Пред некој ден баш зборував со луѓе, а и на друга социјална мрежа напишав - точно 0 (нула) еуфорија за првенствово во Катар. Нула.
Не сум голем фан на репстативен фудбал, но кога е во прашање Светско првенство, мене, а и на сите претпоставувам, празник. За ова, ништо, никаква емоција, никаква заинтересираност. Да не се соседниве земји и нивниве подготовки за првенството, одвај ќе знаев и дека се игра.
Тоа што се одржува на есен и во ниедно време, како и консеквенците што овој Мундијал ќе ги остави врз клупскиот фудбал (ќе ги и веќе ги остави), сигурно играат улога во формирањето на мислење. Сепак, не се тоа единствените причини. Не се дури ни главните.
Во ред, точно е ова што сте го дискутирале. Не е ФИФА корумпирана од вчера и не е потребен Netflix да извади документарец за да ја осознаеме говнарската природа челниците на оваа организација. Ниту пак ние сме од вчера и не знаеме како одредени земји ја добиле таа чест да угостат толку и толку репстации на Светско првенство. Вклучувајќи го (и особено) Катар.
Случувањата во врска организацијата и каква жртва (не зборувам метафорички) е поднесена за да можат белоглавиве да флексаат со парите пред цел свет - згрозувачки.
Не дека во Русија, САД, Германија, наведи кој, при изградбата на стадиони, инфраструктура и разни капацитети, трудот на работниците кои создаваат е ценет. Да не се лажеме. Но, експлоатацијата на луѓе (во секаква смисла) од катарската држава во изминативе осум години ги надмина сите граници. Катар, за остварување на своја цел, буквално учествуваше во убивање луѓе.
Владата на Катар објави дека ангажирала 30.000 (далеку повеќе, неофицијално) работници само за изградба на стадионите. Воглавно од Индија, Бангладеш, Непал, Филипини. Куп луѓе и од арапските држави.
До февруари, лани, 6500 мигранти-работници починале на самите места. Да, 6500, според амбасадите на матичните земји на овие луѓе.
Секако, Владата ги негираше овие наоди (големо изненадување). Срцеви удари, мозочни удари, падови од скеле, пресечени екстремитети итн.
Непријавени, за бедни пари (или без, со услов дека ќе можат да престојуваат во Катар откако ќе си ја завршат работата), во мизерни услови, на 40 + степени секој ден и по 12+ часа.
Има некаква разлика со другите првенства, нели? Покрај стандардните наши причини и грижи за клубовите, заедно со нелагодноста да гледаме Мундијал на зима, наместо како досега во јуни и со пиво во рака.
Верувам и навивам да биде комплетно промашување и сакам ФИФА и Катар дебело да се посрамотат. Јас ќе фрлам повремено око, онака баш рамнодушно. Додека се вратат конечно клубовите.