Хах, прилично добра причина е да сакаш да се разбереш со тукашниве албанци. И јас би сакал да научам. Понекогаш имам чуство ме зезаат на својот јазик, а не ги разбирам
Е сега, велат истиот е оној во Албанија и овој тука, ама не сум сигурен. Очекував да видам некој линк за книга на темава, по можност на Македонски, нели научи Албански. Не толку дека ќе има вреѓање нели на етничка основа, и зошто би го учел.
Не гледам ништо лошо во учење уште еден јазик. Коа ќе видиш и они се обични луѓе како и нас, во истата каша со нас на Балканов. Да сакам да ги мразам понекогаш, ама мислам е бесмислено, зошто на крај омразата потекнува од политиката на државава.
Знам едукативни центри за јазици, да има Албански, ама некако не ми се лупа глава 4 години. Би да читкам книга добра од време на време. Па, препорачајте некоја ако знаете.