СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Лигава го дочека крајот, Вардар е новиот и воедно прв шампион, ако следна сезона продолжи лигава мислам дека може да биде само проширена и подобро организирана што се на се секако на сите ќе им одговара.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Мора да се чувствуаш глупо после ваков пост. :icon_lol:
Од кај го ископа постов:oops:
За нашите тимови навивав од почеток, ама незнаев како би можеле да се носат со Загреб(редовен учесник во ЛШ,шампион на хрватска итн..)Мило ми е што освои Вардар, уште помило што ги плеснаа Загреб дома :)
И да стварно глупо се осеќам.:pipi:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Читам и таму има матни игри со Зоран Гобац и овој отказ за Обрван. Тој беше одличен стручњак за овој Голужа некако криви им се мислењата.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
СЕХА станува сe поинтересна
Денеска во Загреб е состанок на менаџментот на лигата, кој ќе реши како ќе изгледа составот на екипите за сезоната 2012/2013.

- Не можам ништо официјално да потврдам. Точно е дека унгарските екипи Веспрем и ПИK ќе се приклучат по втората сезона. Веспрем, меѓутоа, е подготвена да игра во СЕХА и во новата сезона. Од друга страна, до нас стигнаа и понуди од Брес Мешков од Белорусија и од Kиелце од Полска. Но, тоа е малку потешко остварливо поради големата оддалеченост - вели Зоран Гобац, еден од оперативците во СЕХА-лигата.

Според него, на листата со можни нови клубови е дури и австрискиот Брегенц.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5C1D6C22168CC34A82B762E1DACE5191

И ова е напредок и еден критериум плус за квалитет.

Екипите што во новата сезона нема да можат да ги исполнат условите околу бројот на места во салите, специјален под на кој ќе се игра, ЛЕД-реклами, договори со ТВ-куќи и играчки квалитет на тимот нема да бидат примени во новата сезона. Можно е дури и две од сегашните екипи да бидат исклучени од системот бидејќи имаат премногу слаб квалитет.

Тоа најмногу се однесува на екипа од БиХ, најверојатно Босна, и од Црна Гора - Сутјеска.

- Лани им прогледавме низ прсти. Овој пат ќе мора да се почитуваат сите барања што ги имавме. Ако не ги исполнат условите, нема играње. Оваа сезона некои екипи немаа одиграно по неколку мечеви, па агенцијата мораше да им плати 100.000 евра отштета на ТВ-куќите. Тоа веќе нема да се толерира - вели Гобац.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Глупости живи ако се дозволи да влезат екипи од Австрија,Полска и Белорусија ја сум против и за Унгарците ама ајде за тие се блиску ама другиве не ни требаат најубаво ќе беше екс ју лига да си беше
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Глупости живи ако се дозволи да влезат екипи од Австрија,Полска и Белорусија ја сум против и за Унгарците ама ајде за тие се блиску ама другиве не ни требаат најубаво ќе беше екс ју лига да си беше
Правиме муабет за едни од најдобрите 15 екипи на светот што сакаат да се приклучат ( Киелце,Веспрем) и уште 2-3 со квалитет како Вардар и Татран (Брест,Бергенц,Пик Сегет).
Да бидам искрен,ме заболе дали ќе ни играат комшиите........ако дојдат сите заинтересирани оваа лига ќе биде појака од шпанската АСОБАЛ (со исклучок на Атлетико и Барса) и конкурентна на Бундеслигата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom