TheTrooper
Психијатриски случај
- Член од
- 27 април 2009
- Мислења
- 6.823
- Поени од реакции
- 6.346
Еве ти пример цел клас е катастрофа (со неколку исклучоци што реално и се случува ) и сите имаат 2-3 заслужени низ цела година.И на крајот најголем дел од нив кампњски си набубаат и си добијат 4-5 на екстерното.....браво за пофалба било запнале една недела и се искупиле за цела година што книга не фатиле и браво му ебаа матер на професорот му ја ебаа цела плата.Ама битно они си запнале таа недела да учат.Не е така црно бело туку мора да се погледнат повеќе аспекти. Јасно е дека кај поединечни ученици може да има разлика помеѓу редовните оценки и тие на екстерно испитувајне. Тоа е и нормално пошто и слабиот може да научи а и добриот може да утне дента. Но, не треба толку прецизно да гледаме на тоа туку да се земе предвид цел клас на пример. Ако биле реални оценките од професорот/професорката, тогаш и на испитувајнето ќе има слични - не исти - резултати. Добрите во глобала би требало да се пак меѓу подобрите и обратно, нормално со исклучоците. Но ако имаш пола клас кој има све петки а на екстерните испити поќето од нив имаат 2ка или 3ка, тогаш тука нешто не е како што треба. Проблемот не е во тоа дали некој слаб ученик добил 5ка во екстерно, тоа е за пофалба оти се запнал, туку тие што се све со петки а на екстерно многу послаби, тиа се проблемот оти се јавува сомнеж дека досегашните оценки не се реално дадени. Јасно и други работи влагаат во оценката но испитите мислам имаат најголем удел. И тука поред мене лежи и најголемиот проблем во образованието, оценките често пати не се даваат реално односно добрите оценки се даваат инфлационарно и во доста случаеви незаслужено. Со екстерните испити на некој начин се отежнува ова, иако пак има начини да се манипулира нели. Македонските матуранти и поламатуранти имаат највисок просек во цел свет (претерано кажано) а екстерните тестови кажуваат нешто сосема друго. Квалитет, труд и знаејне треба да се цени и награди. Неправедно е некој што не учи и нема појма но има врски, да биде исто оценуван како тој што со труд и знаејне ама без врски си ја заслужил 5ката. Екстрените тестови не треба да се демонизираат оти тоа што се прашува во нив е од материал, кој учениците веќе го поминаа на школо.
Крајната оцена е резултат на работата во цела година колку си бил активен,колку си носел проекти кој ќе ти донесат некое поенче кај професорот да ти стави горна оцена кога си измеѓу,колку си бил спремен на тесотовите и испрашувањата низ цела година.И ти сега цел тој труд на професорот некој да оцени го фрлаш во вода иако низ цела година било објективно само затоа што малиот запнал таа недела 100 страни да ги прочита бар еднаш (пошто тестовите се прилично лесни).
Што ќе им се професорите на крај за оценување тогаш ? Нека има на крај годишни тестови за сите и од таму оцени да се вадат.Нека предваат само професорите и нека ги спремаат учениците за крајниот тест и чао пријатно.
--- надополнето: 21 мај 2013 во 01:28 ---
Прв болд - и тие можат да запнат една недела на крај.Можеш комотно да си го ладиш цела година и со врски да си 5,00 ученик и на крај на тој еден предмет што те оценуваат (кој е најавен дека ќе се случува) ќе се спремаш цела недела и ќе си пројдеш ко ништо да не било.Екстерниве се само контрола на оценките кои се ставени и горе-доле пак ќе испаднат скоро исти освен поклонетите, инаку на предходниве страни некој спомна оценкава се добивала од повеќе активности во текот на годината.. нека ми извини ама активностите кај нас во текот на годината се врски, лижење кај професорите од кремчињата кои седат во први клупи и климаат со глава на секој збор на професорката евентуално дури и да кодошат. Кај мене во гласот имаше ученик што не заслужуваше ни двојка да има англиски а имаше 5ка цело време поради тоа лижење, абе незнаеше една најобична реченица да прочита правилно како што треба и истиот на крај дури и падна на матурата (една двојка неможеше) а важно имаше 5 сите 4 години..
Само 1 година бев одличен во средно, 3 бев со четворка па на крај на матурата имав еден од најдобрите резултати во класот, ниту сум препишувал ниту ништо ама како што реков ниту се лижев на професори дури и често им се инатев на комунистички професори што безвеза се иживуваа за глупости врз учениците, често се случуваше со уште 2-3 како мене поради такви глупости од професорите и демонстративно да ја напуштиме училницата и нормално бевме трн во око и тешко ни става оценки..
Тестовите со прашањата се носат запечатени во училиштата и дури на полагањето се отвараат, не е баш така лесно да ги дознаат верувај..
Втор болд - се заебаваш така ? За професорите сега за сега прашањата не ги имаат колку што знам,но чим пола Македонија ги знаеше прашањата од матура или темите по македонски зашто не би и на екстерново ?