СП 2018 - Група Ф (Германија, Мексико, Шведска, Јужна Кореја)

Кои два тима ќе продолжат понатаму?

  • Германија

  • Шведска

  • Мексико

  • Јужна Кореја


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Значи зборам за ситуацијата при примениот гол, не за цела утакмица. Тоа што Кимих и Платенхард биле многу напред во таа ситуација каде што се започнува од тоа кога Кедира ја загуби топката не го оправдува трчкањето на Крос каде што можеше да смени многу нешта и да ги исправи тие грешки претходно направени од другите и да не се ни зборуваше сега за тоа.

Инаку треба да ги стартува Крос, Гундоган и Горецка во средина следен натпревар против Шведска, а Кедира и Озил на клупа. Исто и Ројс лево на местото на Дракслер ама Лев е тоа, така да не очекувам никакви големи промени освен Хектор што ќе се врати бидејќи бил болен нешто затоа не играше и можеби Ројс што ќе го стартува. Тоа е максимумот што го очекувам да го промени. Милер мора да повеќе централно да оди на помош на Вернер како што добро Милер соработува и со Лева така и на Вернер ќе му биде од голема корист. 2-3 пати само го видов Милер во шеснаесетник, а најчесто нафлуваше од десно, а Дракслер и Вернер сами чекаат топка во шеснаесетник. Значи смешни беа ептен. Затоа и Кимих често улетуваше во шеснаесетник зашо и Озил често одеше по десната страна кај Милер.
Те сфатив што сакаше да кажеш за Крос и во право си,ама кога видов дека Озил истрча за да го стигне,којшто е мрза невидена сфатив колку е саат.Лев може да направи со тројца средина,ама познавајки го и во 2014 би го играл Озил лево,мада не би требало.Ќе видиме за 5 дена
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.967
Поени од реакции
25.281
Те сфатив што сакаше да кажеш за Крос и во право си,ама кога видов дека Озил истрча за да го стигне,којшто е мрза невидена сфатив колку е саат.Лев може да направи со тројца средина,ама познавајки го и во 2014 би го играл Озил лево,мада не би требало.Ќе видиме за 5 дена
Па тоа и сум изненаден, колку и да е мрзлив и да не го бива веќе барем се виде дека трча колку што може за да го стигне Лозано и да се обиде да му ја одземе, а го имаш и Крос кој си трчка лабаво.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.229
Поени од реакции
6.710
И ја мислам дека Крос,Кедира а и Хумелс се кривци за голот. Кедира многу слобода си доби и загази напред со шо остави простор поназад кај шо му е позицијата,Крос како што спомна Ули ради трчкањето,а Хумелс ради тоа шо излезе на 55 метра да го брка Чичарито и го остави Боатенг сам на крајот..
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
@Uli Hoeneß

Не ме јеби, пишуваш пост во кој три пати го обвинуваш Кросс како виновник за голот, пишувајќи као ок другиве згрешија ама ок што згрешија, Кросс требаше да шпринта и да спаси гол, лол.

Ај да видиме:

Capture.JPG
Првата ситуација кај што Хумелс отпаѓа од Чичарито и остануваат 1 на 1 со Боатенг. Кросс и Озил се најблиску и треба да покријат, левиот бек МОРА овде да шпринта назад пошто е факинг БЕК, а Кимих е искочен напред.

Capture2.JPG
Боатенг си го брани просторот, Лозановски утрчува од лево и по секоја логика Озил тргнува на него, пошто е од неговата страна. Кросс тука е виновен единствено затоа што не шпринта да му направи притисок од зад грб на Чичарито. Но, толку е ебаната брзина на Кросс, целата негова кариера.


Capture3.JPG

Но ко што сфаќам ти најмногу за оваа ситуација му замераш?
Прво, овде има играч кој се уфрла од втор план, го имаш и Чичарито десно. Кросс овде ја прави најлогичната одлука, затоа што веќе Озил е на Лозано отиден, Боа брани додавање до Чичарито, а Кросс до овој што улетува.

После сликава кога гледа дека Озил отпаѓа од Лозано, он улетува таму и не стигнува за малку да блокира.

Што повеќе од Крос во ситауцијава очекуваш? Он никад не бил шпринтер. И мене ме нервира со трчкарењето, ама тоа е Кросс, он и од ова извади максимум од неговите можности.

Настрана тоа што па попримарна работа е на бековите овде да се вратат назад, кои ги нема ни блиску и ајде Кимих е многу напред, ама оној левион бек комотно треба да стигне назад у ваква ситуација.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Значи,со самото тоа што доаѓа до ситуација Озил да ти остане последна шанса за да спречи противнички играч да даде гол,се гледа колку е саатот.Будали има многу,најмалку се тие што ти ги правиш.
Му викаш на Елнињо дека го брани Крос затоа што игра за тимот за кој тој навива,а ти правиш такво нешто х100.Иронично е друже.
Премногу ги амнестираш играчите од Баерн во германската репрезентација,а другите што не се од Баерн 100 мајки им ебеш. :)

За Озил ќе кажам само едно нешто,само неколкумина ќе ме разберат.Луксуз играч кој е потребен во х тим.Толку. :)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.145
Поени од реакции
16.658
Имаше една ситуација кога Крос ја изгуби топката/ не убо ја зафати и замина во гол аут а тој онака лабав не ни проба да ја стигни само одмафна со рацете, како на пријателска да е братот, а пази важи за играч кој истрчува најмногу км во натпревар, дали е замор во прашање, презаситеност или нешто друго ама со пна понашање ништо не прат.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.730
Поени од реакции
11.565
Кимих цело прво полуврме го преспа напред, ко по автопат летаа мексиканците по неговата страна овој еднаш не беше на место.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.462
Пре би ја барал вината кај Лев, него кај Крос. Сулудо ми е да гледаш дека ти виси голот на контри, и да продолжиш да играш така високо.

Пола форум тука увиде дека ке примат гол Германците, само копачот на клупа не сфати.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.731
Поени од реакции
9.782
Кедира и Озил се минато, играат на стара слава. Крос играше сам во средина (не добро, ама бар играше), одбраната 200 пати беше оставена сама на себе (Хумелс и Боатенг), Кимих цело полувреме го преспа напред без да се враќа, Платенхард не постоеше ни напред ни назад. Ваљда ќе си ги признае грешките Јоги и ќе смени состав за наредната. Брандт ми е играчина, за 2 минути направи повеќе од Озил, Кедира, Милер за 90. Ројс исто така ја размрда играта. Нема да може двајцата прв состав да играат (иако не сум сигурен дека Дракслер носи повеќе придобивки од Брандт ама ајде), ама барем Ројс наместо Озил и Гундоган наместо Кедира (секако не е полош од стариов). Кимих 2-3 шамари да се свести, Хектор 2-3 инјекции да батали грипот и ќе заличат на нешто.

ПС. имаа лево и десно 2 милиони ситуации 1 на 1, никој не се осмели да помине играч мислиш против Неста и Малдини играат. Да беше Сане бар ќе се одважеше да издрибла нешто наместо да ја вергла назад до недоглед. Истата тажна игра ко Барса против бункер тимови. Ама ајде, важно Руди е во тимот.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ништо чудно пак први да бидат Германците, ако му текне на Лев кои играчи треба да стартуваат. Мексико ќе киксне со Шведска, а Кореја може нерешено да извади со некој од трите само, на дното ќе бидат.
Ja imam korea pod 3 boda... cul te gospod za ova
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Лошо изгледа швабите вчера, но се поправа работата. Треба надвор и Милер, и Озил, и Кедира, И Дракслер. Милер и Озил се полоши од Бакајоко, а Дракслер само навидум изгледа дека игра нешто, а во принцип е многу промет малку ќар. На Кедира му е поминато времето.
Не ми се веруваше вчера колку дуели изгубија Германците, и колку лесно им ја одземаа топката.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Значи,со самото тоа што доаѓа до ситуација Озил да ти остане последна шанса за да спречи противнички играч да даде гол,се гледа колку е саатот.Будали има многу,најмалку се тие што ти ги правиш.
Му викаш на Елнињо дека го брани Крос затоа што игра за тимот за кој тој навива,а ти правиш такво нешто х100.Иронично е друже.
Премногу ги амнестираш играчите од Баерн во германската репрезентација,а другите што не се од Баерн 100 мајки им ебеш. :)

За Озил ќе кажам само едно нешто,само неколкумина ќе ме разберат.Луксуз играч кој е потребен во х тим.Толку. :)
Сега нешто ќе ти каже бато... Луксуз играч е да точно, и потребен е да точно, ама баш во второкласни тимови ко вашиот.. Зошто ? Затоа што мора да си комплетен играч за да играш во тим што освојува... Со Озил ништо не можеш да освоиш.. Треба да си Пирло (класа а некомплетен играч) за да освоиш..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Не знам кој е побудала, дали Лев што им кажува однапред кој фудбалер на кој натпревар ќе игра или овој што отрчал и се исповедал на првиот новинар што го сретнал.
Можда е и лага,подоле Лотар Матеус го демантирал ова,проблеми има Германија мора да ја најде најбалансираната 11ка,она вчера напаѓање на сите на ништо не личеше,па и зимањето сила на Кедира да оди напред синкир Давид Силва или Иско е :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom