СП 2018 - Група Ф (Германија, Мексико, Шведска, Јужна Кореја)

Кои два тима ќе продолжат понатаму?

  • Германија

  • Шведска

  • Мексико

  • Јужна Кореја

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
4 ноември 2013
Мислења
857
Поени од реакции
1.365
Абе каков Ројс, не се состави со топка скоро. Реков за Бранд, батето откако влезе за 5 минути направи повеќе од сите офанзивци на Германија цел меч. Штом веќе го нејќе Сане, мора овој да му игра, исто се слагам за Гундоган и Горецка.

Нека тера со млади барем.

Вака ја прави истата грешка ко бркото со Шпанија, и веројатно е да го снајде иста судбина. Освен фусбалгодот Кросс и Кимих и Вернер, све останато од стартниов состав денеска беше нула. Не знаешш дали им е потрагично триото Дракслер-Озил-Милер или стоперскиот тандем...

Единствено помизерен играч од нив беше Чичарито денеска, да имаат Мексиканциве асален шпиц, со ваква ненормална транзиција ќе бидат опасни во осминафинале.

Шведска треба да е утепана, ама против Кореа може да го кркнат Швабиве...
Добар е Ројс откога се врати , не заебавај , Брандт е добар тука нема зборови , ама ја попрво би го ставил Ројс
Ноер
Кимих Хумелс Боа /
Крос Гундоган
Брандт Горецка Ројс
Вернер
Би движел овој состав иначе со Озил Милер и Кедира кур ке испушат..
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.979
Поени од реакции
25.323
Испаѓаат во осминафиналето против Бразил, а Мексико (осминафинале против Србија/Швајцарија) до четвртфинале ќе стигнат, ако не изненадат и до полуфинале.
И на последното СП играа така јако и испаднаа за жал со несреќа од Холандија.

Лозано потсеќа на А.Санчез.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.732
Поени од реакции
11.566
Хумелс играчиштето земал да збори, денес главата не знаеше кај му е 90 минути.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.624
Поени од реакции
62.801
Хумелс и багра ќе ги сонуваат Лајун и Лозано вечер.
И да, никогаш нема да сфатам како Чичарито направи таква кариера, ебате среќата шо ја има у животот, помизерен напаѓач шо има направено таква кариера не памтам да имало.
Чичарито направи кариера ради тоа што во Јунајтед на Фергусон си седеше на клупа, и беше златна резерва. Одличен финишер е кога треба со 1 до 2 допири да финишира. Ако му оставиш сам да гради акција, се дешава она од денес. Требаше барем 2 гола да даде.

Милер и Озил се двата најслаби фудбалери на првенството, без сериозна конкуренција.
Па, би ги додал и Иниеста и Кедира тука. Озил барем нешто играше во репрезентација, вака ако продлжи во Арсенал, а само што му дадоа 300к договор...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.190
Поени од реакции
16.749
Добро шо ви е на сите со коментарите за Шведска бе ?
Во квалификациите солидно изиграја, ја победија Франција и ја испаднаа Италија во баражот.
Чекајте да ги видиме утре каква игра ќе прикажат, па после ќе ги напаѓаме.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Сеа Бразил ќе гледа да заврши втор за да ја избегне Германија :LOL::LOL::LOL:
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Ништо чудно пак први да бидат Германците, ако му текне на Лев кои играчи треба да стартуваат. Мексико ќе киксне со Шведска, а Кореја може нерешено да извади со некој од трите само, на дното ќе бидат.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.190
Поени од реакции
16.749
Вака кога ќе ги види чоек резултатите од прво коло и моментално како стојат на табела ќе си помислиш дека ќе калкулираат сега наредните два натпревари Бразил и Германија, ама тие калкулациите можи од гла да му се акнат, светско е ова не вервам такви срања да си дозволат, ваљда

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.460
Поени од реакции
10.157
Наредна без Озил и ќе победат.И денес ќе тепаа ако Озил беше на клупа.:kafence:
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.979
Поени од реакции
25.323
Пуштете од 00:38 за примениот гол на Германија каде баш и на германската програма правеа анализа каде што Чичарито свртен со грб од прва дава пас и го зезнува Хумелс па така и се лизнува Хумелс и забележете како Крос си трчка како на загревање (дури го зумираа при анализата) и откако Чаки (Лозано) го прати Озил по гиро, Крос забрза, но веќе беше касно. Сакам да кажам да трчаше Крос малку побрзо, значи малку побрзо отколку што трчкаше ќе го блокираше Лозано, ќе му ја одземеше или во корнер ќе ја шутнеше. За само секунда време да беше побрз Крос, на Лозано ќе му беше одземена/блокирана топката.

Кедира најпрво ја губи топката. Значи 4 играчи прават кикс од кои Крос можеше на крај да ги исправи многу лесно сите грешки направени претходно и да беше заборавено она на Лозано што му направи на Озил.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.867
Поени од реакции
4.376

А Кимих џогираше исто и Платенхардт(ок може беа истрошени,ама паметам Белерин каков спринт истрча против Свонси за да му ја избаци на Гомис),катастрофа беа прво полувреме ДНО,сите сакаа у напад никој не се враќаше.Мораа малце да легнат на топката после тие 3-4 контри кога им ги направија и не постигнаа гол,они пак продужија исто и нормално примија гол.Сега максимално напаѓачки ќе влезат против Шведска и очекувам 2-3 гола разлика ....И би летал Кедира а не негово место Горецка,Гундоган.А Дракслер не ни праам муабет.Е сега прашање е дали Брандт или Ројс.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

Сериозно брат, за Кросс се фати од цел тим? :D

Тоа што Хумелс и Боатенг испаднаа ко мајмуни не е битно, најбитно е Кросс што не стигнал да се врати да пресече. :icon_lol:

Најдобар им беше во цел тим, единствениот што пробуваше да направи нешто, само он, Кимих и Вернер беа со преодна отцена од цел тим.

Тони сезонава ја одигра топло ладно, ова „трчкарење“ му е негативна одлика која и во Реал ја применува, ама за денеска е грев да му замериш, не може и да ти покира дефанзивно и да ти организира игра сам, затоа што мртваците пред него за кур не ги биваше...

Да не беше и он денес, Германците немаше да ги направат ни овие малку прилики што ги направија...
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.979
Поени од реакции
25.323
А Кимих џогираше исто и Платенхардт(ок може беа истрошени,ама паметам Белерин каков спринт истрча против Свонси за да му ја избаци на Гомис),катастрофа беа прво полувреме ДНО,сите сакаа у напад никој не се враќаше.Мораа малце да легнат на топката после тие 3-4 контри кога им ги направија и не постигнаа гол,они пак продужија исто и нормално примија гол.Сега максимално напаѓачки ќе влезат против Шведска и очекувам 2-3 гола разлика ....И би летал Кедира а не негово место Горецка,Гундоган.А Дракслер не ни праам муабет.Е сега прашање е дали Брандт или Ројс.
Значи зборам за ситуацијата при примениот гол, не за цела утакмица. Тоа што Кимих и Платенхард биле многу напред во таа ситуација каде што се започнува од тоа кога Кедира ја загуби топката не го оправдува трчкањето на Крос каде што можеше да смени многу нешта и да ги исправи тие грешки претходно направени од другите и да не се ни зборуваше сега за тоа.

Инаку треба да ги стартува Крос, Гундоган и Горецка во средина следен натпревар против Шведска, а Кедира и Озил на клупа. Исто и Ројс лево на местото на Дракслер ама Лев е тоа, така да не очекувам никакви големи промени освен Хектор што ќе се врати бидејќи бил болен нешто затоа не играше и можеби Ројс што ќе го стартува. Тоа е максимумот што го очекувам да го промени. Милер мора да повеќе централно да оди на помош на Вернер како што добро Милер соработува и со Лева така и на Вернер ќе му биде од голема корист. 2-3 пати само го видов Милер во шеснаесетник, а најчесто нафлуваше од десно, а Дракслер и Вернер сами чекаат топка во шеснаесетник. Значи смешни беа ептен. Затоа и Кимих често улетуваше во шеснаесетник зашо и Озил често одеше по десната страна кај Милер.[DOUBLEPOST=1529277451][/DOUBLEPOST]
Сериозно брат, за Кросс се фати од цел тим? :D

Тоа што Хумелс и Боатенг испаднаа ко мајмуни не е битно, најбитно е Кросс што не стигнал да се врати да пресече. :icon_lol:.
Ја погледна ли уште еднаш акцијата каде што падна голот или не? Прочита дека сум го спомнал Крос и ме цитираше спомнувајќи ми го и Боатенг. :pos:
Не се фатив за Крос само, убаво напишав, да не ви повторувам по 100 пати. Се започна од Кедира, па Чичарито свртен со грб (каде што му приоѓа Хумелс) и на прва дава пас, му бега на Хумелс, тој се лизнува и го имаш најголемиот и најсмешен момент кога Тони Крос трчка како да се загрева и дури откако Лозано го направи Озил будала, му текна да забрза и добро се гледа дека само за секунда време Крос ќе успееше да го блокира Лозано. Значи ете, не морал ни максимум спринт да правел, само малку побрзо да трчкал ќе го блокираше Лозано. Значи зборам за ситуацијата при примениот гол. Не за цел натпревар така да читајте убаво кога ви се пишува нешто, а не одма да скокате за играчи кои што играат за вашите омилени тимови. Пишав сите 4ца се виновни ама Крос најмногу зашо можеше да смени сите киксови претходно доколку не трчкаше така како што трчкаше бидејќи не личи на ништо и смешно е тоа од играч на Крос, такво незамарње во таа ситуација.
Па и Боатенг ми го спомнуваш, единствен беше сам назад. Брееј како мали деца. Крос го спомнав каде што и се гледа на видеото и сум пишал кои секунди од видеото да ги погледнете повторно за акцијата на голот ти Боатенг ми го спомнуваш пошо јас Крос го кривам. :pos:

Тоа што погодил пречка од слободен удар и што еднаш му ја шутна во раце на Очоа каде што му ја фати без проблеми не го оправдува трчкањето на Крос во ситуацијата кога примија гол и кога можеше да смени многу нешта.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom