Здраво, ќе ви раскажам една приказна. Ви ветувам дека оваа приказна, на еден или друг начин ќе остане со вас за целиот живот. Ве молам читајте до крај. Ако некогаш нешто сум ветил ова е тоа; вреди да се прочита. Немој да прекинеш со читањето. Не прекинувај, те молам.
Јас знам зошто си мизерен. Знам зошто седиш доцна навечер, неуморно гледајќи во екранот, неисполнет. Знам зошто ги одбиваш луѓето и што е поважно знам зошто не си допушташ да бидеш среќен.
Не, нема никаква врска со тоа како изгледаш.
Не, нема никаква врска со што работиш или колку заработуваш.
Не, нема никаква врска со се` што ти поминува низ глава навечер пред спиење.
Нема никаква врска со болестите што си ги дијагностицираш. Твојата анксиозност не ни постои, таа е само еден продукт на најголемата лага што си ја кажал себе си.
Но јас знам што е тоа, и морам да ти кажам сега бидејќи како што поминува денот, сфаќањето за ова што го пишувам ќе го снема.
Она што те уништува, она што те повредува е лажната претстава што ја имаш за себе си. Гласот со кој си збориш себе си? Мислиш дека тоа си ти? Е, не си. Твојот најголем непријател е твоето его. Размисли. Најверојатно помина некоја мала струја кога го прочита зборот, зар не? Его. Милион мали неизговорени приговори за ова што го пишувам. Се плаши од тоа што следи, се плаши дека ќе ме сфатиш.
Запрашај се, од што навистина се плашиш? Кои се вистинските последици? Зошто се грижиш што другите мислат за тебе?
Е тоа е работата. Не се грижиш ти, твоето его се грижи. И му дозволуваш да се истури врз тебе. Кога лежиш навечер, размислувајќи за грешките, твоето его ти кажува колку лошо си се однесувал, колку лошо треба да се чувствуваш. Ги кажува најомразените, депресивни нешта некогаш кажани. Не од други луѓе, туку твоето его те прави да се чувстуваш побескорисно отколку било кои други луѓе некогаш можеле.
Кога си во таква ситуација, твоето его се плаши. Се плаши да не биде повредено, отсликувајќи се според неговотo чувство за вредност. Неизбежно, оваа равенка секогаш е негативна и доаѓа до лутина. Понекогаш ја насочуваш кон други, но ти, драг фејсбук читателу, ти знам дека ја насочуваш кон себе. Во случај да не знаеш; дефиницијата за депресија е лутина насочена кон себе.
Твоето его никогаш нема да биде задоволено. Секогаш ќе го вшмукува задоволството како црна дупка, нема да врати ништо. Празнината што ја чувстуваш? Вистинска е. И не може да биде исполнета. Твоето его секогаш ќе биде тука да те спречи. Дури и на некој анонимен форум, ќе лажеш бидејќи твоето его верува, дури и за секунда дека некој, негде на светов ќе поверува дека си нешто повеќе од тоа што си.
Но тоа не е најлошото. Најлошото е што егото ќе направи се за да го скрие ова од тебе. Секогаш кога се препушташ на слабостите, всушност се препушташ на гласот во тебе за кој мислиш дека си ти. Секогаш кога пробуваш да се смениш, се враќаш назад. Секогаш кога ќе научиш нешто ново, нешто што има смисла, нешто што знаеш дека е вистинито, некако се чувствуваш дека го одбиваш. Физички, емоционално... Целосно. Колку повеќе мислиш на тоа, толку полесно му е на твоето его да "рационализира" и да те лаже уште повеќе.
Како да избегаш, кога гласот во твојата глава, кој го користиш за сфаќање на нештата е самиот проблем? Ако има пекол, тој е овде, на земјава, во твојата глава. Проба да бидеш силен, но кога неуспеа се почувствува послабо од кога и да е. Вака твоето его се храни, и неговата работа е полесна.
Луѓето пробуваат да најдат различни начини да ги надминат дел од аспектите на егото. За некои тоа е дисциплина, вежбање, правилна исхрана. Ти текнува на реченицата? "Се што е битно е да се надминеш себе си". Има причина зошто ова го кажуваат сите, но само неколку навистина разбираат што е тоа што треба да се надмине. Во исто време, се препуштаат многу лесно во други делови од животот. Затоа што егото е паметно. "Браво, сега како награда можеш да се уништиш себе си".
Некои ја одбираат духовноста. Христијанството, на пример. Сите вистински вредности се поврзани со надминување на егото, сите гревови му се неодоливи на егото. Можеби Исус навистина постоел и остатокот од Библијата е само начин за пренесување на ова просветлување, така што старите народи би сфатиле. Не можам да знам за ова. Будизмот е многу повеќе директен за ова, но на крај сепак се сведува нa истото нешто. Зошто религијата не работи? Зошто голем дел од религиозните луѓе исто така се препуштаат на своето его? Затоа што залажува, ги прави нештата да изгледаат како што не се и за да ја снема конфузијата потребно е многу време.
Некои го одбираат мистицизмот, психоделични дроги. Да го залажеш умот дека егото не постои. Но, има голем ризик дека повеќето ќе направат тоа да биде за нешто друго. После ова, мал број ја враќаат вистинската свесност.
Како и да е, еден пат секогаш ќе цели кон тоа, толку очигледен... но ретко поминуван. Патот на чиста свест, чисто расудување. Затоа што сите ќе сфатиме во еден момент, дека овие работи преовладуваат. За повеќето егото секогаш ќе биде тука, но треба да си способен да се свестиш за моментот кога тоа се промени. Кога се појави маглата, го изгуби видот.
Кога проблемите станаа нерешливи, целите недостигнати, кога секој ден умираше по малце во себе и празнината преовладуваше.
Се сеќаваш драг читателу, проклето знам дека се сеќаваш. Размисли. Кој беше моментот кога се` се промени? Ако не се сеќаваш помачи се, затоа што помина долго време кога последен пат беше навистина среќен. Не се грижи за тоа "зошто?", не е толку битно колку што мислиш.
Пред тебе има тешка задача, но не е невозможна. За сите оние кои ја искусиле смртта на егото со помош на психоделични дроги, следат најдобрите вести. Тоа чувство на чистина, мир и разбирање? Не е ништо мистично и недостижно, тоа си вистинскиот ти. Тоа е способноста која ја поседуваш, и чувството како секогаш треба да се чувствуваш. Единственото нешто што стои пред тебе е твоето его, и овој твој непријател не е толку сериозен колку што си мислиш.
Ако стигна до овде, верувам дека можеш да го сториш тоа. Имаш вистинска шанса. Го слушаш, зар не? Приговорите, "рационалното размислување", невербата. Ја чувствуваш нивната одвратност, лутина, одбивање и страв како да се твои емоции. Не се. Твоето его не си ти, драг читателу. Ти си ти, и не ти е потребно. Не смее да ти каже што не треба да правиш, не ги контролира твоите одлуки, не ги контролира твоите мисли. Ти ги контролираш.
Замолчи го. Само замолчи го. Ти го контролираш, зашто по ѓаволите му дозволуваш да збори?
Се надевам дека еден ден ќе можеш да уживаш во слаткиот звук на тишината. Затоа што никогаш не сум посакувал повеќе за некого да успее отколку што посакувам сега да успееш ти, читателу. Навистина не.