темата е добра и гласи САМО ЗА ВЕГЕТЕРИЈАНЦИ!!! не знам зошто убаво на ја прочитате и давате коментари одпосле...
моментално целосно се преструктуирам во вегетеријанец,па потребни ми се совети,но не како рецепти побогати со млечни производи одколку со овошје и зеленчук!!!
ја следев дискусијата и некои од вегетеријанците спомнуваат дека не користат мед,медот спаѓа во животинска храна??!! нели е преработка од билка??? не сум баш информиран,одлучете се еднаш,зошто мислам дека медот е еден од најздравите продукти,барем по мене(не мислам на главно јадење,туку како на неопходен продукт)
други пак спомнуваат рецепти богати со сирење и кашкавал....??? ако веќе не јадиш месо од животни кои се хранети со незнам какви вештачки хормони и витамини,зошто би се хранел со нивното млеко??? па тоа млеко е за едно теле да направи крава или вол,а не за човек бре!!! + една крава пред 100 години давала 100 литра млеко в годината што е далеку помалку од најдобрата молзна крава на денешницата-7500 литра млеко годишно!!! имам голем сомнеж во млекото и млечните производи-продукт на млечната индустрија,главно ЗАГРИЖЕНА за профитот а не баш за здравјето на луѓето
вегетеријанците јадат претежно овошје и зеленчук,ок,но од каде потекнува истото??? е тоа е големо прашање за сите нас,околу неговата исправност,за жал во нашата држава сме далеку од такви гаранции,гаранција за квалитет на овошјето и зеленчукот!
некој спомна риба,досега колку што читам препорачана риба е лосос,а зошто е тоа така??? каде на балканот можиме да уловиме лосос хехе балканците се месојадци бре хехе па така и за рибата како јадење немаме достојни податоци колку е добра во исхраната,тоа можи секој посебно да одлучува...
сакам да кажам дека сите продукти за прехранување на пазарот денес ги добиваме и купуваме како помошни материјали и продукти,а не како на основа на нашето здравје!!! на нашето здравје некој печали пари и не само во прехранбената индустрија туку и во сферата на здравството и фармацијата по автоматизам!!! денес многу добро можи да видиме дека се е само за пари и ништо друго...
меѓутоа имате право на избор како ќе делувате на своето здравје,ќе го труете претежно со технолошки преработено месо,цигари,рафиниран шеќер,разни алкохолни пијалоци и сл или ќе го употребувате она што ви е даено од природата... ако мислите дека сте предатори во синџирот на исхрана-тоа гадно се лажете,вашето тело не го дозволува тоа,напротив предатори се луѓето што ви го нудат тоа ѓубре од месо преполно со конзерванси и зачини за да се прикрие вистинскиот вкус и мирис + каква храна наоѓате во колбаси,виршли,паштети,мелено месо и сл???
не сакам да должам повеќе,ќе оставам за нареден пост........битно е за организмот да добие еден баланс за да биде здрав:правилна исхрана,редовна физичка активност(вежбање),чист воздух,ослободување од стресот и нервозата,верувај во самиот себе и на Природата/Бог,а не на индустријата и личните интереси....можеби пропуштив нешто ама следи го природното и мислам дека ќе бидиш награден...