Парагвај - Јапонија
Вести:
Тренерот на Jaпонija Такеши Окада објави дека ќе игра со истиот состав како во првите три натпревари и нема да направи никакви промени против Парагвај. Танака вели дека е подготвен за игра, откако доби лесна повреда против Данска.
Халфот на Парагвај Виктор Касерес е казнет, па Карлос Бонет најверојатно ќе го замени. Анатолиј Алкарас, кој го пропушти ремито со Нов Зеланд поради лесна повреда, продолжи со тренинг во саботата па ќе може да игра.
На еден картон од казна: Вера, Санта Круз (Парагвај) Абе, Ендо, Нагатомо (Јапонија)
Состави
Парагвај (4-3-3, можеби)
Вијар - Каниса, Хулио Цезар, Да Силва, Морел - Риверос, Бонет, Вера - Санта Круз, Кардосо, Валдез
Јапонија (4-1-4-1)
Кавашима - Комано, Наказава, Тулио Танака, Нагатомо - Абе - Мацуи, Хасебе, Ендо, Окубо - Хонда
Инфо
Ниту еден азиски тим не победил тим од Јужна Америка на светско првенство. Од 12 судири, Јужна Америка има 10 победи, а два натпревари се завршени нерешено - КНДР - Чиле 1-1 во 1966 година и Јужна Кореја - Боливија 0-0 во 1994 година.
Формата на Јапонија во групата претпоставува дека оваа негативна серија може да заврши денеска. Тимот на Такеши Окада е еден од најдобрите на турнирот досега и импресионира со своите вештини да напаѓа. Кејсуке Хонда е една од ѕвездите на првенството и талисман на својот тим - Јапонија победи на сите 6 натпревари, кога тој постигна гол.
Предизвикот за Јапонија ќе биде како да го скрши Парагвај, кој прими само еден гол во Јужна Африка, а кај 12 од последните 13 победи ја задржал мрежата сува. Гуараните играа на осминафиналето на три од последните четири првенства и слично на Јапонија имаат златна можност да стигнат до Четвртфиналниот натпревар за првпат.
Тимот на Герардо Мартино заврши на првото место во групата
Факти
Еден против друг
Двата тима одиграа 6 пати еден против друг. Парагвај победи два пати, Јапонија еднаш, а три од натпреварите се завршиле нерешено.
Парагвај
- Парагвај е непобеден во 4 последователни натпревари на светско првенство откако загуби од Шведска со 0-1 во 2006 година. Само
еднаш тимот регистрирал пет натпревари без пораз (помеѓу 1958 и 1986 година)
- Парагвај ги изгубил и трите натпревари во вториот круг на светските првенства досега, пришто не дал ниту гол.
- Тимот никогаш не освои повеќе од 1 натпревар на светско првенство досега.
- Денис Каниса се надева дека ќе го одигра денес натпреварот број 100 во националниот тим,
Јапонија
- Јапонија никогаш не играла во четвртфиналето. Претходно учество на осминафиналето беше во домаќинството на Мундиал 2002 и заврши со пораз 0-1 од Турција.
- Јапонија ги изгубила и двата натпревари против јужноамериканци на светско првенство - 1-4 од Бразил во 2006 година и 0-1 од Аргентина во 1998 година
- Јапонија победи на шесте натпревари во кои Кеисуке Хонда даде гол, како и 11-те натпревари во кои Шинџи Оказаки се запиша како стрелец.
- По двата погодоци досега Хонда има потреба од уште едно за да го собори јапонскиот рекорд за најмногу голови на едно светско првенство.
Судии
Главен: Франк де Блекере (Белгија)
Странични: Петер Херманс, Волтер Вроманс (Белгија)
Анализа на пазарот
Јапонија видливо доминира во стравувањата на букмејкерите за денешниот натпревар, само за кратко се беше «израмнила» со Парагвај. Т.е. иако е аутсајдер, букмејкерите сметаат дека ризикот е на Јапонија. Ова најверојатно е резултат од азискиот пазар, каде што имаме претпазливост кон Јапонија +0.25 и Јапонија 0.
Препорачани Влоговите
Сосема ја гледам логиката на букмејкерите за тоа да ја «претпочитаат» Јапонија, но не се согласувам дека е ризичен влогот на Парагвај. Иако е тешко да се анализираат два тима од различни групи, Јапонија покажа многу добра игра и идеи во нападот, додека Парагвај ќе се мачи токму таму. Разликата во коефициентот доаѓа од јужноамерикански традиција против азијатите и тоа што по претпоставка Парагвај се смета за поголем тим.
И така:
Парагвај да победи (2.20) - 5 единици
Лукас Бариос да даде гол (3.00) - 4 единици
4 корнери на полувреме (5.00) - 3 единици