Веге ѓувеч
-1/2 кгр. кромид,
-300гр. компири,
-200гр. ориз,
-2 зелени пиперки,
-100гр. мешан зеленчук
-4 црвени суви пиперки
-зејтин, црн бибер, сол, нане, буковец, вегета, магдонос
Се сечка кромидот и се пржи. Се додаваат излупените компири, исецкани на коцки, исецканиот зеленчук и оризот. Се додава вода и се‘ се истура во тава. Се зачинува и се потпекува во рерна. Пред да биде готово, се додаваат сувите пиперки.
Јуфки со маслинки
-400гр. јуфки,
-1 чешне лук,
-80гр. црни маслинки,
-китка магдонос,
-1 лимон,
-20гр. маргарин
-маслиново масло
-сол, црн бибер
Маслинките се печат и се отстрануваат семките. Пастата се вари. Во меѓувреме се лупи лукот и се’ се сече заедно со измиениот и исушен магдонос. Се редат 2-3 ливчиња од кората од лимоноти се меша со лукот и магдоносот. Се загреваат 2-3 лажици масло, се додава и маргаринот и исечканите состојки. Се додаваат маслинките, 2 лажички сок од лимон и една црпалка од водата во која се вареше пастата. Се цедат тестенините и се додаваат во тавата со состојките. Се пржи неколку минути и се зачинува.
Ризото
-1 кромид,
-1 морков,
-пола пашканат,
-пола главица свежа зелка,
-шолја ориз,
-магдонос,
-лук, мајчина душица, сол, рузмарин, црн бибер и ловоров лист
Се динстаат кромидот, пашканатот, морковот околу 20 мин. Се додава оризот, после десетина минути се додава зелката и се зачинува.
Динстани зеленчуци
Можете да ставите било кој зеленчук го имате во моментот. Јас обично правам овака:
Прво се динста кромид, лук, праз.
Потоа се додава морков, компир, боранија, пченка, грашок, брокула, карфиол, ориз. Се посолува и се додава околу 200 мл вода, не повеќе, затоа што зеленчукот се вари во својот сок. Го поклопуваме со капак и оставаме да се вари на тивок оган со повремено мешање. Пред целосно да се свари зеленчукот, може да се додатат пиперки, зелка, домати. На крај се зачинува со бибер и малку магдонос.
Боранија на медитерански начин
- Половина кгр. боранија
- 1 лажица маслиново масло
- главица кромид
- и чешне лук
- 500гр. домати
- лажица зачин
- 2 лажици исечкан босилек
- магдонос
Боранијата се чисти, се мие и се вари во солена вода 15-20 мин. На маслиновото масло со малку вода се динста исечканиот кромид, исечканите домати во коцки, сето тоа се посипува со зачин и се остава на тивок оган 10-тина мин. Сварената и исцедена боранија се вмешува во сосот од домати и се додаваат магдоносот и босилекот.
Медитеранска салата
-500 гр. боранија
-500гр. компири
-блитва
-2-3 чешниња лук
-босилек, маслиново масло, црн бибер
Боранијата се мие, се чисти и се обарува. Првата вода се фрла, а во втората се додава компирот, исечен на коцки. Кога компирот малку ќе омекне, се додава блитвата. Кога зеленчукот ќе биде целосно сварен, се процедува, се додава исечканиот лук, босилекот, се зачинува и се прелева со маслиново масло.
Салата од кус кус со зеленчук
Во подлабок сад се става една шолја кус кус и се полева со една шолја зовриена вода. Се остава да стои десетина минути, додека да набабри. Откако добро ќе а впие водата, се додаваат 1-2 сечкани домати, без семки и сос, 1 зелена пиперка, 1 млада тиквичка (претходно кусо варена) и десетина зелени маслинки. Се става сув босилек и лимонов сок и се меша.
Хумус (паштета од наут)
Во блендер се става 300гр. сварен наут, се додаваат 2-3 чешниња лук, сок од лимон и зачински тревки. Се додава таан, пире од сусам, сенф или лути пиперчиња.