- Член од
- 23 март 2014
- Мислења
- 1.471
- Поени од реакции
- 1.242
Одлично кажано, дроги кај емоционално нестабилни луѓе може да водат во насока на зголемување на интензитетот на емоцијата, зависно од емоцијата која во овие случаеви е најчесто негативна може да доведе до растројство или самоубиство.Моја грешка, тоа со екстремниот живот ми останало од претходен пост кој само го започнав па ми се измеша со другото.
ОК ако е објект, ако е субјект го имаш тоа што го напишав погоре.
На екстремен живот мислам на опасни активности (никако наркотици) како екстремен спорт или нешто слично. Да се пумпа адреналин и да се одвлекува внимание. Може да биде и едноставно како лудачко возење со точак за да се почувствуваш неверојатно жив.
Креативната работа е исто така многу добра терапија. instructables.com е супер место за да се држат мозокот и рацете зафатени.
Спорт или било каква работа во која може личноста комплетно да се внесе се одлични лекови, како и медитација. Спортот и натпреварувањето општо е канализирање на агресијата.
Можеби една од најголемите грешки е седење по цели денови пред компјутер и читање на форуми. Доста депресивно срање а овде никој нема да ви помогне.