Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Нема врска дали сум ќелав/а или не.
Сум читал/а многу на интернет и најдобриот совет кога косата значително ти паѓа/проретчува (а тебе ти е дури и повеќе од значително) е да го ембрејснеш тоа.
За психата ти зборам. Ти и онака си слаб на психа, бетер ќе те дотепаат безуспешниве обиди.
Но, како сакаш.
И онака немаш попаметна работа, обидувај си се, прај си рецепти дома и мал напредок кога ќе видиш, добивај си лажна надеж.
Нормално е дека на ќелавост лустер ишишан до некаде е подобро за око, но не секому стои лустер. Некој може да личи како набилдан тип, а некој може да личи како некој болен од леукемија. Но повторно ќе кажам, не си ќелав/а за да знаеш како е и баш поради тоа не означувај кој е слаб со психа или кој замара. Подобро воздржи се од твоите лицемерно навредливи глупости.
 
Член од
20 декември 2013
Мислења
201
Поени од реакции
108
Дали има некој искуство со Алпецин шампонот за против опаѓање на коса?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Дали има некој искуство со Алпецин шампонот за против опаѓање на коса?
Јас. Релативно скап шампон кој убаво мириса, ја прави косата покрута, но не дава некои посебни ефекти. Бар кај мене:)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.639
Поени од реакции
38.821
Дали има некој искуство со Алпецин шампонот за против опаѓање на коса?
Боље е него оние гомна хед ен шолдерс, со нив ќе го загубиш и тоа што го имаш.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Дали некој имал искуство со DUCRAY anaphase + шампонот? И да ми каже каде може да се набави.
Јас еднаш го користев меѓутоа помина доста време од тогаш и не можам да го најдам во продажба.
Инаку шампонот е доста квалитетен, е во вид на крема и е релативно скап, барем тогаш беше, сега не се сеќавам точно колку пари беше.

Инаку за Алпецинот и него сум го пробал. Ниту еден шампон нема во целост да го запре опаѓањето а уште помалку да стимулира раст на нова коса. Шампоните против опаѓање се повеќе како суплементи, додатоци во борбата против опаѓањето и се користат заедно со другите препарати.
Конкретно, во случајов за Алпецин шампонот, истиот е релативно добар, сигурно подобар од тешкине хемикалии од типот на "хеад енд шолдерс" како што членот над мене напомнал.
Дава некој подобар визуелен ефект кај косата, го прави влакното да изгледа поцврсто. Во основа неговото дејство е повеќе козметичко, го подобрува квалитетот на косата, им дава живост на тенките влакна и на тој начин остава подобар визуелен впечаток и тоа е се.
Не очекувајте дека еден обичен шампон ќе го запре опаѓањето а уште помалку дека ќе предизвика раст на нова коса, проблемот со опаѓањето е далеку покомплексен.
Шампоните против опаѓање се само еден сегмент од низата суплементи кои ви стојат на располагање и дури ни тогаш не постои никаква гаранција дека опаѓањето ќе запре.

Во суштина, третманите против ќелавост се скапа инвестиција, во голем дел нивната ефикасност е недокажана. Овој проблем е рудник со злато за фармацевските компании. Голем дел од препаратите кои се продаваат се уствари snake oil како што некој од членовите погоре кажа, поткрепени со големи буџети за рекламирање и маркеринг истите се промовираат како "чудотворни" лекови. Фармацевската мафија низ светот тежи милијарди а проблемот со ќелавост генерира дополнителни приходи преку очајот на оние кои патат од овој проблем и се спремни да платат колку што треба и не треба за да го решат проблемот, но' трајно решение за жал не постои.
Во најголем дел од случаевите третманите кои се до некаде ефикасни само го оддолжуваат проблемот, вие си купувате време, буквално.
Затоа повторно ќе речам, овој проблем е голем и не е само од козметичка природа па кој сака што сака нека вели.

Во време кога физичкиот изглед за жал се повеќе се цени, кога луѓето се ценат однадвор и тоа упорно се потенцира насекаде, по медиуми и социјални мрежи, на интервју за работа или пак да и пријдете на некоја девојка потребна ви е самодоверба. Имате само неколку секунди да оставите позитивен впечаток пред потенцијалниот работодавец или пред девојката која ви се допаѓа.
Сите овие работи се поврзани. Можеби од косопад не се умира но проблемот влијае поразително врз психата на 20 годишник кој живее во ова време, време на стрес и притисоци, постојано во трка за заработувачка и егзистенција, додадете го проблемот со опаѓање на косата згора на сето ова, па дури и ментално најстабилната личност ќе попушти.
Кај нас овој проблем тлее во позадина, малку се зборува за него што е разбирливо кога ќе се земат во предвид срањата во државава во кои сите заедно пливаме, но тоа не значи дека не е присутен во психата на илјадници млади кои страдаат од оваа состојба.

Можеби најдоброто решение е да се прифати ќелавоста како природна појава, да се ембрејсни и фокусот да се насочи кон попродуктивни работи.
Звучи добро, но кога ќе се земат во предвид сите работи кои ги спомнав погоре малку е потешко да се игнорира проблемот. Особено доколку се гледа од дистанца на денешниот стил на живеење и вредностите кои денес држат на цена.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.311
Дали некој имал искуство со DUCRAY anaphase + шампонот? И да ми каже каде може да се набави.
Јас еднаш го користев меѓутоа помина доста време од тогаш и не можам да го најдам во продажба.
Инаку шампонот е доста квалитетен, е во вид на крема и е релативно скап, барем тогаш беше, сега не се сеќавам точно колку пари беше.
Моментално барам KelualDS од Ducray и во неколку аптеки кај што поминав немаат. Можеби не ги продаваат веќе нивните производи тука.

Пред половина година од прилика купив anaphase, ако не се лажам околу 700 денари беше 400мл.
Немаше некој ефект кај мене.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Rosemary oil + Aloe Vera, Omega 3 masni kiselini, i Bone Broth (supa od vareni koski (tele, prase..) vo kombinacija so zdrava hrana - sekojdnevna konzumacija na zelencuk, pritoa otstranuvajne na loshata ishrana vo vashata dieta (leb, sheker, przheni raboti,) i pred se mozhda i edna od najbitnite raboti OTSTRANUVAJNE NA STRESOT od vashiot zhivot = healthy hair spored doktor Axe mislam se vikashe..
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Моментално барам KelualDS од Ducray и во неколку аптеки кај што поминав немаат. Можеби не ги продаваат веќе нивните производи тука.

Пред половина година од прилика купив anaphase, ако не се лажам околу 700 денари беше 400мл.
Немаше некој ефект кај мене.
Мене ме бендиса оти не ја оставаше косата сува. Кога опаѓа косата во многу случаеви се јавува и чешање на скалпот а мене овој шампон додека го користев ми го одржуваше скалпот чист и го немаше тоа карактеристично чешање, плус и даваше на косата повеќе волумен.
Моментално користам кетоконазол, два пати неделно и измеѓу правам паузи од еден месец и во тој период користам некој друг шампон па се сетив на овој.
Инаку кетоконазолот ми ја прави косата безживотна и сува, меѓутоа за мене е ефикасен во комбинација со миноксидил бидејќи го сведов опаѓањето на минимум, барем засега.

Затоа барам и некој друг шампон од типот на DUCRAY, меѓутоа баш овој бренд тешко се наоѓа па доколку има некоја друга алтернатива која дава слични резултати би бил благодарен ако некој ми препорача.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Rosemary oil + Aloe Vera, Omega 3 masni kiselini, i Bone Broth (supa od vareni koski (tele, prase..) vo kombinacija so zdrava hrana - sekojdnevna konzumacija na zelencuk, pritoa otstranuvajne na loshata ishrana vo vashata dieta (leb, sheker, przheni raboti,) i pred se mozhda i edna od najbitnite raboti OTSTRANUVAJNE NA STRESOT od vashiot zhivot = healthy hair spored doktor Axe mislam se vikashe..
Има протокол ако сакаш да го средиш проблемот.

1. Целосна крвна слика со сите хормони, вклучувајќи витамин Д, и тестостерон.....

2. Супелементација со, цинк, витамин А (ретинол) активен б комплекс, витамин Е, (токотриенол) витамин Д3, хијалуронска киселина. Ги користев/користам сите овие и ти кажувам дека брадата од остра како четка за рибање, сега на допир и тоа со свртена страна на дланката каде што кожата е помека не осеќам никакво бодење, буквално нереална разлика - и за раснење исто така осетно побрзо расне, погуста е и има одличен сјај, буквално како да сум у пубертет лол.

3. Есенцијално масло од рузмарин е подобро од обично масло, се меша со (рафинирано) масло од авокадо, и со масло од семка од грозје.

Направи ги сите овие работи, и ќе го решиш проблемот со голема веројатност.

За исхрана, најголем булшит е дека шеќерот прави проблеми поготово оној од овошје и зеленчук, далеку далеку поголем проблем се млечните продукти и месото - за било која хронична болест. За да дојдеш до ниво кога шеќерите ќе ти сметаат до тој степен, најчесто прво организмот ти е под огромен оксадативен стрес и со многу нутрутивни недостатоци на минерали и витамини - во состојба на високо воспаление.....тоа восплаение настанува примарно од конзумација голема на животински протеини - при што стануваш резистентен на инсулин или добиваш метаболички синдром, поготово е лошо во таа ситуација да мешаш животински протеин со шеќери....

 
Член од
3 март 2010
Мислења
634
Поени од реакции
363
јас мислам има два вида опаѓање на косата и тоа генска и самоиницирана
Генска се знае дека е од наследен фактор како алопеција или некоја х болест
Самоиницирана е кога поради сам себе си ја паѓаш косата, било си свесен или несвесен
Тука спаѓаат претежно хемиски продукти од гел, восок и лак, што ги блокираат фоликулите, но исто така подеднакво најголем број личности ја губат косата од преголем стрес, амбиции, грижи, хиперактивен ум, анксиозност и преголеми очекувања од животот па постојано се заглавени во умот. Со тоа што претерано размислуваат и го замараат мозокот се доведува до потење и претерано лачење себум на скалпот а придружните тензични главоболки го прекинуваат дотокот на крв во скалпот
Па мислам дека храната нема некое посебно влијание
Знам личности што се хранат здраво и спортуваат па цела им е изпадната косата
А знам и личности што што јадат само нездрава храна и такви што јадат само леб и ништо друго, никаква витаминска храна па косата им е сјајна и бујна
Се е до начинот на живеење, дали си среќен и исполнет или депресивен, анскиозен под голем стрес
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.639
Поени од реакции
38.821
Обично ние ќелавите имаме јаки бради и мислам дека е тоа поврзано на некој начин имам читано околу тоа, не знам дали е мит или вистина, господ едно ни зема али друго ни дава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom