Разбрав дека има некоја паркинг месечна карта во Центар, за кираџии и оние кои не се од Скопје, а сепак живеат таму. Некој по упатен?
Повластена Паркинг Карта - Времена Паркинг Карта за Станари
ППК - ВПКС добиваат сатнарите кои што поседуваат сопствено возило и живеаат на територија на Општина Центар а тоа можат да го докажат со имотен лист или договор за закуп заверен на нотар.
Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница но не и на резидентните паркиралишта.
*
Потребна документација:
- лична карта (на увид)
- сообраќајна дозвола (на увид)
- Имотен Лист или Договор за закуп заверен на Нотар
* Цената на
ППК – ВПКС е:
- Еднократен надоместок за склучување на договор 350 ден.
- за прво возило 250 денари
- за второ возило 500 денари
- за трето возило 1500 денари