Другар дај не заебавај, како тоа не се очекуваше кога сите беа на готовс до последен момент? Ај и тоа да е ама тоа што нити желба се виде, нити мотивација ако ништо друго да се каже пробавме и неможевме толку ни беа силите.Со Египет и Чиле ќе биде вистинскиот тест.
Има простор за разочараност секако без разлика на тоа што знаевме што да очекуваме.
Ајде, ќе го препишеме на тоа што до пред 2 дена не се очекуваше да бидеме дел од првенствово.
Мора сериозно малце со Египет за да ми ја вратат надежта дека мооооожеби има некаква шанса да бидеме барем просечна репрезентација во иднина.
Јасно ни беше на сите дека немаме квалитет и дека влегуваме во период кога и пласман на првенства ќе биде успех, ама ипак, мора малку да очекуваме барем компетитивност, да не делуваме како јуниорскиот тим на Јужна Кореа.....
Па не реков тоа туку "знаевме што да очекуваме"Другар дај не заебавај, како тоа не се очекуваше кога сите беа на готовс до последен момент? Ај и тоа да е ама тоа што нити желба се виде, нити мотивација ако ништо друго да се каже пробавме и неможевме толку ни беа силите.
Со она што ја гледав Египет тешко против нив, очекувам некој од овие момчиња да не бидат повторно повикани туку да се иде со помлада генерација и да се гради за да се надеваме на големи настапи во иднина и да не се чека и одлага со работа.
гледаше ли некој Египет - Чиле ??А тоа е..дека со Чиле ќе се решаваме
А за утакмицава реков, и покрај тоа што немавме огромни очекувања, сепак е лош перформанс што јас лично ќе го заборавам поради "еве пред 2 дена дознаа", тоа сакав да кажам
А секако не се очекуваше 12 разлика пораз без разлика на се
Точно немаме квалитет, потајно можи да се надеваме на "НАШ" ден дека можи да изиграме нешто против некоја посилна репрезентација, али 1 на 10 утакмици.Толкав е квалитетот, тоа е тоа.
Повеќето играчи греат клупа во клубовите, а и реално немаат квалитет за да играат на СП. Единствена полза од играњево е да не испопаѓаме по шеширите за наредни првенства, затоа што со овој квалитет, нема враќање назад. Инаку, не знам каде се пострчаа со овој тим да играат.
Можеби за 4-5 години, ако некој од овие игра во просечен клуб, ама барем игра редовно, ќе имаме некој тим на ниво на Швајцарија можеби. Одбраната мизерија, а тука најголема вина има и тренерот. Почна конфузно, со некоја смешна 5-1 одбрана, со Мишевски како најистурен. Пустиот, претромав, не може да се наведне, заедно со Тале попија едно сто додавања низ нозе. Никакво движење, не можат да фатат играч, да направат фаул. Ниеден фаул не направија во одбрана, никаква агресија, како чуњеви ги летаа. Еееееј, цело прво полувреме, секој напад зицер. Во позициона игра, крилото да ти направи 10 зицери во едно полувреме, ни се чуло, ни се видело. На место на Брестовац си давам оставка и тоа неотповиклива. Типчето нема квалитет за тренер, што побрзо го променат, толку подобро. Во напад ги потепаа пикерите, па не може само до пикер да играш. Ама тоа е реалноста, гледајте ги бековите, никакво движење немаат. Бавни се, ги фаќаат уште на прв чекор. Одма им затвораат влез, им останува само да се бапнат во одбраната на противникот и да вратат назад или да добијат 9 метри и така до бесконечност. Нема финта, нема шут од 9 метри, нема ширење до пикер.
Египет не ни лежи, сите се грамадни, има да не оштрафат како мутер.
Да си ја бараме шансата со Чиле, за малку од малку да се искачиме во поредокот.
лошо ќе биде ако прво играме со Словенија, тие на Кореја 51 гол му дадоа...за да не ги откриеме јаките страни пред да влеземе јако во сите останати мечеви до титула
Sve je to dio procesa mikani moji
Gledav jasгледаше ли некој Египет - Чиле ??