СП 2017 - Елиминациска Фаза

Член од
5 април 2013
Мислења
3.048
Поени од реакции
5.133
Дојде време и за елиминациската фаза на СП во Франција. Кога на крај се ќе се сумира, групната фаза помина главно во рамки на очекувањата, без поголеми изненадувања иако ситни поместувања нормално секогаш има.

Идните 2 дена не очекуваат осминафиналињата, кои го трасираат патот и до самото финале. Веќе се знае кој како и со кого вкрстува до крај.

Handball knock-out phase.JPG


Македонија - Норвешка
Норвешка влегува како голем фаворит на средбата предводена од идната ѕвезда Сагосен и балансираниот тим околу него кој нема особена слабост. Македонија од друга страна влегува подмладена, повредена, доста истрошена но и со голема желба конечно првпат во историјата да се мине тоа баксузно осминафинале и да се пласира во 8те најдобри во светот. Шанси 85/15 за Норвешка

Данска - Унгарија
Унгарија тотално разочара во последниот натпревар и ненандејно се најде во исклучително тежок дуел со Данска. Веројатно дерби на осминафиналињата. Унгарија во принцип има состав и за четвртфинале но доста потфрлија овде на крајот. Некако против сите појаки екипи без во игра и против сите изгубија. Данска од друга страна рутински досега, нив фокусот им е во четвртфиналето. Шанси 70/30 за Данска.

Шпанија - Бразил
Шпанија не блескаше во најголем дел од групната фаза, но пак победи на сите натпревари. Бразил има интересна млада екипа која може да почне да им ги замрсува сметките на европјаните во иднина. Но во 2017 е се чини прерано за било што освен рутинска победа на Шпанија и поглед кон четврфиналето каде ги очекува многу потежок противник. Шанси 95/5 за Шпанија

Хрватска - Египет
Хрватска реално не е она што беше во изминатите 10 години. Не само по игра, според мене и по квалитет на играчите веќе се паднати едно скалило подолу од топ4. Но и покрај тоа имаат добар и компактен тим, без слаби страни предводени од Дувњак и комбинација од млади и искусни играчи околу него. Од друга страна, Египет е најдобра афричка екипа, можеби и најдобра неевропска моментално (Катар и Тунис се тука некаде, но Египет е постабилен последно време). Нема да биде лесно за Хрватите, но сепак се јасни фаворити. Шанси 75/25 за Хрватска

Русија - Словенија
Русите по којзнае којпат во последниве години имаат состав но немаат игра. Торгованов малку ги среди редовите но сеуште се далеку од закана за елитата. Словенија од друга страна е доста нестабилна. Од блескави партии (Македонија) до тотално разочарување (Шпанија). Ова е веројатно најнепредвидливиот дуел од сите осминафиналиња особено што Русија може целосно да се носи со Словенија во напад дури и да ги надигра. Прашањето е колку ќе издржи одбраната. Шанси 60/40 за Словенија.

Германија - Катар
Германија во изминативе 12 месеци направи чекор напред и се приклучи на Франција и Данска во групата фаворити за медал. Имаат млада полетна но и комплетна екипа. Слаби страни реално немаат. Одличен тренер. Сите предуслови за одличен резултат на ова првенство. Катар од друга страна е преполовен во однос на составот од СП 2015. Во ваков состав осминафиналето е се чини максимален дострел иако се незгодни. Шанси 90/10 за Германија

Франција - Исланд
Франција е доминантна и игра дома пред 25 илјадна публика. Исланд е подмладен, дисциплиниран но и обејктивно немоќен против сеиозни екипи. Се освен лесна победа на Франција би била една од најголемите сензации во историјата на СП. Шанси 99/1 за Франција

Белорусија - Шведска
Белорусија на ова првенство дојде подмладена и со прв чекор кон смена на генерации. Беа на раб на испаѓање од групната фаза, но чудото против Унгарија не само што ги однесе во осминафиналето туку и ги вивна до третото место и избегнување на Данска. Во Шведска постепено до израз доаѓа една нова гарда на ракометари. Транзицијата трае веќе 2-3 првенства и мислам дека оваа нова генерација може повторно да го крене и стабилизира ракометот во Шведска иако не е на ранг на онаа генерација од 90тите. Шанси 85/15 за Шведска
 
Член од
19 март 2013
Мислења
1.272
Поени од реакции
881
Браво за Бразилците играат со муда во ова прво полувреме и дадоа неверојатни 18 гола.Очекувано е сега да го јадат во второто,ама барем нема да бидат понижени.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
3.575
Поени од реакции
2.400
Браво за Бразилците играат со муда во ова прво полувреме и дадоа неверојатни 18 гола.Очекувано е сега да го јадат во второто,ама барем нема да бидат понижени.
Vtoro 10 max ako dadat a ke primat 20.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
16.548
Поени од реакции
11.626
Браво за Бразилците играат со муда во ова прво полувреме и дадоа неверојатни 18 гола.Очекувано е сега да го јадат во второто,ама барем нема да бидат понижени.
ако спадне и СЛО и ЕСП, ние 15-сме или нема методологија за пресметување ?
 

Tomasino

Semper etiam ubique superiores
Член од
19 март 2009
Мислења
9.153
Поени од реакции
18.266
Аууу каков гол на Шишкарев:drk:,гол на првенството досега,потоа наредна акција и страшен соло пробив на Безјак.:cuc:
 
Член од
19 март 2013
Мислења
1.272
Поени од реакции
881
ако спадне и СЛО и ЕСП, ние 15-сме или нема методологија за пресметување ?
Мислам дека се гледаат бодовите од по групите,а ние со 5 бода сме подобри од 5 репрезентации шо значи дека треба да бидеме 11то место,а тоа би се десило доколку нема никакви изненадувања и сите тие екипи шо влегоа со по 4 бода испаднат.Бразил одлично се држат сеуште,ама кај и да е ги очекува потоп.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
16.548
Поени од реакции
11.626
сега видов, сестрите судат... ама не пали кај нив глумење
.. јас се зезав вчера , сестрите да ни судат , жутиот да ги фати на глума...
Да ни судеа нам сестрите со Норге, ќе јадевме 20 разлика
 
Последно уредено:

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.873
Поени од реакции
22.236
Имало репрезентации што играат и поантички ракомет од нас. Русија :aplauz:
Него на Дибиров му дадоа 4 мин исклучување заради приговор, уште ова немав видено :pos:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
16.548
Поени од реакции
11.626
Имало репрезентации што играат и поантички ракомет од нас. Русија :aplauz:
Него на Дибиров му дадоа 4 мин исклучување заради приговор, уште ова немав видено :pos:
не гледав прво полувреме, ама русите дали барем еднаш играа 7на 6 ??
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.963
Поени од реакции
8.682
Brazilcite tri napadi po red gresen pas.Pred toa Toledo promasi.Samo posledniot napad go realiziraa.
Zaboravija da igraat pri krajot.

Ne iskoristija toa sto Santos odbrani dva sedmerci,a drugiot golman odbrani ziceriste.Toa se sluci poslednite 5 min.

Na nereseno Langaro im napravi takva finta na dvajca spanci sto gi prati po pecurki,ostana sam i ala Filip Lazarov dava backheel pas.Nikomu ne mu e jasno zosto go napravi toa.Normalno,v publika otide topkata.
 

Tomasino

Semper etiam ubique superiores
Член од
19 март 2009
Мислења
9.153
Поени од реакции
18.266
Леле Шпанците,овие бетер од нас биле бе:shok2:
Аууу,криминал невиден,неам видено досега една Шпанска репка,еве речиси две децении редовно следам првенства вака криминално да изигра.
Ова денес шо го "одигра"Фуријата го нема ни во наша мизерна лига,криминал.
Никакви акции,безидеја,чист индивидуализам,или се бараше очајно пикер,или некоја дупка до крила,а и да поминеше некоја акција на бековите или ќе се закуцаа во зона или пак голманот ќе им скинеше,аууу,шо им направи денес голманот на Бразил,па онај е лудак,на филм од Холивид или Боливуд онака нема да смислат сценарио:pos:,страшно нешто.
Ќе имаат ноќна мора сите од Шпанија од него,посебно Валеро Ривера.хаха.
Спроред статистиката имал 14 одбрани,1 пенал :cuc:,(два фати другиот голман)но мене ми изгледаа далеку повеќе,посебно шо најголем дел без чисти зицери,еден на еден,страшно нешто,ги уби во поим,свеста им ја зеде.
Е овај е тој дечко со интересна фризура и брада,хаха...
:pos:
Секоја чест,здравјето им го зеде на Шпанците и на сите шо ја чекаа денес последна,А ЈА ЧЕКАШЕ ЦЕЛИОТ ЦИВИЛИЗИРАН КОЦКАРСКИ СВЕТ:vozbud:
Хаха,ако најди некој хајлатс обавезно нека го постира,мора да се види ова чудо.
Голманот кој брани во Арендал ги засени зведите на Шпанија,пред се Де Варгас кој топка нефати кутриот,го избушија во прво,посебно Силва,средниот бек,свеста им ја зеде на Шпанците,Лангаро се изнапуца,даде 5 гола ама повеќе поеба од шо даде,иако имаа голема мака да го задржат,исто и со пикерот се изнамачија,душата им ја извади.
На крај се извадија со две исклучувања на Бразил,едно на Лангаро при ситуација кога Бразил водеше 26-25,а другото на Силва на две минути до крај,тука го скрши Шпанија мечот.
Ејјј,како се тресеа при напад,а имаа играч плус,рацете им се секоа на играчи со титули и злата како Кањелас,хаха,резилииии.
На крај Алекс закуца за +2 и се радуваа како да освоиле злато,дури и коментаторот на Шпанската се подмочна од среќа,арно шо немаше време за Бразил,одма вратија но имаше уште 10ина секунди од последен напад и ја задржаа некако топката,ако останеа барем 30ина секунди сигурно како што им беа сечени рацете самата топка ќе им паднеше.
Не ми се верува сеуште од ова шо го видов,истата селекција која ја растури една Словенија пред само 2 дена денес со репка која изгуби 100 разлика од Франција,која беше разнесена од Норвешка со речиси 40 комада,и една Русија која без Атман и Горбок успеа рутински на крај да ги расчука со 4 комада.
Луда работа,нека се спремаат сеа Шпанците за Германија,хуху,свеста ќе им ја земат Панцирите во 1/4 финале,со ваква игра Шпанија уште отсеа нека си букира превоз за назад.:kuracc:
Иначе од утрешните мечеви.
ГЕРМАНИЈА ИМА ДА ГО ИЗБРИШИ ПОДОТ СО КАТАР,
ќе им вратат мило за драга за онаа кражба од СП пред две години,кога мајче ебаа судиите,Шваба не заборава,мој тип е оваа дека ќе оди најмалку +7,8 за Панцирите.
Шведска треба да е лаганица со Белорусија,иако овие се незгодни и влегоа во форма,полека полека,но Шведска е селекција во подем,страшно играат засега,Скандинавци,нема тука да има милост,треба да е easy win за ТРИТЕ КРУНИ.
Данска падна некако,иако победи на тие мечеви,сепак не мора ништо да значи,затоа што играа без некои посебни мотиви,колку да се одигра,посебно тој последен меч со Катар кога едно време во второ губеа и со 5,но успеаа да се вратат и да тепаат на мускули.
И утре треба да е такво некое слично сценарио,реално Унгарија нема ниту ростер,ниту сила да им се држи во текот на сите 60 минути,кога тогаш ќе ги прекршат Данците.
Најнеизвесна според мене можно е да е Хрватска-Египет,никогаш Хрватите не биле толку безијдејни,без јасна концепција шо играат,едноставно го изгубија својот препознатлив знак,дисциплинирана игра,борбена,јака одбрана,опасна транзиција и опасни бекови предводени од можеби од можеби најдобриот плеј на денешницата,едноставно никогаш не биле со толку скромен тим,иако имаат имиња во состав,индивидуалци кои можат да ги извадат.
Не би требало да има проблеми,сепак,барем две класи е разлика овде,но се е можно,со копачка репка како Египет се е можно,и со Арабија не влегоа како треба во утакмицата па се мачеа,пристапот им е сличен на нашиот кога сме апла фаворити,еве денес и Шпанците истото го направија.
Значи на вакви нокаут мечеви кога ќе се потцени макар и малку протвникот може скапо да чини..
 
Член од
12 март 2009
Мислења
16.548
Поени од реакции
11.626
Мислам дека се гледаат бодовите од по групите,а ние со 5 бода сме подобри од 5 репрезентации шо значи дека треба да бидеме 11то место,а тоа би се десило доколку нема никакви изненадувања и сите тие екипи шо влегоа со по 4 бода испаднат.Бразил одлично се држат сеуште,ама кај и да е ги очекува потоп.
И сега има ли сознанија како ќе се рангира од # 9 до #16 ??
Друго, во Катар искористивме што Катар по два основа обезбеди учество на Олимпиада, па игравме квалификации ...сега сем европски селекции нема да има други ниту меѓу 8, така да никаква полза дали сме # 9 или #16 ?, па се враќаме на мојата предпоставка дека Исланд ја избегна Норге, а не ние Франце :confused:
патем, гледам се игра и за 17/20 и за 21/24, испаѓа Тунис повеќе утакмици ќе изигра на мундиалот од нас и другите што испаднаа во 1/8 ?
 
Последно уредено:

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
13.182
Поени од реакции
9.742
И сега има ли сознанија како ќе се рангира од # 9 до #16 ??
Друго, во Катар искористивме што Катар по два основа обезбеди учество на Олимпиада, па игравме квалификации ...сега сем европски селекции нема да има други ниту меѓу 8, така да никаква полза дали сме # 9 или #16 ?, па се враќаме на мојата предпоставка дека Исланд ја избегна Норге, а не ние Франце :confused:
патем, гледам се игра и за 17/20 и за 21/24, испаѓа Тунис повеќе утакмици ќе изигра на мундиалот од нас и другите што испаднаа во 1/8 ?
Дали Норге дали Франце исти курце.. Со кој и да игравме ќе го папавме, а исто и Исланд со кој и да играше ќе го папаше..
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.048
Поени од реакции
5.133
И сега има ли сознанија како ќе се рангира од # 9 до #16 ??
Друго, во Катар искористивме што Катар по два основа обезбеди учество на Олимпиада, па игравме квалификации ...сега сем европски селекции нема да има други ниту меѓу 8, така да никаква полза дали сме # 9 или #16 ?, па се враќаме на мојата предпоставка дека Исланд ја избегна Норге, а не ние Франце :confused:
патем, гледам се игра и за 17/20 и за 21/24, испаѓа Тунис повеќе утакмици ќе изигра на мундиалот од нас и другите што испаднаа во 1/8 ?
1. Конечниот пласман 9-16 место е според освоените поени во групната фаза на елиминираните екипи. Од досега испаднатите Бразил и Исланд се зад Македонија, Русија е пред нас. Под претпоставка дека денес нема да има изненадувања, Македонија би била зад Египет, а пред Белорусија, Унгарија и Катар. Што значи ако нема изненадувања ќе завршиме на 11 место од 24 репрезентации или исто како во 2009.

2. Нема олимпијада после ова СП. Повисока позиција помага за општ рејтинг, а не за некое си идно натпреварување. За ЕП 2018 групите квалификациски веќе се во тек, а за СП 2019 се квалификува преку ЕП 2018.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom