Самоубиство!

Член од
4 февруари 2012
Мислења
20
Поени од реакции
8
Па можеби сум имал таков случај кој трагично завршил. И добро е да не те боли, затоа не знам што се умеша тука.
Onaka mi se siminjase filmce edno i ne mi bese jasno kako moze da si protiv osuduvanje-a samiot ti osuduvas. I prvata tvoja recenica pokazuva deka ne si me razbral. NIKOGAS nemozes da znaes kako nekoj se osekjal, ama toa znaci deka mozebi toj sto sere ne se osetil kako samoubicata, a mozebi i potpolno isto se osetil.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Па можеби дека не знам и не сакам да зборам какви биле тие луѓе и јас да им судам од типот дека тоа било срам за фамилијата. Ебате логиката зошто не требало да се убијат, дури и смешно делува.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Па можеби сум имал таков случај кој трагично завршил. И добро е да не те боли, затоа не знам што се умеша тука.
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 20:54 ---

Ако не знаеш како се осеќале ќе сфатиш дека тоа нивно осеќање пред да се решат на таков чекор траело со години, сигурно не им дошло така одеднаш, и сигурно тие околу нив не е дека не приметиле дека нешто се случува со нивните блиски.
Она мене што ми сметаше во темава е некој си генерален став околу тоа дека таквите луѓе биле пичкици и не знаеле да се справат со проблемите, дека секогаш има алтернатива ко што викаш ти, и ко да они секогаш имаат решение за проблемите.
Епа ако разбираш другар, јасно ти е дека постојат различни карактери, некои се полабилни и само пропаѓаат во се поголеми дупки, некои се поцврсти и успеваат да се вратат некако. А некои и развиле психичка болест која допринела до толкава депресија, односно е последица на нивната болест. Затоа ми смета што работите се гледаат само црно и бело.
Овде голема улога игра и околината на човекот, неговите блиски кои секојдневно се со него. Доколку дојде до некоја промена на однесување, депресивност и така натаму потребно е да се интервенира, со разговори, заеднички активности, за депресивниот човек да се осети сакано, да може да се отвори со цел да се решат проблемите и заблудите во неговите мисли. Во одредени случаеви дури и клучна улога играат луѓето околу него.
За џабе не велат, човекот само во WC може сам.
 
За тоа зборам цело време, кога човек е во таква состојба, тешко е сам да преброди.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.834
Поени од реакции
20.283
За тоа зборам цело време, кога човек е во таква состојба, тешко е сам да преброди.
Во денешно време многу ретко ги забележуваме туѓите самотии, јадови па и депресивни ситуации, за да можеш да го осетиш човек дека е на работ на бездна треба да му се посветиш и да го почувствуваш, живееме во се по сурово општество со минимум чувства и во ситуации во кои ретко кој се нафаќа да го фати за рака оној кој е очаен и му треба силен стис за рака и позитивна енергија, егоизмот расте, со тоа секој ден се повеќе самоубиства, не ви се чини дека полека замира човечноста и секој се љуби само себе си ?
 
L

Ligeia

Луси...пубаво нешто немам прочитано деновиве искрено,комплимент од мене за човечноста.Мислам дека човечни сме за луѓето окулу нас,тука сме да им помогнеме и да ги поддржиме колку можеме,но депресијата е болест која бара посебен третман а љубовта во овој случај можеби е најдобриот избор но не е секогаш доволен.
Off topic...Бев во Данска пред една година и случајно од еден колега добив информација дека они се #1 во светот по самоубиствата.Вели дека на луѓето им недостига сонце а не љубов.Јас се насмевнав и му велам кај нас во Македонија имаш еден интересен момент,ако си дете на родители збрлавени од комунизмот те тепаат и оти плачеш затоа што те истепале пред тоа за друга беља и си тргаш право в ќош или во подрумот згора на тоа.Кога ќе пораснеш ни сонце ќе ти фали,ни љубов ни добрина.Можеш само да му ја замислиш фацата кога му го кажав овој метод на воспитување а он мене за сонцето ми објаснува:D
 
Лигеиа, истиот синдром го имаат и Швеѓаните и Норвежаните со еден збор речено скандинавските земји, незнам дали го запримети фактот дека најголем процент од самоубиствата се од мажи? И не е само поради недостигот на сонцето, туку и преголемата доминација од жените врз мажите, бидејќи во шведска и компанија е рај за жена да си, они се заштитени ко бели мечки таму, и верувај им фали доста љубов покрај сонцето и воопшто денот/светлина, фактот дека депресијата мора да се третира и преку стручни лица - психијатри е неминовен, но без огромна поддршка и љубов од најблиските како тоа лице ќе си земе за храброст да ја разбуди малку подсвеста и сам себе си да се натера да го посака пред се животот, многу е осетилива темата секој од тие кои имаат такви побуди од смисла на самоубиство се различни и претставени во многу тешки психолошки моменти, и затоа рекле кој ќе преживее би било многу од корист да има група на која ќе и раскаже и ќе ја поттикне да заврти нов лист.
 
