- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.311
- Поени од реакции
- 6.533
Дојде време и за елиминациската фаза на СП во Франција. Кога на крај се ќе се сумира, групната фаза помина главно во рамки на очекувањата, без поголеми изненадувања иако ситни поместувања нормално секогаш има.
Идните 2 дена не очекуваат осминафиналињата, кои го трасираат патот и до самото финале. Веќе се знае кој како и со кого вкрстува до крај.
Македонија - Норвешка
Норвешка влегува како голем фаворит на средбата предводена од идната ѕвезда Сагосен и балансираниот тим околу него кој нема особена слабост. Македонија од друга страна влегува подмладена, повредена, доста истрошена но и со голема желба конечно првпат во историјата да се мине тоа баксузно осминафинале и да се пласира во 8те најдобри во светот. Шанси 85/15 за Норвешка
Данска - Унгарија
Унгарија тотално разочара во последниот натпревар и ненандејно се најде во исклучително тежок дуел со Данска. Веројатно дерби на осминафиналињата. Унгарија во принцип има состав и за четвртфинале но доста потфрлија овде на крајот. Некако против сите појаки екипи без во игра и против сите изгубија. Данска од друга страна рутински досега, нив фокусот им е во четвртфиналето. Шанси 70/30 за Данска.
Шпанија - Бразил
Шпанија не блескаше во најголем дел од групната фаза, но пак победи на сите натпревари. Бразил има интересна млада екипа која може да почне да им ги замрсува сметките на европјаните во иднина. Но во 2017 е се чини прерано за било што освен рутинска победа на Шпанија и поглед кон четврфиналето каде ги очекува многу потежок противник. Шанси 95/5 за Шпанија
Хрватска - Египет
Хрватска реално не е она што беше во изминатите 10 години. Не само по игра, според мене и по квалитет на играчите веќе се паднати едно скалило подолу од топ4. Но и покрај тоа имаат добар и компактен тим, без слаби страни предводени од Дувњак и комбинација од млади и искусни играчи околу него. Од друга страна, Египет е најдобра афричка екипа, можеби и најдобра неевропска моментално (Катар и Тунис се тука некаде, но Египет е постабилен последно време). Нема да биде лесно за Хрватите, но сепак се јасни фаворити. Шанси 75/25 за Хрватска
Русија - Словенија
Русите по којзнае којпат во последниве години имаат состав но немаат игра. Торгованов малку ги среди редовите но сеуште се далеку од закана за елитата. Словенија од друга страна е доста нестабилна. Од блескави партии (Македонија) до тотално разочарување (Шпанија). Ова е веројатно најнепредвидливиот дуел од сите осминафиналиња особено што Русија може целосно да се носи со Словенија во напад дури и да ги надигра. Прашањето е колку ќе издржи одбраната. Шанси 60/40 за Словенија.
Германија - Катар
Германија во изминативе 12 месеци направи чекор напред и се приклучи на Франција и Данска во групата фаворити за медал. Имаат млада полетна но и комплетна екипа. Слаби страни реално немаат. Одличен тренер. Сите предуслови за одличен резултат на ова првенство. Катар од друга страна е преполовен во однос на составот од СП 2015. Во ваков состав осминафиналето е се чини максимален дострел иако се незгодни. Шанси 90/10 за Германија
Франција - Исланд
Франција е доминантна и игра дома пред 25 илјадна публика. Исланд е подмладен, дисциплиниран но и обејктивно немоќен против сеиозни екипи. Се освен лесна победа на Франција би била една од најголемите сензации во историјата на СП. Шанси 99/1 за Франција
Белорусија - Шведска
Белорусија на ова првенство дојде подмладена и со прв чекор кон смена на генерации. Беа на раб на испаѓање од групната фаза, но чудото против Унгарија не само што ги однесе во осминафиналето туку и ги вивна до третото место и избегнување на Данска. Во Шведска постепено до израз доаѓа една нова гарда на ракометари. Транзицијата трае веќе 2-3 првенства и мислам дека оваа нова генерација може повторно да го крене и стабилизира ракометот во Шведска иако не е на ранг на онаа генерација од 90тите. Шанси 85/15 за Шведска