Emma
Supergirl.
- Член од
- 7 јуни 2006
- Мислења
- 3.045
- Поени од реакции
- 157
Во книжарницата на „Матица македонска” сe одржува традиционалниот Саем на книга. Саемот кој се одржува традиционално секоја година ќе трае до крајот на месецов, а годинава се одржува по петти пат.
Во „Матица”, сметаат дека според досегашните искуства, анализите и резултатите од минатите четири години, заклучокот е дека Македонија има потреба од организирање на вакви манифестации со оглед на се поголемиот број читатели.
Оваа година, Клубот „Матица” и сите читатели од Македонија ќе имаат можност да набават и да создадат сопствена домашна библиотека од 5.000 понудени наслови со попуст од 10 до 80 проценти. Цените што ќе бидат понудени, велат во „Матица”, ја оправдуваат идејата на слоганот во кампањата „Книга во секој дом!”
Издавачката куќа „Матица македонска е куќа која ги следи светските трендови во издаваштвото. Она што особено треба да се потенцира е дека во „Матица” се залагаат и за што подостојно презентирање на нашата култура, боите на нашата држава, нашиот јазик и пред се името Македонија. Но, од друга страна општ е впечатокот на сите институции дека за промоција на сопствената држава мора да се активира граѓанинот на таа држава. Сето ова го преземаме, вели Дејан Павлески, со намера во вистински правец и со јасна цел да ја продолжиме културната и национална промоција.
Доцни темава, ама сепак мислам дека заслужува место на форумов.
Бидејќи јас ја отворив, нешто за почеток...
Бев два пати на саемот, на третиот ден од отворањето со моите, и подоцна уште еднаш со пријатели. Си купив доста книги, меѓу кои и неколку бестселери... Моментално се` уште сум на "Папата Јована"... Само штета што се погоди на крајот од распустот, и сега имам значително помалку време за читање. Убаво беше, доста посетен саем со прилично добар избор (кој никогаш не е доволен ) и пријатна атмосфера... Полн погодок. Ама според мене...
Па, го посети ли некој од вас саемот? Да чуеме и други впечатоци...?

"Утрински весник", 22.01.2007 год.