Сајбер протест против "ЕКСТЕРНИТЕ ТЕСТИРАЊА"

Дали се согласувате да има екстерни тестирања?

  • Да

    Гласови: 84 49,7%
  • Не

    Гласови: 85 50,3%

  • Вкупно гласачи
    169

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Ќе запре ли теророт врз наставниците и учениците!? Родителите загрижени за нивните деца кои мораат да учат по сите предмети, а и дополнително да научат цели два учебници!! Каде се сите презентации, натпревари, проекти и други активности кои придонесуваат за оцената!? Зарем само еден тест ќе докаже колку ученикот работел во текот на целата година!? Гласајте и објаснете го вашето мислење.
 
А

Атомската мравка

Гостин
За матура полагаш за сите четири години наеднаш а тука се буните зошто ве терале да полагате екстерни по 2 предмети и тоа за една година, баш ова ви е одлична подготовка за матурата плус најбитно тестот е со заокружување (полесно здравје) и ова повеќе треба да ги плаши професорите кои ставаат 5ки на одредени ученици и ги форсираат (врски) а реалноста е дека не заслужуваат дел од тие ученици ни 3ка.. е сега ако има екстерни не верувам дека ќе поклонуваат така лесно оценки кога знаат дека ако има преголеми остапки од оценките што ги ставале може да им лупнат казна и да зимаат намалена плата со месеци.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не сум во тек околу екстерново ама ми фати око ова сајбер протест. Што ќе постигнете со ваков протест не ми е јасно... И во школо сајбер да не идете.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Сите матуранти се јачаат на протести откоа се појави екстерново и на крај сите си полагаат ко попчиња.
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
Зошто па да нема екстерни тестирања јас ги подржувам и давам едно големо ЗА за екстерните тестирања, бидејќи знам какви ученици имале 5 а не знаат ни за 2 ама што да се праве овој му бил татко оној чичо и ајде 5 нема проблем. Вака и професорите се принудени да стават пореални оценки, а за тој што си знае нема проблем дали ќе има екстерни или ќе нема тој пак ќе си има заслужена петка. На пример ти да учиш цел ден за петка,а некој директорот му бил тетин или што и да е и на него му стават петка иако не знае ни за двојка зарем нема да се разочараш што никој не ти го цени твоето знаење?
Инаку уште едно прашање за каков терор зборуваш? Да не почнаа да праќаат војници низ школите за да ги малтретираат наставниците и учениците?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ќе запре ли теророт врз наставниците и учениците!? Родителите загрижени за нивните деца кои мораат да учат по сите предмети, а и дополнително да научат цели два учебници!! Каде се сите презентации, натпревари, проекти и други активности кои придонесуваат за оцената!? Зарем само еден тест ќе докаже колку ученикот работел во текот на целата година!? Гласајте и објаснете го вашето мислење.
Не ќе беше лошо прво да објасниш како стојат работите.
Ако е вистина како што вели дечкото во коментарот т.е само два предмети се полагаат и плус на заокружување не ја гледам поентата за бојкот.

Матурата во глобала ако си имал четири години добри оценки(не подарени, туку заслужени) е боза.
Можеш тројка до четворка без учење да извадиш.
Едино имам слушнато математика било малку потешко.

Екстерниве претпоставувам ќе бидат на ист начин склопени така да не гледам зошто се плашите до толку.

Ако не се лажам оценката може да ти ја сменат само ако се разликува за две од она што си го добил т.е ако имаш 5-ка, а добиеш 3-ка крајна оценка ти е 4-ка.(Барем така мислам дека беше)

Ова може да се каже е поопасно за професорите отколку за учениците.

П.С Ако имам погрешни информации корегирајте ме.
 
Член од
12 јуни 2010
Мислења
200
Поени од реакции
61
Можеби не се баш најдобар начин за оценување овие екстерни тестови, но вакво нешто мора да има за барем малку од малку да се стае ред со оцените, а не како што е спомнато во погорните мислења на овај татко му/чичо му..... бил директор или што ти јас знам и ајде петка, а цела година книга не фатил, додека некој нонстоп уче и се труде за да добие добра оцена. Оваа година мислам дека нема да биде нешто којзнае што тестирањето, пошто кај нас на 95% едниот од предметот е пракса, за којшто нема да има тест туку интерно, ке се приложуват "докази" за добиените оцени, најмалку 15 докази така нешто.
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
И во времето на вашите Баби и постоело тоа: Овој му е чичко, тетин, зет за сестра и тако даље... Се радувам што не сум еден од нив но на денешницава верувајте ми никој ама баш никој од учениците не учи за знаење туку за оцена. Потоа сето тоа е заборавено за 2 часа. Мислите ли дека нешто влегува во глава!? Како да не, само колку петка да се стави, после 2 недели ни зборче не е останато во меморијата ... ;)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ко демек, тие што се со врски, екстерново ќе ги исфрилтрира :pos:

Kaко да не бе. Уште во моментов знаат што ќе се падне. Заебете. Против сум и за матурата и за екстерните тестирања иако знам дека средношколциве како што иде времево се се понеписмени.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Не се согласувам да има екстерни тестирања.
Наставникот го прати ученикот го текот на целата година (9 месеци), на крајната оценка влијаат повеќе фактори, редовноста на ученикот, активноста, домашните задачи и сл. И сега оценката која ја дал наставникот не е релевантна, а сега некој ќе дојде и за 40 мин тестирање ќе даде релевантна оценка и правилно ќе го оцени ученикот.
Постојат ученици кои имаат потешкотии во писменото изразување, ама затоа на усно испитување можат да се изразат поубаво.
Целава оваа ‘‘ машинерија‘‘ наречена ‘‘ екстерно тестирање‘‘ е само 1 пералница на пари, во која се вклучени одредени луѓе, кои треба да си ги покријат лапнатите пари на некој начин.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
ехеее, за двојка една лекција да кажеш, пардон реков ли да "кажеш" ?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Cyber протест? Демек професориве ќе прочитаат и совеста ќе им се врати. Демек институциите нема да знаат како да реагираат на овакво „остро“ движење.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
добро е што екстерно тестирање не го "фати" нашата генерација, а и општо мој клас. За 2-јка ти треба да кажеш 2-3 реченици и што не си пишувал цела година и што не си активен на наставата и на крај резервирано ДВОЈЧЕ. И после како да не се нервираш ?
Мораш да им позајмуваш да препишат, "дај ми тетратку да ву покажу" и ткн.
За инат нека има тестирање, ќе ми биде мило за драго да им го видам изразот на лицето иако знам дека ние нема да имаме тестирање и при крај сме со настава и треба да започнемо со дополнителни часови за ОНИЕ кои САКААТ да одат на тие часови и да се спремиме максимално.
 
П

Пепси_

Гостин
Ко демек, тие што се со врски, екстерново ќе ги исфрилтрира :pos:

Kaко да не бе. Уште во моментов знаат што ќе се падне. Заебете. Против сум и за матурата и за екстерните тестирања иако знам дека средношколциве како што иде времево се се понеписмени.
Па тоа е за тоа усвари,универзални (и заглупавени) суштества да произведат. Утре од ѓевречар до доктор може да биде.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
ај бе не се глупирајте не се мавајте од земја.... ја бев прва генерација што полагаа матура и што имаа екстерно тестирање - тоа беше пред 5 6 години некаде - прво бев и ја против полагањето и идев и на протести ама после ги отворив очите и видов дека сум бил будала - масовни протести на кои оние со 5ки ги полнеа кафичите а ние послабите протестиравме ко ненормални.... - тестот е пола и повеќе на заокружување имате мал дел со дополнување на реченици (дефиниции) и некој мал дел со пишување на состави есеи и слично... како може да заборавите нешто ако воопшто го имате научено? - учите само за да добиете оценка или за да научите? - го слушам овој на клипов вика како може да ги оценуваат за нешто што го учепе пред 9 месеа - епа така бе брат ако си го научил тоа нема никогаш да го заборавиш - ова тестирање највеќе во корист им оди на послабите ученици затоа што има мнооогу деца кои ке се покажат во првите 2 3 месеца и после редат петки на стара слава, имам видено и такви кои што им се поклонети петките а не заслужуваат ни единица! - имам видено вакви ученици кроз сите 4 години што сум учел. иако бев слаб ученик сите 4 години ( не дека неможев да учам туку несакав и ме мрзеше ) - само тоа што ме интересирало сум го учел на другото не сум обраќал току внимание. тестовите се толку лесни што некој од основно да дојде ке ги реши!

баш памтам кога имавме ние тестирање во еден дел од тестот имаше ваков дел.
цитирам -

ДРОГАТА Е ТОА ТОА ТОА ТОА.... дрн дрн дрн

НАРКОМАНИЈАТА Е ТОА ТОА ТОА ТОА... тоа тоа тоа

ЗАВИСНОСТА Е ТОА ТОА ТОА ТОА......

и после следат прашања

ШТО Е ДРОГАТА? - второ прашање ШТО Е ЗАВНИСНОСТА..... два пасуса болдирани треба само да се препишат и ништо повеќе! - тоа неможете да го направите? ако тоа неможете не кажувајте дека сте учеле средно барем!

незнаете да пишете 2 3 збора за македонска крвава свадба? есеј незнаете да напишете за сердарот? или првпат слушате сега за горски венец? - ова се најосновни работи што треба да ги знаете - сериозно ако не сте учеле седнете прочитајте си барем нешто знајте затоа што тоа е сепак за вас!

утре ке дојде ден кога ке треба да работите и да покажете што се научиле од средно или од факултет - акло учите само колку за да поминете тешко ке се справите понатака со работа....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom