Самоубиство!

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Смислата на животот е човек да го пронајде а самоубиство е само негова слабост да го прекине она што му е дадено како цел.

Звучи сосем логично.
 
Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
За секој проблем има решение а решение за проблем сигурно не е самоубиство! Ништожно и долно е да се фрлиш од 10 спрат и да се направиш кофте на тротоар или да се обесиш во подрумот или на таванот па на мира да не може да спие после фамилијата од трауми! Ама што да направиш?!? Знам дека во Швајцарија си има посебни методи за вакви случаеви. Доколку некоја личност има неизлечливи и болни здравстевни проблеми и веќе ситуацијата му станала неподнослива или пак е некој стар човек кој нема никој близок и не сака едноставно да живее повеке плака пари на тројца доктори и со нивен потпис може да го успијат со инјекција. :свиркам:
 
С

Сатори

Гостин

Не ти изгледа ова малку лицемерно и селективно, ако не влегуваш во општо прифатени стандарди на делување (си стар, психички болен итн.) нема проблем, слободно убиј се за да не трошиш ресурси, но ако си работоспособен и можеме да те искористиме на било кој начин, тогаш немаш право да се убиеш, неморално е? :rolleyes:
 
Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Не ти изгледа ова малку лицемерно и селективно, ако не влегуваш во општо прифатени стандарди на делување (си стар, психички болен итн.) нема проблем, слободно убиј се за да не трошиш ресурси, но ако си работоспособен и можеме да те искористиме на било кој начин, тогаш немаш право да се убиеш, неморално е? :rolleyes:
Сакав да кажам дека начинот на кој се извршува самоубиството е неморален. Наместо да плаќаш со животот поради некое психичко растројство разговорот со некој близок верувам дека до некој степен ќе помогне.
 
Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Ама поентата не беше да разоткриеме дали е морално. И моралноста е дискутабилна , поради фактот дека секој има различна претстава што е правилно , а што не. Имаме некои примарни или подобро да ги наречам универзални морални правила , што повеќето од нас ги сфаќаат и прифаќаат идентично , но во различна средина го губат своето значење. Мислам дека би се согласиле дека овие правила се онолку силни колку што човекот што ги вреднува е силен и висината на притисокот што може тој да го поднесе. А поентата на целата тема е дали и како оправдуваме нечие или сопствено одземање на животот. Во мојот претходен пост оставив прашања кои не се однесуваат само на самоубиство туку и на други "неморални" чинови кои , да , претставуваат крајности , но токму тоа и беше мојата поента , да укажам дека го оправдувам самоубиството како средство за избегнување на понатамошна болка (било да е физичка или психичка) но само во неизбежна ситуација. А кој како ќе си ја процени својата ситуација е надвор од мојот домен на размислување.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
За мене мистерија е човекот што се самоуби со тоа што се удави во кофа, или па жената што се загуши со ќеса, ако некој ми ги разјасни овие мистериозни самоубиства алал му вера. Зарем инстинктот за да преживееш во тие моменти не е поголем од потребата да се самоубиеш. Ај да разберам со пиштол, да се обесиш, ама вака не иде...
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
не знам зошто да не го осудиме овој чин за разлика од одземањето на туѓ живот. и двете се убиства, и во двата случаја имаш направено грев. само кога убиваш некој друг имаш време да се покаеш и промениш а при самоубиство не. гадно си ја наебал
 
И со разликата дека обидот за самоубиство не се казнува за разлика од обидот за убиство. :свиркам:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.971
Поени од реакции
18.716

Ти грев не правиш исклучиво само за да не наебеш?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.971
Поени од реакции
18.716
не зборувам за гревот ами за шансата
Убиваш, се покајуваш и пак убиваш, паѓајѓи во искушение и заборавајќи дека си се покајал (по тој принцип барем човекот ги прави сите официјални гревови), што правиме тука?
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
И со разликата дека обидот за самоубиство не се казнува за разлика од обидот за убиство. :свиркам:
Not completely true. Во повеќето поразвиени држави, обидот за самоубиство всушност се казнува, со одредено време во установа за ментални болести, или до некои екстреми и затвор после тоа.

Бидејќи таму самоубиството не го гледаат само како чин на одземање на својот живот, туку и на штетата што ја правиш наоколу, трауми за семејството, (сите колатерални штети при чинот, рецимо ако користиш пиштол/бомба може да повредиш некој друг и слично), ризици трошоци пичке материне. Кај нас, ќе ти врзат два шамара и никому ништо.

Moze i ke se roknam koga ke napraam 65-70 godini i koga ke bidam nesposoben za aktiven zivot. Ko Hemingvej.
Може да бидеш неспособен за активен живот само ако ти одбереш така, односно ако си мрза и немаш физичка активност. (не рачунајќи ги болестите). Аналогно на тоа да се убиеш на 65-70 ти е исто ко сега да си го свирнеш. Кукавичлук.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
И со разликата дека обидот за самоубиство не се казнува за разлика од обидот за убиство. :свиркам:
Да ми кажеше некој дека си правник после ова мислење, јас немаше да верувам:)
не знам зошто да не го осудиме овој чин за разлика од одземањето на туѓ живот. и двете се убиства, и во двата случаја имаш направено грев. само кога убиваш некој друг имаш време да се покаеш и промениш а при самоубиство не. гадно си ја наебал
Повели осуди го. Ама пази да не те осуди после некој тебе зашто се мешаш во нечии лични одлуки и со тоа ја нарушуваш слободата на избор.
 
S

Sattva

Гостин
не знам зошто да не го осудиме овој чин за разлика од одземањето на туѓ живот. и двете се убиства, и во двата случаја имаш направено грев. само кога убиваш некој друг имаш време да се покаеш и промениш а при самоубиство не. гадно си ја наебал
А што е со евтаназијата во случај на критична болест, побарана лично од пациентот? Што е тоа?
- Убиство?
- Самоубиство?
- И убиство и самоубиство?
- Право на живот, т.е смрт?
- ... ?
Дали би требало немилосрдно да го осудиме или да го разбереме тој избор (од човечки аспект)?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Што и да се случи човек треба со крај да се бори.
Самоубиството е тежок грев спрема себе тоа е душата.
Животот исто така е и тест, ако човек има потешкотии
треба ли веднаш да се откаже.
Што е со децата во африка кои умираат од глад и сида
тие не луѓе како вас. Зарем тука во Македонија
која е Швајцарија спрема Африка е толку тешко
и решението е самоубиство.
Тоа е само сожалување и немање желба за живот.
Имаме се живи сме, и да е пеколно тешко
треба да продолжиме со нашите животи и цели,
без разлика дали имаме пари работа и сл.
Тоа боли ако нека боли.
Но сепак ако немаме некаква цел во нашиот живот,
тоа е проблем затоа треба да се запрашаме
што сме, кои сме, и да ја најдеме смислата
на нашето постоење тоа и не е невозможно за секој поединечно. Ако живеме без никаква цел и незнаеме
што сакаме тука е проблемот имаме избор
да правиме се што сакаме сигурно би се нашло нешто
убаво кое ќе биде наша цел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom