Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Шпанија ги расцвета португалците:tv:
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Голот ми се чини беше од офсајд,но како и да е заслужено одат понатака.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Значи, поглупави од Португалија немам видено, имаш поединци за одличен напад, тој се брани, како италијанец да е тој тренерот, им го пропушти средниот ред и поседот на топката на шпанците, а второ полувреме паднаа и на кондиција португалците.

Нека се убие, како може да игра со Роналдо како единствен шпиц, си Пепе во среден ред.:pop:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Според мене се отвораат картите и во финале ќе играат Бразил - Шпанија.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
ЧИТАЈТЕ

Марадона лета во облаци, нацијата бара титула

Аргентина уште еднаш покажа дека е зрела за големи дострели иако на клупата го има контроверзниот Диего Марадона. Толку озборуван и критикуван меѓутоа факт е дека неговиот начин на тренинг и водење на екипата носи резултати. Победата над Мексико од 3:1 е фантастично достигнување и потврда на квалитетите и напорната работа на сите фудбалери. Целата нација сега е сплотена со фудбалерите и максимално го следат секој нивни меч, а по триумфот над Мексико сметаат дека титулата е веќе на дофат.


По натпреварот двете репрезентации не беа задоволни од судењето на Роберто Росети кој најпрвин призна гол од офсјад на Тевез, а според Марадона Италијанецот воопшто не реагирал на големиот број на прекршоци врз Лионел Меси.

Интересно на прес-конференцијата Марадона доцнеше 20 минути, а потоа се појави со пура во устата каде веднаш бил замолен да ја изгаси.

"Ми се чини Росери не му дозволи на Меси да игра со топка. Беше "истепан" од противничките фудбалери, а судијата се преправаше дека не видел прекршоци. Загрижен сум, бидејќи Меси може да заработи сериозна повреда", изјави Марадона кој победата му ја посвети на повеќекратниот шампион во мотоциклизам Валентино Роси (кој се опоравува од скршеница на ногата), а не им остана должен и на критичарите.

"Збореа дека немам поим околу тренерската работа. Се прашувам за што ќе коментираат сега".

Откако постигна два погодока Карлос Тевез беше изваден во 69 минута, а на негово место влезе Хуан Верон. Напаѓачот беше поздравен од 84.000 гледачи на стадионот, меѓутоа е лут поради потегот на Марадона.

"Ми беше потребен ваков натпревар за да докажам дека сум подготвен. Се борев за секоја топка и не разбирам зошто сум заменет. Признавам дека во тие моменти не освојував многу топки но тоа не го правеа и останатите, а јас бев изваден", заклучи Тевез.

Сепак Марадона ја смири ситуацијата укажувајќи му дека е потребен за следниот натпревар и дека немало потреба да го оптоварува бидејќи мечот бил веќе добиен. За Аргентина следува нов важен дуел, најголемиот од почетокот на Мундијалот бидејќи се среќава со силната Германија. Нацијата и фудбалерите посакуваат продолжување на серијата победи и освојување на трофејот првпат по 1982 година.


Мексиканците бесни на Росети

Што се однесува до медиумите сите го обвинуваат Росети кој целосно ги демотивирал репрезентативците по признатиот погодок. На пример во анкетата на весникот "Ел Норте" за тоа кој бил виновникот за поразот дали судијата, дефанзивецот Осорио (кој згреши при вториот гол на Игуаин) или целиот тим, 56% од читателите го обвиниле Росети, а 32 Осорио додека останатите сметале дека среќата не била на нивна страна.

"Не сакам да зборувам за судењето. Сите јасно видоа што се случуваше на мечот. По првиот гол нашата концепција се распадна, па веднаш потоа беше 2:0 и веќе невозможно за кам-бек. Разочаран сум што го напуштаме првенството но порачувам дека овие млади момци за четири години ќе бидат созреат и ќе бидат "хит" во светот", изјави селекторот на Мексиканците Хавиер Агуире.

За разлика од него одбранбените Маркез и Салсидо ја обвинија лошата среќа.

"Игравме добро, се жртвувавме но очигледно не доволно. Тргнавме со желба за победа меѓутоа среќата ни го сврте грбот. Таа беше на страната на Аргентинците", едногласни беа дефанзивците на Мексико.



Меси изгубил опклада

Најдобриот фудбалер на Светот Лионел Меси се "спречкал" со селекторот Марадона пред дуелот со Мексико, поради тоа што очајно посакувал да постигне погодок. Меси се опкладил со Марадона дека ќе постигне гол, а доколку не го стори тоа ќе го чести ручек. Аргентинскиот напаѓач имаше низа успешни продори но не даде гол и ја изгуби опкладата. Вчера фудбалерот на Барселона ветил дека ќе даде два против следниот противник Германија, а доколку не го стори тоа повторно ќе мора да плати ручек.


ФИФА лута поради снимката од голот на Тевез

ФИФА преку својот потпарол Николас Менот на конференцијата за новинари одби да ги коментира сидуските грешки на натпреварите меѓу Англија и Германија како и Мексико со Аргентина, но затоа му најде замерка на организароторот на вториот натпревар во Јоханесбург бидејќи го пуштил погодокот на Карлос Тевез на успорена снимка на екранот кој се наоѓа на Сокер Сити стадионот.

"Тоа не смееше да се случи. Репризи од шанси може да се емитуваат, но не и контроверзни или спорни ситуации. Во иднина ќе мораме да поработиме на дисциплината за да не се повторуваат вакви моменти. Досега контролата не увиде грешки во прикажувањето на материјалот на стадионските монитори. Во неделата се случи грешка и таа не смее да се повтори", изјави Менот.

Во меѓувреме претседателот на ФИФА Сеп Блатер потврди дека сака да се воведе технологија при спорните фудбалски моменти, но само кога таа помош биде 100% прецизна.

"Ако разговараме за компјутерски чип во топката, тоа би дало одговор на дилемите дали бил погодок или не. Проблемот е тоа што таа технологија која ја развива Адидас со право сакаат да ја користат и останатите производители па би се појавило проблем околу авторските права. Од друга страна радио-бранови кои ги користат тие чипови може да бидат попречувани од различни фактори. За да функционира се како што треба треба целиот терен да се покрие со жици кои би служеле како приемници на тие сигнали што е навистина глупаво. Што се однесува до другата идеја "соколово око" производителите на тој систем ми потврдија дека и седумте камери не би можеле со точност да утврдат каде е топката, во случај да биде опкружена со неколку фудбалери. Кога би имале точен и прецизен систем тогаш би го спровеле на натпреварите", изјави Блатер за Си-Ен-Ен.


КАРЛОС ТЕВЕЗ

Знам дека бев во офсајд

Напаѓачот на Аргентина Карлос Тевез јавно призна дека се наоѓал во офсајд при постигнувањето на голот за водство на својата репрезентација.

"Прво помислив дека Росети го поништи голот, но кога видов како покажува накај центарот почнав да славам. Знам дека бев во офсајд и знам дека бев себичен, но кога судиите велат дека е гол тогаш нема потреба да се расправам", изјави Тевез.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Ова синоќа баш падна на муабет после мечот меѓу Шпанија и Португалија - патот на Германија е ултра хард-кор. Англија-Аргентина-Шпанија-Бразил/Холандија. Премногу е едноставно. Не дека не ги почитувам другиве репрезентации ама да немаш на патот ниту еден Мексико, Уругвај, Парагвај, една Словачка туку се тешакаши е сурово.

Италија првиот сериозен меч го имаше во 1/2 финале со Германија до каде се довлечка со крајни напори преку Австралија и Украина, Бразил 2002 ги имаше Турција и Белгија до финале а Франција 98 Парагвај...

Но тоа е тоа. Не е „германски“ да се плаче и цимоли - што е тука е. Треба и среќа да се има за да се освои едно СП и тоа е факт. Барем ако успее Германија по овој пат, преку овие „тешкаши“, да стане светски шампион барем ќе се знае дека е 100% заслужено и ќе нема простор за расправии...
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
хаха е ова е тренинг, пученка си прават..:)



--- надополнето ---

 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Ова синоќа баш падна на муабет после мечот меѓу Шпанија и Португалија - патот на Германија е ултра хард-кор. Англија-Аргентина-Шпанија-Бразил/Холандија. Премногу е едноставно. Не дека не ги почитувам другиве репрезентации ама да немаш на патот ниту еден Мексико, Уругвај, Парагвај, една Словачка туку се тешакаши е сурово.

Италија првиот сериозен меч го имаше во 1/2 финале со Германија до каде се довлечка со крајни напори преку Австралија и Украина, Бразил 2002 ги имаше Турција и Белгија до финале а Франција 98 Парагвај...

Но тоа е тоа. Не е „германски“ да се плаче и цимоли - што е тука е. Треба и среќа да се има за да се освои едно СП и тоа е факт. Барем ако успее Германија по овој пат, преку овие „тешкаши“, да стане светски шампион барем ќе се знае дека е 100% заслужено и ќе нема простор за расправии...

Во право си :smir: ако Германија ги порази сите кои ќе и се најдат на патот тогаш стварно без дилеми заслужува да биде Светски шампион :)
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Апсурдот на Џабулани
Проблемот со контроверзната фудбалска топка на Светското првенство во Јужна Африка е тоа што таа е премногу совршена за да лета право, заклучија експертите.

Набргу откако беше официјално претставена, топката на Адидас наречена Џабулани, стана мета на голем број критики. Шпанскиот голман Икер Касиљас ја нарече “скапана”, чуварот на голот на Италија, Џанлуиџи Буфон ја оцени како непредвидлива а Бразилецот Хулио Цезар изјави дека ќе беше подобро ако играа со топка купена од супермаркет.

“Делумен проблем можеби се внатрешните шевови, кои и даваат совршена округла форма. Времето на контактот со ногата е намалено а како последица на тоа, таа практично не се врти. Освен тоа, има пократка и непредвидлива траекторија”, објаснува Ерик Бертон, заменик директор на Институтот за наука на движењето во Марсеј.

Кај другите спортови, како тенисот, голфот и бејзболот, топките намерно се прават со одредени неправилности, за да имаат стабилна и контролирана траекторија. Надворешните шевови се тие кои прават тениското топче да се врти. Поради нејзината текстура, Џабулани не се однесува така.

Тестовите на Казуја Сео од универзитетот во Тсукуба, исто така покажале дека машински направената мундијалска топка е блиску до совршена сфера и има тенденција да го забавува движењето на среде лет.

И покрај бројните критики, Адидас го брани својот производ и тврди дека топката не само што ги исполнува строгите правила на ФИФА за тежина, големинаа и отскок, туку оди и далеку над нив.


+
+
+
+

ЈОАКИМ ЛЕВ РЕЦИКЛАЖА

http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=2DAECFB035D5B2479EFF6F25DC883A18
 

Kajgana Shop

На врв Bottom