Искрено, ме разочараа нашиве со играта, не знам зошто толку плукате по судиите, ја освен шо го исклучија Ќире ништо друго не би им замерил, наметнаа некој чуден критеруим уште во прво полувреме, мислам дека се обидуваа да останат доследни на истиот ама дали од неквалитет дали намерно сето тоа изгледаше како судење со намера контра нас.
Не знам како може да очекувате победа, со двајца играчи не се победува светски шампион, во случајот Ќире и Темелков, особено сум изненаден од вториот, ептен беше на ниво денес, и напад и одбрана.
Другите тапа, со ваква бековска линија какво и да е судењето ќе изгубевме, кога од вкупно 6 само двајца функционираат веројатно ќе го тепаме Алжир, не и Германија.
Ни фалеше квалиетет и концентрација да тепаме денес, особено ова второто, кога со двајца играчи повеќе не даваш гол нешто не чини... лоша игра во целина.
Во одбрана бевме доста подобри отколку во напад, едно време попуштивме кога променивме во 5-1 зона, али не траеше тоа многу, брзо се вративме на 6-0 која е многу поефикасна против швабите, Темелков добро го неутрализираше Хенс со фластерот, да не се повредеше Алушевски веројатно истото ќе го правеше и он со Гландорф, и Ѓорѓоновски добро му излегуваше на Клаин во средина, се на се добар концепт имаше смислено Темелковски, али ете, не се поклопија работите како што се надевавме.
И Стојановиќ мислам дека е сеуште повреден, не гледам друга причина зошто не би играл.