Шеќиринска побара итна лидерска средба
На неколку дена пред самитот на НАТО, Македонија нема целосно функционална Влада, поради што лидерката на СДСМ, Радмила Шеќеринска побара итна лидерска средба.
“Македонија нема шанси да добие покана за членство во НАТО, без силна Влада и без национално државно единство, тоа е едноставно невозможно. Последниве денови наместо силна добиваме десеткувана Влада“, рече Шеќеринска на денешниот прес.
СДСМ изрази загриженост од развојот на настаните што се случуваат со напуштањето на Владата од страна на министрите на ДПА.
Како што изјави лидерката на социјалдемократите уште не се олади кафето од Клубот на пратениците пред неколку дена, кога политичките партии постигна согласност за минимална соработка до втори април, премиерот Груевски го нападна својот војвода Тачи. ДПА возврати со дефинитивно напуштање како што рекоа тие на бродот што тоне.
“Во најтешките моменти за Македонија, Груевски ја презеде водечката палка, реши да ги исполни своите коалициони сметки. Тој не понуди ниту план, ниту визија и не даде одговор како Владата ќе работи во наредниот период“, вели претседателката на СДСМ.