуло, ни се видело. На место на Брестовац си давам оставка и тоа неотповиклива. Типчето нема квалитет за тренер, што побрзо го променат, толку подобро. Во напад ги потепаа пикерите, па не може само до пикер да играш. Ама тоа е реалноста, гледајте ги бековите, никакво движење немаат. Бавни се, ги фаќаат уште на прв чекор. Одма им затвораат влез, им останува само да се бапнат во одбраната на противникот и да вратат назад или да добијат 9 метри и така до бесконечност. Нема финта, нема шут од 9 метри, нема ширење до пикер.
Египет не ни лежи, сите се грамадни, има да не оштрафат како мутер.
Да си ја бараме шансата со Чиле, за малку од малку да се искачиме во поредокот.
Точно немаме квалитет, потајно можи да се надеваме на "НАШ" ден дека можи да изиграме нешто против некоја посилна репрезентација, али 1 на 10 утакмици.

Кога веќе се дават шанса на млади (мислам на Костески, Ц.Кузмановски), давај до крај, на вака изгубена утакмица немат шо да му даваш минутажа на Димитриовски и Поповски кој одамна го пропуштија возот за да го направат тој следен чекор во нивната кариера, едниот програмер, другиот стативи на тренинг гагјат.

Талески на 18 години ветуваше дека ако ништо друго ќе се изградит во солиден играч, абе од Киселев кој во Вардар крпи додаваше играч напраја Русиве, ние со Талески не екипа од Б дивизија, него изгледаме на репрезентација од трет ешалон, и тоа е сурова реалност.
Ако вака се срамиме со 10 разлика, барем нека играат дечки кој реално во иднина би имале квалитет за репрезентација на
повисоко ниво од сегашново, Костески>Поповски, Ц.Кузмановски>Димитриовски, Серафимов>Велкоски.

Ионака со Лазаров кој во мај полни 41 година, изгледаме на екипа од трет ешалон, после него веројатно после 2023 ќе не чекат пост од Европски/Светски првенства, играчиве од 1998 се промашена генерација, од 2000та имат по некој играчи кој можи да стигнат едно ниво на Миркуловски, иако за тоа допрва ќе треба уште да работат и да се надградуваат.
Во меѓувреме најмногу треба да се работат со генерација 2002 и ТОА ХАРДКОР. генерација кај шо имаме најмногу потенцијал и талент, ако таму ја зезниме работата тогаш ке падниме на ниво на Естонија, Литванија, Грција..
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.040
Поени од реакции
5.768
Овај не чини оној не чини... е кој треба да игра за Македонија? Тоа е, толку ни е моменталниот капацитет. За нови деца, нова квалитетна генерација ќе мора да се стрпиме барем уште 5 години.Талевски,фитиљо веќе прегорени се. Од нив не бива ништо, танковски, велковски потпросечни. Столе и Кирката, заврши нивното.
Нас ни требат за одбрана минимум двајца двометраши со две рала мадиња оти од овие биберчина во одбрана секој напад гол е.
То е то, од секое дрво кавал не се прај, сега стратегија и пронаоѓање на таленти и вложување во нив. Од овие, толку
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
...за да не ги откриеме јаките страни пред да влеземе јако во сите останати мечеви до титула
Sve je to dio procesa mikani moji
лошо ќе биде ако прво играме со Словенија, тие на Кореја 51 гол му дадоа:eek:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom