Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

AleksandarT

Reckless
Член од
16 ноември 2005
Мислења
180
Поени од реакции
9
Здраво
Дали некој има искуство со TianDe - шампонот против опаѓање на коса?
http://tiande.mk/shop/proizvodizaubavina/kosa/шампон-против-опѓање-на-косата-420мл/
Јас го користам шампонот, ОК е, ама ништо посебно.
Не знам зошто луѓето се мачат тука со секакви методи.
Не постои трајно решение со ништо друго освен пресадување на коса.
Во Турција за 2000 евра има врвни доктори што ја вршат оваа работа.
Поздрав
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Јас го користам шампонот, ОК е, ама ништо посебно.
Не знам зошто луѓето се мачат тука со секакви методи.
Не постои трајно решение со ништо друго освен пресадување на коса.
Во Турција за 2000 евра има врвни доктори што ја вршат оваа работа.
Поздрав
Ти како дозна дека нема решение?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Обично ние ќелавите имаме јаки бради и мислам дека е тоа поврзано на некој начин имам читано околу тоа, не знам дали е мит или вистина, господ едно ни зема али друго ни дава.
Да и јас го имам тој впечаток бидејќи и мене веднаш откако брадата ми стана погуста и појака почна да ми се проретчува и опаѓа косата во челниот дел ... и јас мислам дека можеби има некаква поврзаност, хормонски причини на пр. или можеби и не !
Но има и нешто друго косата се проретчува и опаѓа од често носење на марами, шеширчиња, капи без разлика дали зимски или летни безбол капчиња ... ова никој не го спомнува но кај многу мажи опаѓа косата и поради ова, на некои таква им е работната служба, а некои па така си се носат во приватниот живот, но факт е дека честото носење на марами, шешири и капи едноставно ја уништува косата особено во оној челниот дел од главата каде најмногу косата се проретчува и опаѓа !
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.281
Поени од реакции
798
почна да се проретчува и мојта црна густа коса ебаго...
користам некој шампони али нема некое фајде големо,некое чаре има ли да се превземе и стопира пагањето....?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.626

И ова го сметаш за добар компромис?
Ја на твое место би преговарал со Господ за нешто позначајно.
Што ќе правиш со јаката брада?

Има.
Прочитај ги овие 145 страни на темава.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588

Најпрво пред да започнеш било што да користиш гледај да бидеш сигурен дека ќелавоста е наследна. Тоа можеш релативно лесно на го констатираш ако ги погледнеш машките членови во твојата фамилија, браќа, татко, чичко...па дури и оние по женска линија, по твојата мајка, дедо или вујко. Друга варијанта ти е да си направиш испитувања кај дерматолог за да се утврди причината. Само да те предупредам доколку се одлучиш на овој чекор дека кај нас тешко ќе најдеш стручњаци кои сериозно се бават со оваа тематика.

Доколку се утврди дека страдаш од наследна ќелавост или androgenic alopecia, што е и главната причина за околу 95% од утврдените причини за косопад во светот. Во тој случај имаш широка палета на препарати со кои можеш да го третираш проблемот, но' да те предупредам дека повеќето имаат минимална или скоро никаква ефективност, или се snake oil, без никаква докажана ефективност.
Шампонот сам по себе не може да ја спречи наследната ќелавост, тоа ти е приклучен елемент во борбата што не значи дека е небитен. Затоа добар шампон е подобар од силни хемикалии од типот на "хеад енд шолдерс" срањата.

Она што би ти препорачал, за да не се повторувам е да се вратиш неколку страни поназад и да ја прочиташ дискусијата поопширно.
Исто, ако си добар со англискиот ѕирни го следниов форум:
https://www.hairlosstalk.com/interact/
Таму ќе најдеш доста интересни работи поврзани со проблемот. Искуства и третмани на луѓе од цел свет кои се соочуваат со истиот проблем.

ПС.
Не постои лек за оваа состојба, сеуште. Третманите доколку се успешни само го пролонгираат проблемот и ти купуваат време, зависно од корисник до корисник. Единствено релативно трајно решение ти е трансплантација, ама и тука има доста заебанции во стилот, колку пари толку музика.[DOUBLEPOST=1511372047][/DOUBLEPOST]
Да и јас го имам тој впечаток бидејќи и мене веднаш откако брадата ми стана погуста и појака почна да ми се проретчува и опаѓа косата во челниот дел ... и јас мислам дека можеби има некаква поврзаност, хормонски причини на пр. или можеби и не !
Но има и нешто друго косата се проретчува и опаѓа од често носење на марами, шеширчиња, капи без разлика дали зимски или летни безбол капчиња ... ова никој не го спомнува но кај многу мажи опаѓа косата и поради ова, на некои таква им е работната служба, а некои па така си се носат во приватниот живот, но факт е дека честото носење на марами, шешири и капи едноставно ја уништува косата особено во оној челниот дел од главата каде најмногу косата се проретчува и опаѓа !
Тоа е вообичаено наследна работа. Обично тие кои страдаат од косопад имаат и повисоки нивоа на тестостерон, хормонот на машкоста, што е директно поврзан и со степенот на влакна по телото и лицето. Затоа викаат кога човек ќе остари влакната од главата му се селат на газот :D.
Меѓутоа не мора да значи, се тоа е генетика. Познавам доста луѓе со полна глава со влакна и густа брада, што не му фали ни влакно.
Влакната на скалпот кои генетски се предиспонирани да паднат порано или подоцна ќе паднат, за жал.
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Дали некој имал искуство со DUCRAY anaphase + шампонот? И да ми каже каде може да се набави.
Јас еднаш го користев меѓутоа помина доста време од тогаш и не можам да го најдам во продажба.
Инаку шампонот е доста квалитетен, е во вид на крема и е релативно скап, барем тогаш беше, сега не се сеќавам точно колку пари беше.

Пред некој ден во Зегинот под железничка видов.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.281
Поени од реакции
798
Најпрво пред да започнеш било што да користиш гледај да бидеш сигурен дека ќелавоста е наследна. Тоа можеш релативно лесно на го констатираш ако ги погледнеш машките членови во твојата фамилија, браќа, татко, чичко...па дури и оние по женска линија, по твојата мајка, дедо или вујко. Друга варијанта ти е да си направиш испитувања кај дерматолог за да се утврди причината. Само да те предупредам доколку се одлучиш на овој чекор дека кај нас тешко ќе најдеш стручњаци кои сериозно се бават со оваа тематика.

Доколку се утврди дека страдаш од наследна ќелавост или androgenic alopecia, што е и главната причина за околу 95% од утврдените причини за косопад во светот. Во тој случај имаш широка палета на препарати со кои можеш да го третираш проблемот, но' да те предупредам дека повеќето имаат минимална или скоро никаква ефективност, или се snake oil, без никаква докажана ефективност.
Шампонот сам по себе не може да ја спречи наследната ќелавост, тоа ти е приклучен елемент во борбата што не значи дека е небитен. Затоа добар шампон е подобар од силни хемикалии од типот на "хеад енд шолдерс" срањата.

Она што би ти препорачал, за да не се повторувам е да се вратиш неколку страни поназад и да ја прочиташ дискусијата поопширно.
Исто, ако си добар со англискиот ѕирни го следниов форум:
https://www.hairlosstalk.com/interact/
Таму ќе најдеш доста интересни работи поврзани со проблемот. Искуства и третмани на луѓе од цел свет кои се соочуваат со истиот проблем.

ПС.
Не постои лек за оваа состојба, сеуште. Третманите доколку се успешни само го пролонгираат проблемот и ти купуваат време, зависно од корисник до корисник. Единствено релативно трајно решение ти е трансплантација, ама и тука има доста заебанции во стилот, колку пари толку музика.[DOUBLEPOST=1511372047][/DOUBLEPOST]

Тоа е вообичаено наследна работа. Обично тие кои страдаат од косопад имаат и повисоки нивоа на тестостерон, хормонот на машкоста, што е директно поврзан и со степенот на влакна по телото и лицето. Затоа викаат кога човек ќе остари влакната од главата му се селат на газот :D.
Меѓутоа не мора да значи, се тоа е генетика. Познавам доста луѓе со полна глава со влакна и густа брада, што не му фали ни влакно.
Влакната на скалпот кои генетски се предиспонирани да паднат порано или подоцна ќе паднат, за жал.
јбг тоа и ме плаше,татко ми кељав исто и дедо ми,и мене ме чека иста судбина :D
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Пред некој ден во Зегинот под железничка видов.
Да разгледам прво кај мене низ град низ аптекиве на Зегин ко така, ако нема тогаш наредно идење во Скопје (претпоставувам за Скопје ми велиш) ќе видам таму.
Инаку фала за инфото (y).

јбг тоа и ме плаше,татко ми кељав исто и дедо ми,и мене ме чека иста судбина :D
Во тој случај мој совет би ти било да се информираш колку можеш повеќе ако планираш сериозно да преземеш нешто околу проблемот. Посети дерматолог, консултирај се со некој постручен. Јас не можам да ти препорачувам да пробаш некаков третман бидејќи секој различно реагира, единствено што можам е да ти дадам инфо и да те запознаам со проблемот малку од малку, за да имаш некаква претстава што да очекуваш.
Би те советувал да не пикаш се и сешто во уста, пилули и такви работи без да си добро информиран. Имаш интернет, едуцирај се колку што можеш повеќе, посети некој стручен и види каков совет ќе ти даде па сподели на темава што и како.
Со среќа и без многу очајување :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.655
Поени од реакции
38.839
И ова го сметаш за добар компромис?
Ја на твое место би преговарал со Господ за нешто позначајно.
Што ќе правиш со јаката брада?

Има.
Прочитај ги овие 145 страни на темава.
Абе Анонче магии прави таа брада:icon_lol: у било кое време би ја одбрал неа место косата, муж без коса проаѓа ама без брада никако
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.626
муж без коса проаѓа ама без брада никако
Теши се, полесно ти доаѓа.
Можеш да пробаш и со „тестостеронот ми е зголемен, тоа е добро“ и „паметна глава коса не трпи“ и слично.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.655
Поени од реакции
38.839
Теши се, полесно ти доаѓа.
Можеш да пробаш и со „тестостеронот ми е зголемен, тоа е добро“ и „паметна глава коса не трпи“ и слично.
Се тешам, не знаеш како ми е тешко, солзи ронам :pos:
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Се решив периодов нешто да тестирам на главава/косава моја, па си смислив еден вид ,,терапија" која ќе го потхранува влакното и скалпот, а е на (по)природна база. Таа моја терапија е составена од Пантенол спреј од 5%, пиење секој ден по едно Б-комплекс, по едно витамин Ц и миење на косата со свински сапун и шампон кој јас го направив. Шампонот е во мала количина за да имам одприлика некоја мерка како сум го направил, а и како проба да ми служи. Иначе тие 33 милилитри шампон се направени од шампон од бреза, Пантенол и издробена пола табла од Б-комплекс апчиња. Па ефектот ќе ви го кажам за одприлика еден месец:D

Прегледај го приврзокот 178122
Да си го кажам и искуството што си го ставив со овој предизвик. Пантенолот овој пат нешто премногу не ми помогна, а шампонот дава само минимално смирување. Сапунот е тој кој ја прави косата поцврста и дефинитивно ќе продолжам со него да ја мијам косата. Со шампонот од сликата намалив, но додадов миење на косата со неколку различни шампони после миењето со свинскиот сапун.

Како и да е, малку од малку се смири паѓањето на косата, т.е. на останатите 3 влакна на главата:D
 
Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.619
Поени од реакции
7.379
И кај мене се јави овој проблем па да прашам за совети тука,почна нагло да ми паѓа косата последниве два/три месеци негде крајот на август,и веќе поча да се познава косата почна да ми се ретчи поготово на предниот дел од скалпот,имам релативно долга коса до половина негде ја растам две години ама до сега едно влакно не ми паѓаше сега наеднаш почна нагло(паники скрос),незнам шо е причината...татко ми не е ќелав не верувам дека е генетски, можеби да е од стрес дека поминав низ некои работи периодот и можи да е до времето периодично шо паѓа ама не сум сигурен,правам некои remedies со толчен кромид колку толку запира паѓањето но сепак се познава... па ако имате некој совет да дајте секое мислење е добредојдено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom