Очекувам на овие избори мала излезеност особено кај Македонците, дел поради истрошените партии, а голем дел и поради вирусот.
ВМРО има поголеми шанси за победа поради катастрофалната политика на СДС. Овие се убедливо најлошата влада досега, реалзиација на проекти буквално 0. Ама поголеми шанси им давам на СДС да формираат влада, познавајќи кој шарлатан е Заев, ќе обеќа се за да ја задржи власта. Од друга страна ВМРО како намерно да несака да ги искористи грепките на СДС.
Кој и да победи ќе биди со максимум 5-6 пратеници и сам нема да може да формира влада ќи им треба коалиција со една или две албански партии и тука ќе има надавање кој ќе понуди повеќе.
Едно е сигурно кој и да победи ДУИ ќе биди дел од владата и големи се шансите за премиер Албанец. Иако го негираат тоа од македонските партии, неможе да им се верува особено на СДСМ, едно велат друго прават.
Бојкотирањето е лоша опција, во тој случај албаницте наместо 21-22 пратенициќе имаат 25 пратеници и ќе прават поголем притисок. Ако ви се грозни ВМРО и СДС и мислите дека не го залужуваат вашиот глас, тогаш одберете си трета опција има повеќе опции, подобро така одошто бојкот или пречкртано ливче.
Како и да е овие ќе бидат најчудните избори досега.