*Се издишува*....Во право си што да речам.Понекогаш се чувствувам толку виновно што сум жена.Мислам дека и кај нас се проширува тој европски тренд да го наречам ''мажите се плашат од моќни и способни жени*.Но поентата ми беше дека ние сме сепак ментално поисчеличени како луѓе балканците,немало волку драматизација одамна,дури ме исплаши бројката на самоубиства кај нас во Велес и тоа се млади и способни луѓе.Годинава се самоубија само 4-ца.:(
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
За мене еден од главните иницијатори за самоубиство е околниот егоизам кој се среќава насекаде, како и да го разгледувате општеството -секаде ке пронајдете срж на егоизам. Сакам да кажам дека повеќето од причините на самоубијците лежат во рамнодушноста и незаинтерисираноста од другите и преголемиот , екстремен индивидуализам. Да го земеме за пр нашето општество (балканот), депресивно е самото по себе, од политичката, економската, (не) културната аура што виси наоколу еден добар транзициски период од дваесет години. Се изгледа малодушно и секоја идеја за успех е тешко остварлива. Колку и да се обидува човек , неговите обиди изгледаат празни безнадежни и жалосни бидејки е свесен за фактот дека некој друг, поглуп од него ке го завземе неговото место.. Завршува јак факултет нема каде да се вработи , скапува дома на фејсбук и уште посилно го чуствува апсурдот на времето. Ако нас не мачи таков проблем тогаш на друго место ке биде преголемата зависност од работа и ред други причини за којшто нашироко пишуваат статиите полни со статистики. Но јас сеуште сметам дека има разлика од самоубиец кој поседува НЕШТО и самоубиец кој не поседува НИШТО. Мислам дека на самоубиецот му е важно што поседува, кога би имал пари , би ги замајувал своите суицидални мисли со нешто друго и би ги ублажил до одредена мера, би избегал некаде и би нашол смирение и желба за живот во нешто друго наспроти самоубиецот кој нема ништо и кој е воден постојано од мислите на депресијата и моменталните случувања па згора на тоа не може ништо да стори.
Самоубиството не го гледам како решение затоа што сум верник, кога не би била тогаш сигурно ке го гледав поинаку ;)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не може секогаш да ја обвините околината за нечие самоубиство. Имате луѓе кои живеат во сосем нормални услови и што е најинтересно, никој не ни може да им ги предвиди самоубиствените намери. Најчеста реченица која сум ја чула откако некој човек ќе се самоубие е дека никој ништо не забележал кај него. Со тек на време научив дека најчесто луѓето го кријат суицидното чувство, барем оние кои навистина се чувствуваат така, а не заради внимание. Не може да ги обвиниш секогаш луѓето дека не забележале или дека не се обиделе да помогнат. Самиот човек не дозволува да му се помогне, што во секој случај е последен стадиум на болот. Или сам ќе излезе од таму или ќе замине.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
А може треба да се осетат ко птици, за да пак им се врати волјата за живот. :D Постов нема врска баш со темава за самоубиство, туку повеќе се однесува на еден нов и доста опасен спорт кој се вика Wingesuit flying. Она што е интересно е тоа што основачот на овој спорт, Jeb Corlis,бил тежок депресивец, кој бил опседнат со идејата да си го одземе животот, се дури не почнал да го прави она што го прави сега. Иако ова е сигурно најопасниот и најекстремниот спорт воопшто, кој за толку кратко време однел голем број на животи, и шансите да преживеете наместо да завршите трагично ви се 60 : 40, при секој поединечен скок. Еве неколку видеа

Човеков си имал и мото "If I die I get what I wanted if not I do something living" :) и "In search of death I found life".:)
Иако го изгубил неговиот најдобар другар и ногата ја направил парче, закачувајќи ја на карпа http://www.mediasrvr.com/himg/620/465/true/10/unofficialnetworks.com/wp-content/uploads/2012/02/395284_324888870887406_171260932916868_1106370_1351873131_n-620x465.jpg
не ни помислува на повлекување, и вели дека ќе продолжи да скока се додека не умре или не заврши парализиран.
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
54
прочитав една интересна мисла пред некое време, самоубиството е трајно решение на моменталните проблеми. Факт е дека ниеден проблем не е преголем или нерешлив, само може во моментот да ни изгледа така. Јас лично сум добивал самоубиствени нагони, не од типот на да земам пиштол и да се разнесам, туку добивам желба едноставно да ме нема да исчезнам или како во филмот It`s a Wonderful Life никогаш да не сум се родил, но секогаш кај мене преовладува разумот и другиот ден кога сонцето ќе изгрее работите изгледаат подобро.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
320
Поени од реакции
225
Negativnata energija, ne mozhe da se unishti... mozhe samo da prodolzhi da egzistira vo nekoj drug oblik - zatoa vredi da se razmisli i sfati deka samoubistvoto ne e reshenie. Mozhe da bide prodolzhetok na vibriranje na negativnost so niska frekfrencija(gusta energija). Ako se zeme vo predvid deka energijata e neunishtliva. Taa treba da se izdigne na povisoko nivo na svest. Samoubistvoto ne e sloboda!
 
S

Sattva

Може да се уништи, т.е. пренасочи или неутрализира, само во присуство на позитивни вибрации и покачена самосвест.

Со останатото се согласувам во потполност :)
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
320
Поени од реакции
225
Ne mozhe negativnata energija da se unishti, so samoubistvo - na toa mislev(taa e temata, sepak trebashe da se doobjasnam).:) Zatoa i rekov deka mozhe da se izdigne na povisoko nivo(transcendentira) istata, se razbira so pozitivni vibracii, so ljubov, so samosvest-kako shto kazha. Kje se povtoram, samoubistvoto ne e sloboda tuku ljubovta.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom