Имам другарчиња што правеле вака со онлајн нарачки баш тренерки и се комплет и се бавеле со ова порано, па да ти кажам само како оди. Ништо од ова на страниве не е оригинално, сите се некоја добра копија која на сајтови како Aliexpress и компанија би чинела пример 1200 денари, а тие ти ја продаваат за 4500, велејќи дека е оригинал. Тоа е фората кај сите овие фб онлајн нарачки, би ти советувла да си купиш од официјална фан страна на тимот на кој дрес/тренерки сакаш да земеш.
Не мора да значи дека ќе те излажат. Имаше еден сајт на фб (а верувам повеќе се такви) каде што беше наведено дека е "оригинал" ама со лош квалитет, као демек исто знакчиња исто све, ама каде каде поевтини од другите. И на пример дресот ако кошта 1100, он ти зима 1400-500 или повеќе као демек за услугата, он шо се бавта да ти нарача ако ти не се разбираш или не сакаш да чепкаш
Да се надополнам, ако на некој му е мерак да си купи оригинал дрес од некој тим, нека си потсобере асално пари и нека си го истера меракот. Подобро 60-70 евра за оригинал, него 20-30 евра за дрес што нема да ти е мерак, и плус ќе ти се изљупи за помалце од година
Имав оригинал од Баерн од 2008, подарок беше, 2015та почнаа да се лупат буквите од перење, другото се си е океј
Воден од изреката : Сиромашниот и стиснатиот дупло плаќаат