Сакам да знам!

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од blue ladybug, 9 март 2014.

  1. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    21.639
    Допаѓања:
    32.161
    3 мил евра бил долгот. Најкриво ми е за админот на фб што им беше. :D

    Пред некој ден на фб прочитав за некој што има купено лаптоп од АМЦ и му бил оставен на сервис таму. АМЦ не постои, никој не се јавува на нивните тел броеви и типот едвај си го нашол лаптопот каде му е.
    Оштетени многу купувачи, а и многу фирми од кои АМЦ купувале роба и ја продавале по пониски цени.

    Сетек е исто лоша фирма, негативни искуства насекаде ќе прочиташ и џабе да ти дадат нешто веќе знаеш дека некој го има вратено или му има паднато на некој сакат продавач и го има пак спакувано во кутија. :)

    Sent from my Mi A1 using Tapatalk
     
    На 112112, Bateman и Bonnie and Clyde им се допаѓа ова.
  2. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    9.821
    Допаѓања:
    4.265
    Не сум гејмер (или кој и да е соодветниот збор македонски а да не биде аглиски) но сакам гаџети и воопшто технологија па мислам дека фали добра таква продавница иако криза и се нема многу пари кај луѓево за да си уживаат во такви работи. Знам го имаме Галерија но само во Скопје и Битола засега е, па би било добро да отворат во градовиве кај што имаше AMЦ

    Еве србиве имаат една добра продавница повеќе наменета за компјутери и тој свет видео игри, конзоли.. нешто слично како што e Галерија кај нас.
    www.computerlandshop.rs
    Mи се допаѓа како е скоцкано се прегледно на сајтот и има доста интересни работи.
    --- Споено дупло мислење, 16 јуни 2019 ---
    Јас во февруари си купив телевизор од АМЦ. Сајтот уште им работи :tapp:
     
    Последно уредено: 16 јуни 2019
  3. Bateman

    Bateman

    Член од:
    23 ноември 2011
    Мислења:
    11.749
    Допаѓања:
    24.489
    Најблиско до такво нешто кај нас е Анхоч, солиден избор, се што имам од технологија (освен телефонот) ми е од нив земено и еве никакви проблеми не сум имал, задоволен сум и од услуга и од квалитет.
     
  4. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    5.472
    Допаѓања:
    7.457
    Во АМЦ најмногу си го однесоа вработените, по 3-4 плати им должи, се сомневам дека ќе стигнат од стечајниот да си ги земат со оглед на тоа што има еден куп побарувачи.
     
    На Ilumious и 112112 им се допаѓа ова.
  5. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    9.821
    Допаѓања:
    4.265
    Oва српсково ми се допадна гледам има и привезоци,беџови, фигурици, чаши, капи, мајци, дуксеви. Се што плус поврзува гејминг да можеш дома собата и самиот себе да се дотераш во тој гејминг стил.

    И мислам доста беше од ова затоа што избегавме доста од темава.
     
    На Bateman му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    10.238
    Допаѓања:
    15.203
    Во Сетек работи сега.
    2 плати им должат
     
    На Кеплер му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    77.163
    Допаѓања:
    161.200
    Исто, десетина серверски конфигурации имаме земено на работа од нив, нема промашај.
     
    На Кеплер му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    5.472
    Допаѓања:
    7.457
    На колега роднина работеше таму и кога се видовме ми се жалеше дека 3 плати му биле заглавени, тоа беше во периодот недела две пред затворањето, после знам пак спомна колегава дека уште не им исплатиле ама не се замарав колку точно, може да се на две што во секој случај не е малку.
     
    На Ilumious му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Brom

    Brom

    Член од:
    10 септември 2009
    Мислења:
    115
    Допаѓања:
    30
    Decki imam prashanje, nashava Mk vozacka vo granici na Eu vazi samo edna godina? Posle godina dena ke treba da ja smenam so nivna (vo slucajov swedish) no neznam ke treba samo test ili pak polaganje so casovi so se, vajda ne bi trebalo? Probuvam da vidam nekoi website sto se od tamu dadobijam odgovor, no ako znae nekoj ili imal veke iskustvo, neka pise

    Fala
     
  10. Invader

    Invader I am not in danger, I am the danger!

    Член од:
    17 ноември 2008
    Мислења:
    17.121
    Допаѓања:
    19.232
    Едино може теорија да ти признаат, иначе ќе треба сигурно некои часови да возиш.
     
  11. Sledge Hammer

    Sledge Hammer

    Член од:
    22 јули 2011
    Мислења:
    158
    Допаѓања:
    57

    Моиве дома купиле во Декември 2016 телевизор во АМЦ и има гаранција од 5 години телевизорот, и како што бива телевизорот се расипал завчера, и гледаме дома има уште од гаранцијата, и вртиме на пријател кој се разбира околу технологија и го прашуваме дали има шанси да ни поправат телевизорот бидејќи е уште важечка гаранцијата, кога пријателот ни вели: АМЦ се затворени не работат неколку месеци.

    Ние секако не знаевме дека АМЦ затвориле и повеќе не работат.
    Се утепав вртејќи по телефоните што ги имаат оставено на нивната интернет и фејсбук страница но или ќе добиев порака дека телефонскиот број не постои или дека телефонскиот број е во прекин.
    Им пишував и на мејловите еден мејл автоматски ми врати дека мејлот не е во функција а од останатите мејлови нема одговор и нема ниту да има одговор.

    Слушнав од пријателот дека тој еден дечко што работел во сервисот за поправка во АМЦ сега работел во сервисот во Сетек па ќе одам со потврдата и фискалната сметка од АМЦ со гаранцијата во Сетек да пробам да го прашам дечкото дали има шанси да ми го поправат телевизорот мада не верувам дека ќе ми ја уважат гаранцијата.

    Тоа е, во договорот со АМЦ ситни букви и никаде нема членови да регулираат за тоа што во случај кога фирмата АМЦ ќе пропадне а уште да важи гаранцијата.

    ПС: Моиве вчера отишле во Нептун и купиле телевизор ама сега поучени со искуство од АМЦ купиле најевтин телевизор во Нептун за 6 499 ден. и сега има гаранција од 2 години. Нормално и со овој телевизор купопродажен договор е идентичен од збор до збор со оној од АМЦ договор и буквите се ситни, и нема членови да рагулираат што во случај фирмата Нептун да отиде во стечај, абе преваранти. Подобро да се купи најевтин телевизор и со пократка гаранција а не со купување во АМЦ скап телевизор со долга 5 години гаранција кога сега гаранцијата не може да се искористи. Може и Нептун вака да пропаднат еден ден.

    Се помачив со овој евтиниот ФУЕГО телевизор од Нептун мака видов дури да ги инсталирам успешно на дигитална каналите, бидејќи на аналогна нема Спортклубови, РТС канали, филмски канали.
     
    На 112112 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    21.639
    Допаѓања:
    32.161
    Нептун тешко да пропаднат, не е тоа АМЦ кои немаа никаков бизнис модел. Почнаа со едно, а продаваа се и свашта.

    Попрво ќе затворат Техномаркет, Сетек, Анхоч, па овие на крај.
    Зошто веднаш нов? Толку е скапо да си платиш сервис?

    И лоша одлука да се земе поевтин ТВ со помала гаранција. Овој од 100 евра може да се расипе веднаш после гаранцијата и пак ќе одите на некој поевтин и така се по ред поучени од претходното искуство и дома ќе правите колекција од телевизори.





    Sent from my Mi A1 using Tapatalk
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Darklady

    Darklady

    Член од:
    29 октомври 2011
    Мислења:
    2.101
    Допаѓања:
    12.541
    Сакам да знам
    Какво значење имаат трите запирки во секој пост на @shutrak
    На почеток на реченица, после 2-3 збора и традиционално на крај на реченицата.:pipi:
     
    На krkac, Sasa Ilic и shutrak им се допаѓа ова.
  14. shutrak

    shutrak opsenar

    Член од:
    3 јуни 2011
    Мислења:
    19.669
    Допаѓања:
    13.331
    ,,,sekoe parche na zborovi,,,oddeleno so zapirkite egzistiraat sami za sebe,,,a site zaedno pravat celina,,,:icon_mrgr:
    ,,,/ sloboda na nachin na izrazuvanje /,,,:D
    ,,,iPS,,,obichno posle vakvo prashanje brojot na kazneni poeni se zgolemuvaat ili sleduva vospiten nekolkudneven ban,,,:icon_mrgr:
     
    Последно уредено: 19 јуни 2019
    На krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Darklady

    Darklady

    Член од:
    29 октомври 2011
    Мислења:
    2.101
    Допаѓања:
    12.541
    слобода на начин на изразување:P

    П.С. Па нели темата се вика „Сакам да знам“, од каде сега повикуваш на воспитни мерки :icon_mrgr:во време на демократија имаме право да прашаме се што сакаме да знаеме :icon_mrgr:
     
    На krkac и Sasa Ilic им се допаѓа ова.

Сподели преку: