Сајбер протест против "ЕКСТЕРНИТЕ ТЕСТИРАЊА"

Дали се согласувате да има екстерни тестирања?

  • Да

    Гласови: 84 49,7%
  • Не

    Гласови: 85 50,3%

  • Вкупно гласачи
    169
Член од
13 јули 2009
Мислења
534
Поени од реакции
243
На мрзеливи мочковци кои неможат да одвојат барем една недела пред екстерните испитувања да фатат убаво книга и да научат им смета овој начин на полагање. Па уште ги гледам на вести се засекирале за професорите хахаха. Сум за екстерине испитувања и бев на истите и сум задоволен од начинот на кој беа спроведени. Бидејќи не бев еден од омилените на професорката по англиски да добијам 5-ка а тие уште не знаеа дали е I am или I is и затоа трпев 2 години, на екстерните и залепив една 5-ка. Не што ми беше до 5-ка во сведителства(иначе бев со многу добар просек) туку да и покажам дека грешела на кого давала 5-ки а на кого не. А тие што имаа 5-ки по англиски тие се треасеа за полагање бидејќи немаат поим а нели треба да се напишат два состави на англиски, па после се радуваа на 2-ки и 3-ки.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
Тек покасно сфатив,но во основно и средно и тие се боза....
На секој му е тешко тоа што му е одбивно,но кога гледам назад сега - средно,а поготово основно биле пичкин дим.:D
да ама од сегашна преспектива :D сакам да кажам нема да се осетат разликите кај одличните и слабите ученици толку многу,бидејки и едните и другите знаат кампањски да учат исто...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.748
Поени од реакции
13.965
А што значи тоа поточно ,,Не сакате да има екстерни‘‘ тоа ми личи кукавички, тато-мамо ми пиша единица професорот, барај пријатели да ми ја попрај, шлап во кафана, ручек-вечера и до 4 година гајле да си немаш за со тој професор, по се што изгледа со тој кукавички однос на учениците црно му се пишува на земјава, нема да има никаков учен кадар, сето од труп до труп.
Ако сте сигурни во себе, ако знаете, тогаш не би ви било никаков проблем да решите уште еден тест, кој мислам дека нема да влиае на отценката, туку ке влиае на професорот совет(доколку ве мрази некој професор, седнете научете салам, ке дојде екстерното, ке извадите 4-5, и ке го испратите професорот........)

Насловот ти е утнат скрос, ако мислиш на интернет протест, отвори една група-страна на фејзбук пиши-протест против екстерното, друго би било.
Болдираниот дел:
Оценката од екстерното ти влегува во сведителство и влијае на твојот успех. Поточно оцената од екстерното > на професорот.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
На мрзеливи мочковци кои неможат да одвојат барем една недела пред екстерните испитувања да фатат убаво книга и да научат им смета овој начин на полагање. Па уште ги гледам на вести се засекирале за професорите хахаха. Сум за екстерине испитувања и бев на истите и сум задоволен од начинот на кој беа спроведени. Бидејќи не бев еден од омилените на професорката по англиски да добијам 5-ка а тие уште не знаеа дали е I am или I is и затоа трпев 2 години, на екстерните и залепив една 5-ка. Не што ми беше до 5-ка во сведителства(иначе бев со многу добар просек) туку да и покажам дека грешела на кого давала 5-ки а на кого не. А тие што имаа 5-ки по англиски тие се треасеа за полагање бидејќи немаат поим а нели треба да се напишат два состави на англиски, па после се радуваа на 2-ки и 3-ки.
И колку било релевантно оценувањето на професорот цела година ако ти си фатили и за една недела си набубал за 5ка,а претходно си бил труп што не бил за повеќе од тројка ??
Кој кур им се онда професорите ? Дај да направиме оценувања на крај стандардизирани за сите, професорите само нека предаваат и чао пријатно. Вакво екстерно е чист дебилизам,нема никаква награда за редновност,за домашни,за активности,за примерност се е тоа небитно - битно е колку ќе успееш да набубаш една недела пред тестот :facepalm:

На крајот од краиштата ги оценуваат професорите за еден-два класа......од инат ако сака на сите останати што им предава,а не ги оценуваат може да им стави 5ки.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Тоа е за матурата,екстерното е скроз друго.
Е добро де. Тие ако преку цела година не учеле ништо не можат да очекуваат магично на екстерниот да извадат добра оцена. А и нели повеќе е на штета на професорите? Ама затоа кажав, тој што си учел или не учел, исто му доаѓа, ако знаеш - не можеш да се збркаш на тест на заокружување каде веќе имаш понудени одговори како опција. Значи полесно и од матура тестот. И сега многу јасно дека тие со поклонети оцени ќе се бунат, не им одговара тоа.
Ги заплашуваат децата само, знам, ама се' е во нивна корист, барем од средно да се здобијат со некои познавања од општа култура.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А види што направија, ставија закон да и шуто и рогато се запише задолжително во средно, забранија бркање од часови, забранија паѓање година ако веза нема, ама сега ќе ги пердашат професориве со казни :icon_lol:

Ај овие децава што се на форумов ајде, ама чудно ми е вие што сте завршени веќе средно па и факултет некои, не сфаќате дека не е тоа коренот на проблемите во образованието.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Е добро де. Тие ако преку цела година не учеле ништо не можат да очекуваат магично на екстерниот да извадат добра оцена. А и нели повеќе е на штета на професорите? Ама затоа кажав, тој што си учел или не учел, исто му доаѓа, ако знаеш - не можеш да се збркаш на тест на заокружување каде веќе имаш понудени одговори како опција. Значи полесно и од матура тестот. И сега многу јасно дека тие со поклонети оцени ќе се бунат, не им одговара тоа.
Ги заплашуваат децата само, знам, ама се' е во нивна корист, барем од средно да се здобијат со некоја општа култура.
Матурата не е исто со екстерното.Со екстерното наводно треба да се потврди оцената колку била реална, што со еден тест кој по правило е прилично лесен и за 40 минути не можеш.
На матура учиш материјал за 4 години за да добиеш бодови за упис на факутлтет и за конечна оцена од целото средно.Нит професорот некој го оценува,ниту ти ги доведува некој во прашање претходните оцени.

Тестовите се толку лесни,а и материјалите што за една недела верувај се учи сето тоа....
Не е тестот страшен туку тотално е промашена неговата цел.
 
Член од
11 септември 2009
Мислења
323
Поени од реакции
55
Неможе да се споредува оценката на некој што те прати цела учебна година, го прати твоето знаење и активност со некој кој те знае 60 минути. Целиов проект екстерно тестирање е врз база на некој амерички систем, само што кај нас тој систем а и воопшто образованието ни е полош од системите во земјите од третиот свет. А и пред се според мене ова не е за да се види точноста во оценувањето туку начин како да се удри по џебот на професорите бидејќи буџетот наместо на поквалитетно образование и отварање работа се троши на споменици и гаражи.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Абе двојкашите немаат мака за ова, сеедно им е, и да напишат за 1 пак на крајот ќе имаат 2ка, ама на одличните воа им е ноќна мора. Али лесни се прашањата со заокружување се скоро сите, ќе рокате квиз на знаење. :icon_lol: Екстерните 5 години по ред никако да дојдат во ред, мислам дека нема ни годинава да се доведат.
 
O

Orion.

Гостин
Ќе запре ли теророт врз наставниците и учениците!? Родителите загрижени за нивните деца кои мораат да учат по сите предмети, а и дополнително да научат цели два учебници!! Каде се сите презентации, натпревари, проекти и други активности кои придонесуваат за оцената!? Зарем само еден тест ќе докаже колку ученикот работел во текот на целата година!? Гласајте и објаснете го вашето мислење.
:LOL:

Две книги од по 100 страни не сте способни да научите...

Новиве генерации кои чипичани се чоече :pos:
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
И колку било релевантно оценувањето на професорот цела година ако ти си фатили и за една недела си набубал за 5ка,а претходно си бил труп што не бил за повеќе од тројка ??
Кој кур им се онда професорите ? Дај да направиме оценувања на крај стандардизирани за сите, професорите само нека предаваат и чао пријатно. Вакво екстерно е чист дебилизам,нема никаква награда за редновност,за домашни,за активности,за примерност се е тоа небитно - битно е колку ќе успееш да набубаш една недела пред тестот :facepalm:

На крајот од краиштата ги оценуваат професорите за еден-два класа......од инат ако сака на сите останати што им предава,а не ги оценуваат може да им стави 5ки.
Не е така црно бело туку мора да се погледнат повеќе аспекти. Јасно е дека кај поединечни ученици може да има разлика помеѓу редовните оценки и тие на екстерно испитувајне. Тоа е и нормално пошто и слабиот може да научи а и добриот може да утне дента. Но, не треба толку прецизно да гледаме на тоа туку да се земе предвид цел клас на пример. Ако биле реални оценките од професорот/професорката, тогаш и на испитувајнето ќе има слични - не исти - резултати. Добрите во глобала би требало да се пак меѓу подобрите и обратно, нормално со исклучоците. Но ако имаш пола клас кој има све петки а на екстерните испити поќето од нив имаат 2ка или 3ка, тогаш тука нешто не е како што треба. Проблемот не е во тоа дали некој слаб ученик добил 5ка во екстерно, тоа е за пофалба оти се запнал, туку тие што се све со петки а на екстерно многу послаби, тиа се проблемот оти се јавува сомнеж дека досегашните оценки не се реално дадени. Јасно и други работи влагаат во оценката но испитите мислам имаат најголем удел. И тука поред мене лежи и најголемиот проблем во образованието, оценките често пати не се даваат реално односно добрите оценки се даваат инфлационарно и во доста случаеви незаслужено. Со екстерните испити на некој начин се отежнува ова, иако пак има начини да се манипулира нели. Македонските матуранти и поламатуранти имаат највисок просек во цел свет (претерано кажано) а екстерните тестови кажуваат нешто сосема друго. Квалитет, труд и знаејне треба да се цени и награди. Неправедно е некој што не учи и нема појма но има врски, да биде исто оценуван како тој што со труд и знаејне ама без врски си ја заслужил 5ката. Екстрените тестови не треба да се демонизираат оти тоа што се прашува во нив е од материал, кој учениците веќе го поминаа на школо.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Да се произјасни Коњаникот Сабја (екс СаJбер Рајдер) на темава! Пошто кога го видов почетокот на насловов на тоа ми асоцираше. :icon_lol:
 
Член од
11 септември 2009
Мислења
323
Поени од реакции
55
:LOL:

Две книги од по 100 страни не сте способни да научите...

Новиве генерации кои чипичани се чоече :pos:
Очигледно во брзо време не си ги видел книгите за средно. Во денешната реформирана гимназија не постои учебник кој е помал од 150 страни. А во меѓувреме има најмалку по 14 предмети во учебната година. Америка како индустриски и економски развиена земја има 10 пати подобар и полесен образовен систем со максимум 10 предмети годишно на кои се посветува доволно внимание и не се учи се што на авторот му паднало на памет да напише, додека кај нас се можно што постои се изучува, за утре со америчката диплома ти се отворени вратите за работа, а со нашата можеш во маркет да работиш (преку врски да влезеш). И може до утре да зборите дека образованието е супер затоа што сте завршиле поодамна, ама денешната состојба е катастрофална а и генерациите што излегуваме се уште покатастрофални, и не, не е до капацитетот на средношколците туку до начинот на работа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Да се произјасни Коњаникот Сабја (екс СаJбер Рајдер) на темава! :icon_lol:
Абе јас и ти сме телепатски поврзани, само што сакав да пишам дека ме штрецнаа кога видов нова тема Сајбер бла бла, си реков ми посветиле некоја тролерска тема :icon_mrgr:

Немам мислење, ама од нивното полагање ќе имам некаков ќар така да немам ништо против :icon_mrgr:
 
А

Атомската мравка

Гостин
Екстерниве се само контрола на оценките кои се ставени и горе-доле пак ќе испаднат скоро исти освен поклонетите, инаку на предходниве страни некој спомна оценкава се добивала од повеќе активности во текот на годината.. нека ми извини ама активностите кај нас во текот на годината се врски, лижење кај професорите од кремчињата кои седат во први клупи и климаат со глава на секој збор на професорката евентуално дури и да кодошат. Кај мене во гласот имаше ученик што не заслужуваше ни двојка да има англиски а имаше 5ка цело време поради тоа лижење, абе незнаеше една најобична реченица да прочита правилно како што треба и истиот на крај дури и падна на матурата (една двојка неможеше) а важно имаше 5 сите 4 години..

Само 1 година бев одличен во средно, 3 бев со четворка па на крај на матурата имав еден од најдобрите резултати во класот, ниту сум препишувал ниту ништо ама како што реков ниту се лижев на професори дури и често им се инатев на комунистички професори што безвеза се иживуваа за глупости врз учениците, често се случуваше со уште 2-3 како мене поради такви глупости од професорите и демонстративно да ја напуштиме училницата и нормално бевме трн во око и тешко ни става оценки.. :D

Kaко да не бе. Уште во моментов знаат што ќе се падне. Заебете. Против сум и за матурата и за екстерните тестирања иако знам дека средношколциве како што иде времево се се понеписмени.
Тестовите со прашањата се носат запечатени во училиштата и дури на полагањето се отвараат, не е баш така лесно да ги дознаат верувај..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom