Ти ми даваш некои рационални објаснувања за тоа како човекот треба да функционира, проблемот е што човекот не функционира рационално. Понекогаш на човекот му е потребен само некој близок кој константно ќе биде покрај него, а не психолог, и тоа ќе биде десет пати подобро за неговата состојба, отколку било каква друга помош. Проблемот е кога човекот нема на кој да се потпре, верувај и тој самиот е свесен што треба да направи и како може да се решат проблемите. Што правиме ако кај тој човек отсуствува било каква волја да прави нешто, да живее, да стане од кревет, а притоа нема никој кој би сакал да ги поноси неговите болки, барем малку, на свој грб?