СТЕВЧЕ ФАТЕН ВО КРАЖБА - ЗАСЕГА НА АВТОРСКИ ПРАВА
Како Оле Р. стана Стевчо Ј. !
Стевчо од билбордите се смешка во лепо друштво, а веројатно ни самиот не знае дека луѓето кои се на неговото изборно рекламно пано не се оттука, туку се од Данска. Кој и да го направил ова, добро му го сместил на Стевчо, во изборна кампања да настапи со чист плагијат
Во општина Карпош среде изборната кампања стигнаа Данци!. И тоа ни малку ни повеќе туку како први пријатели на кандидатот за градоначалник на општината Карпош, Стевчо Јакимовски. Стевчо од билбордите се смешка во лепо друштво, а веројатно ни самиот не знае дека луѓето кои се на неговото изборно рекламно пано не се оттука, туку се од Данска. Кој и да го направил ова, добро му го сместил на Стевчо.
Нормално, избори се, а маркетинг агенциите во трка за пари не бираат средства. На нашите неинформирани или полуписмени политичари им продаваат и муда за бубрези. Плагијати чисти, а тие појма немаат. Па така Стевчо се најде во друштво на дански пријатели кои не ги ни познава, а се кандидира за градоначалник на скопската општина Карпош. Па наместо пријателчињата од соседството, си ги прибрал новите странски другарчиња.
И, Данецот Оле стана Стевчо, благодарение на партиската колешка на Јакимовски, од една позната маркетинг агенција која е исклучително блиска до СДСМ, агенција која на Стевчо му ги направи изборните паноа.
Во недостиг на свежи идеи, партиската другарка се реши за едноставно ЦОПЅ-ПАСТЕ, со мала помош на фотошоп, да му обезбеди на Стевче билборд за изборите. Моделот од данскиот билборд Оле Раск само го замени со нашиот Стевчо, а останатите статисти се исти. Срамно е за една маркетинг агенција, која себеси се прогласува за една од водечките во земјата, да краде за избори плакати од некоја реклама во Данска. Срамно е и за Стевчо кој очигледно гледал само што поевтино да помине за изборите, па човекот сега се смешка од чист плагијат пано.
Данциве сигурно не дале дозвола да им се копира билбордот, а веројатно се уште не ни знаат дека се во изборна кампања во Македонија.
Па нормално далеку е Данска, но не и надлежните институции кои треба сериозно да се позанимаваат со кражба на авторски права.
Да видам, да не верувам.
Оооо, Боже...
Или маркетинг агенцијата го зафркнала Стевчо, или тој заедно со агенцијата ги зафркнале данците.
http://vecer.com.mk/?ItemID=0E0884F05F65F04AA9641A3E106505D8