Наше секојдневие.....на прагот сме од туристичката сезона а...
Свети Наум целосно запуштен
Наместо прв во агендата за промоција на македонскиот туризам, елитниот туристички комплекс Свети Наум е комплетно заборавен од државата.
Сликата од овде е повеќе од поразителна. Во Свети Наум има се освен вистински и квалитетен туристички производ. Според експертите проблем е немањето на стратегија. Велат дека манастирскиот комплекс може да носи пари, а тоа да не е на сметка на уништувањето на околината. Поголемиот дел од просторот е целосно запуштен бидејќи не се знае сопственикот на земјиштето. Плажите немаат концесионер, а многу малку се води сметка и за хигиената.
Од Националниот парк Галичица повикуваат владата итно да им ги врати неколкуте парцели кои во 2006 година и биле одземени и му биле доделени на користење на приватно лице. Во меѓувреме изработиле и проект во форма на три димензионална анимација со која точно е утврдено како во иднина треба да изгледа Свети Наум.
„Како Управен одбор зедовме задача да се урбанизира бидејќи тоа го заслужува, а не да го гледаме во ваква состојба. Изработена е комјутерска анимација, но не можеме да го реализираме бидејќи не стопанисуваме. Треба да се урбанизира и да се уреди како што заслужува, чекаме од владата да ни го врати во наша надлежност. Има приватна фирма која наплаќа за паркинг, има педесет тезги кои се хаотично разместени, уредувањето околу изворите е на најниско ниво“ вели Ванчо Костовски од НП Галичица.
Во Свети Наум секојдневно доаѓаат многу туристи, пред се странци. Ни забележуваат на нечистотијата, но велат дека тоа толку многу и не им смета бидејќи овде има навистина што да видат.
„Многу е гадно, но верувам дека наскоро ќе се среди. Се гледа дека се работи нешто. Она што мене ми смета е сега кога се возевме со чамец по изворите видов како луѓе фрлаат пластични чаши во водата“ вели гостинка од Србија.
„Се гледа дека се вложува многу и дека се работи на подобрување на состојбата.Се надевам дека за некоја година ке биде подобро“ одговара хрватски турист.
„Албанската граница ви е блиску, слушнавме од водичот дека од ваша страна се вложува многу а дека албанската страна не е толку заинтересирана бидејки нивниот интерес повеке е насочен којн морскиот брег“ рече друга гостинка.
„Ова место е многу интересно. Балканот и Македонија имаат многу позната култура и историја за која ние знаеме, но прв пат сме овде и се надевам дека ќе се вратиме пак“ рече посетител од Полска.
Сепак не е се така црно, неколкуте угостителски објекти и просторот околу нив се вистински рај за уживање. Манастирот и неговата околина се целосно уредени. Од таму со голо око се гледа караулата и државната граница со Албанија. Мирот и тишината единствено го нарушува звукот кој доаѓа од неколкуте пауни кои се вистинска атракција за посетителите.
http://www.time.mk/story_425cb95dd3_article_a4d609b419.html