- Член од
- 14 октомври 2010
- Мислења
- 5.147
- Поени од реакции
- 16.082
Да, за жал кај нас менталитетот е таков што е битно комшиите и роднините кои не можеме да ги трпиме да мислат се најдобро за нас, иако дома лом се правиме.Да бидеме искрени, менталитетот кај нас е таков што неможам ни тоа да си го дозволам. Потекнувам од град кадешто скоро секој се познава и се срамам од тоа што може секој да ти се смее, а доста ми е од сожалување од страна на луѓето.
Немој да те боли курац за менталитетот и остварување на нечии други желби и сонови.
Мораш да станеш малце себична. Да мислиш за себе, па за другите.
Мене кур ме боли за комшиите, не си ги ни знам. Кур ме боли и за роднините, не живееш за нив. Живееш за самата себеси, нити за мајка ти, нити за татко ти, нити за никој.
Зашто луѓето тебе да те сожалуваат? Подобри се од тебе? Ма дај.
Едноставно заборави ги другите и гледај си го твоето добро. Зашто луѓето ќе јадат гомна и да ти е добро и да ти е лошо во животот, тоа ваљда ти е јасно. Оттргни се од тие малограѓански размислувања колку можеш повеќе. Никому во реалност не му е гајле што ти правиш во животот, иако само си наоѓаат начини и причини за озборување.
Мене само ме фаќа фрустрација кога читам вакви работи, зашто и тие родителите не гледаат дека ради тој нивен мочан образ пред комшии и роднини, децата пред очи им патат. Мизерија.
Ако мислиш дека не можеш да најдеш некој кој го познаваш онака за муабет, тогаш би било добро да посетиш стручно лице. Више пишав, батали кој што ќе кажел и ќе се смеел. Ко на секому рози да му цутат.
Во меѓувреме, доколку немаш работа и не работиш нешто, би било добро да си најдеш занимација. Имаш и секакви курсеви на интернет, дали за нешто што си учела/студирала да се надоградиш, дали за готвење, дали за јазици, има се и свашта. Тоа ќе ти помогне да се осеќаш барем малце покорисно и ќе научиш нешто ново, нели?
Ако има работи кои инаку сакаш да ги смениш во животот, разгледај начини за менување, не се откажувај одма. Може нема да ти се остварат одма, но со тек на време можеби ќе се.
Инаку, емотивноста е добра особина. Јас многу повеќе ги жалам тие што ја немаат. Уствари тоа не прави луѓе ваљда во денешницава. Но, треба да знаеш кому да му ја покажеш, а кого комотно да отераш у пм.
Најбитно, нема потреба да се саможалуваш, тоа е дефинитивно најлошото. И себичност. Мора да бидеш посебична и поинат за работи кои ги сакаш. Никој ништо на тацна не ти става, а јас во поклопување на ѕвезди и -доаѓање на тоа што е мое- не верувам.
Со среќа.