Ама поентата не беше да разоткриеме дали е морално. И моралноста е дискутабилна , поради фактот дека секој има различна претстава што е правилно , а што не. Имаме некои примарни или подобро да ги наречам универзални морални правила , што повеќето од нас ги сфаќаат и прифаќаат идентично , но во различна средина го губат своето значење. Мислам дека би се согласиле дека овие правила се онолку силни колку што човекот што ги вреднува е силен и висината на притисокот што може тој да го поднесе. А поентата на целата тема е дали и како оправдуваме нечие или сопствено одземање на животот. Во мојот претходен пост оставив прашања кои не се однесуваат само на самоубиство туку и на други "неморални" чинови кои , да , претставуваат крајности , но токму тоа и беше мојата поента , да укажам дека го оправдувам самоубиството како средство за избегнување на понатамошна болка (било да е физичка или психичка) но само во неизбежна ситуација. А кој како ќе си ја процени својата ситуација е надвор од мојот домен на размислување.