Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Ова убаво си го напишал. Дури и тие кои си ја лепат етикетата стручни трихолози се доста далеку од стручни и професионални.

Иначе низ се што поминав за косава/ќелавоста, сфатив дека единственото решение е трансплантација на коса.
Кај нас повеќето од луѓето не се запознаени со оваа проблематика и се скептични кон третманите што е до некој степен и разбирливо, кај нас не постојат ефикасни третмани и стручни лица кои навистина исклучиво се посветени на овој проблем. И оние третмани кои постојат се скапи и не гарантираат голема ефикасност.
Затоа оние кои одлучиле нешто да преземат претежно тоа го прават на своја рака, се едуцираат преку интернет затоа што не постои стручен кои вистина ќе ги посоветува.
Мора да се потенцира дека третманите на запад се навистина скапи и недостижи на поголемиот број обични смртници. Ефикасни третмани постојат, можеби конечниот лек не е пронајден но има третмани кои вистина даваат резултати но се екстремно скапи.
Дури и за наши услови третманите кои постојат кај нас а се малку се скапи за нашиот стандард.

Инаку што се однесува до трансплантација, тоа треба да биде last resort опција. Моментот кога ќе се исцрпат сите безбедни опции за третирање и никој од нив нема да даде посакуван резултат тогаш за оние со подлабок џеб како крајна опција и конечно решение доаѓа трансплантацијата на коса. Ќе кажам збор два и за тоа во некој нареден пост.

Доколку ти лично се одлучиш на таков потег и доколку имаш средства а требаат навистина многу тогаш не би ти препорачал да одиш кај овие турскиве од по 3000 евра. Ќе те направат да личиш ко Антонио Милошоски во фризот или не дај боже ко Артан Груби :D. Верувај, да го мавниш бричот е далеку подобра опција отколку наведениве две.
Косата ќе ти изгледа неприродно, ко дрворед, ко со колче садена.
Трансплантацијата на коса е уметност, човекот кој ќе ја врши треба да се разбира од занаетот и да има чувство за естетика пред се. Да и даде на косата што поприроден изглед
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Мајко моја, какво кружење.......ако не ви е генетски, барајте го проблемот во здравствената состојба, топични третмани без фокусирање на вистинскиот проблем се причината заради која повеќето обиди ви се безуспешни, и ќе ви бидат.

Целосна крвна слика, со сите хормони, и напреден тест за дијабет - 2h после јадење, неколку дена по ред - со различни храни со висока количини на гликоза, мед, урми итн.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Не гледам некои резултати од Кетоконазол. Напротив имам чувство дека има контра ефект и дека е многу силен, како да ги гори.
Плус не полагам многу надеж во шампон - што може да смени течност што ја ставаш 5 минути на глава пред да ја измиеш? Еднаш неделно. Исто се сомневам во составот на нашиве производители..

Еден друг природен и здрав "шампон" е миење на коса со разреден со вода, органски јаболков оцет, е од тоа мислам дека има некој позитивен ефект, а и не е воопшто агресивен на косата и природните масла во неа, додека работи против себумот. Плус ги нема сите гомца што ги редат во шампоните парфеми, сапонификатори, филери, бои...

Повремено ја мијам со силен чај од коприва.
Исто кој како може многу добро е повремено да се прави маска од пасиран свеж кромид, да постои. Поради еден куп хранливи состојки и сулфурот. И од тоа гледам дека има супер ефект, али малку е незгодно за употреба..
Ти држи вода теоријава да ти кажам. Сепак секој различно реагира на различни третмани, изгледа кетоконазолот не е за тебе.
Предходно реков, секој што ќе забележи некакви резултати од некаков третман да се држи до него под услов истиот да не е предизвикувач на несакани ефекти.

Јас моментално го користам Кетоконазолот, еве веќе скоро месец дена и немам такви ефекти. Меѓутоа се грижам да правам паузи после секое користење и во меѓувреме да користам некој поблаг шампон. Е тоа е навистина тешко да се најде кај нас затоа што повеќето шампони ги содржат оние стандарни силни хемикалии, сулфати и сулфиди кои можат да се најдат дури и во составот на некои силни детергенти. Можам да пробам да го направам твојов домашен рецепт за шампон, фала за советот[DOUBLEPOST=1505919208][/DOUBLEPOST]
Мајко моја, какво кружење.......ако не ви е генетски, барајте го проблемот во здравствената состојба, топични третмани без фокусирање на вистинскиот проблем се причината заради која повеќето обиди ви се безуспешни, и ќе ви бидат.

Целосна крвна слика, со сите хормони, и напреден тест за дијабет - 2h после јадење, неколку дена по ред - со различни храни со висока количини на гликоза, мед, урми итн.
Јас не алудирам на ништо и не форсирам никакви третмани без предходна консултација со стручни лица. Само се обидувам да направам сумирање на мои сознанија во врска со проблемот. Ако сметате дека се напотребно труење на темата со непотребни имформации тогаш ова ќе биде мое последно мислење тука и нема повеќе да гњавам и да одземам простор.
Инаку си во право, причините за косопад можат да бидат од најразлична природа и пред да се започне со било каков третман пожелно е да се направат неопходните тестирања. Меѓутоа наследната ќелавост и не е нешто што тешко може да се диагностицира ако добро се пратат симптомите.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Ти држи вода теоријава да ти кажам. Сепак секој различно реагира на различни третмани, изгледа кетоконазолот не е за тебе.
Предходно реков, секој што ќе забележи некакви резултати од некаков третман да се држи до него под услов истиот да не е предизвикувач на несакани ефекти.

Јас моментално го користам Кетоконазолот, еве веќе скоро месец дена и немам такви ефекти. Меѓутоа се грижам да правам паузи после секое користење и во меѓувреме да користам некој поблаг шампон. Е тоа е навистина тешко да се најде кај нас затоа што повеќето шампони ги содржат оние стандарни силни хемикалии, сулфати и сулфиди кои можат да се најдат дури и во составот на некои силни детергенти. Можам да пробам да го направам твојов домашен рецепт за шампон, фала за советот[DOUBLEPOST=1505919208][/DOUBLEPOST]

Јас не алудирам на ништо и не форсирам никакви третмани без предходна консултација со стручни лица. Само се обидувам да направам сумирање на мои сознанија во врска со проблемот. Ако сметате дека се напотребно труење на темата со непотребни имформации тогаш ова ќе биде мое последно мислење тука и нема повеќе да гњавам и да одземам простор.
Инаку си во право, причините за косопад можат да бидат од најразлична природа и пред да се започне со било каков третман пожелно е да се направат неопходните тестирања. Меѓутоа наследната ќелавост и не е нешто што тешко може да се диагностицира ако добро се пратат симптомите.
Не зборам за тебе, него општо на темва и на многу други, се гледа на се само не на вистинскиот проблем, ужасна исхрана, физички не активни, 20 кг + итн а сакаат се да им биде ок, епа не иде.

Извини ме, се фрустрирам кога читам луѓе што сакаат да го маскираат вистинскиот проблем со некакви си креми, лосиони, и глупости, наместо да истражат и воопшто да ги заинтересира што се причините, не можам да сфатам како може да се толку време на интернет а пак не знаат како да користат основни функции кои ги нуди истиот - секој што сака вистински да реши проблем, може многу лесно да се едуцира и да дојде до одлични резултати.

Еве како пример еден од најчестите проблеми за косопад, е недостаток на б витамини, витамин Е, цинк, витамин Д, витамин А - анемиа, па дури и проблеми со кардиваскуларни заболувања.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Нема проблем брат и во право си. Интернетот е многу повеќе од Фејсбук и Инстаграм. Со малку упорност, малку познавање од Англиски чуда можат да се најдат ако се сака.

Вистина е дека стилот на живот може да влијае врз целокупното здравје на човекот, вклучително и на квалитетот на косата. Не може некој физички неактивен, некој кој се храни нездраво и целата исхрана му се базира на јаглехидрати да очекува дека ќе изгледа и дека ќе се чувствува добро. Таквиот стил на живот ќе си го земе данокот порано или подоцна.

Една од причините за опаѓање на косата е и тоа, неквалитетен живот, недоволно витамини, особено од групата на Б витамини кои се многу важни за целокупниот изглед на косата, за силна и цврста коса и се одличен додаток во исхраната, навистина важни.

Меѓутоа доколку опаѓањето на косата е резултат на нејзино неправилно одржување, користење на несоодветни козметички препарати, анемија, недостаток на витамини...тогаш голема е веројатноста дека не станува збор за наследна ќелавост или androgenic alopecia. Бидејќи истата е резултат исклучиво на наследни фактори. И за нејзе постојат испитувања кои можат со сигурност да ја утврдат.
Во тој случај променената на животниот стил се подразбира, всушност таа е препорачлива за било која здравствена состојба. Меѓутоа потребно е многу повеќе од тоа затоа што проблемот е генетски а тука вклучени се хормони и тука настанува целата заебанција. Со гени и хормони нема играње. Затоа целиот проблем на наследната ќелавост е многу покомплексен. Тука е всушност целата разлика од она што ти го зборуваш а не дека и ти не си во право.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Ти држи вода теоријава да ти кажам. Сепак секој различно реагира на различни третмани, изгледа кетоконазолот не е за тебе.
Предходно реков, секој што ќе забележи некакви резултати од некаков третман да се држи до него под услов истиот да не е предизвикувач на несакани ефекти.

Јас моментално го користам Кетоконазолот, еве веќе скоро месец дена и немам такви ефекти. Меѓутоа се грижам да правам паузи после секое користење и во меѓувреме да користам некој поблаг шампон. Е тоа е навистина тешко да се најде кај нас затоа што повеќето шампони ги содржат оние стандарни силни хемикалии, сулфати и сулфиди кои можат да се најдат дури и во составот на некои силни детергенти. Можам да пробам да го направам твојов домашен рецепт за шампон, фала за советот[DOUBLEPOST=1505919208][/DOUBLEPOST]

Јас не алудирам на ништо и не форсирам никакви третмани без предходна консултација со стручни лица. Само се обидувам да направам сумирање на мои сознанија во врска со проблемот. Ако сметате дека се напотребно труење на темата со непотребни имформации тогаш ова ќе биде мое последно мислење тука и нема повеќе да гњавам и да одземам простор.
Инаку си во право, причините за косопад можат да бидат од најразлична природа и пред да се започне со било каков третман пожелно е да се направат неопходните тестирања. Меѓутоа наследната ќелавост и не е нешто што тешко може да се диагностицира ако добро се пратат симптомите.
Само пази не е еден рецепт туку три различни, намој сите да ги смешаш во едно :)
П.с. шо се замараш, кој несака да те чита, слободно нека не те чита, еее од редовни мрчатори и тролчиња неможе да се направи муабет
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Нема проблем брат и во право си. Интернетот е многу повеќе од Фејсбук и Инстаграм. Со малку упорност, малку познавање од Англиски чуда можат да се најдат ако се сака.

Вистина е дека стилот на живот може да влијае врз целокупното здравје на човекот, вклучително и на квалитетот на косата. Не може некој физички неактивен, некој кој се храни нездраво и целата исхрана му се базира на јаглехидрати да очекува дека ќе изгледа и дека ќе се чувствува добро. Таквиот стил на живот ќе си го земе данокот порано или подоцна.

Една од причините за опаѓање на косата е и тоа, неквалитетен живот, недоволно витамини, особено од групата на Б витамини кои се многу важни за целокупниот изглед на косата, за силна и цврста коса и се одличен додаток во исхраната, навистина важни.

Меѓутоа доколку опаѓањето на косата е резултат на нејзино неправилно одржување, користење на несоодветни козметички препарати, анемија, недостаток на витамини...тогаш голема е веројатноста дека не станува збор за наследна ќелавост или androgenic alopecia. Бидејќи истата е резултат исклучиво на наследни фактори. И за нејзе постојат испитувања кои можат со сигурност да ја утврдат.
Во тој случај променената на животниот стил се подразбира, всушност таа е препорачлива за било која здравствена состојба. Меѓутоа потребно е многу повеќе од тоа затоа што проблемот е генетски а тука вклучени се хормони и тука настанува целата заебанција. Со гени и хормони нема играње. Затоа целиот проблем на наследната ќелавост е многу покомплексен. Тука е всушност целата разлика од она што ти го зборуваш а не дека и ти не си во право.

Јас имам размислувано за пресадување на коса, каде би било најдобро во ЕУ? Што по блиску до МК тоа подобро.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Јас имам размислувано за пресадување на коса, каде би било најдобро во ЕУ? Што по блиску до МК тоа подобро.
Јас лично не познавам ниту еден доктор кој се бави со ваква процедура. Знам дека има доста стручни кои си ја знаат работата на запад. Таму постојат цели клиники кои се бават со оваа проблематика меѓутоа целиот тој процес кошта доста пари.
Зависно од тоа во кој стадиум ти е опаѓањето на косата, каква е состојбата со донорската област, затоа што процедурата се врши се "берење" на влакна од областа на скалпот ( претежно од задниот дел на главата ) каде влакната се имуни на опаѓањето.

Во зависност од тоа колку си спремен да платиш толку графтови ќе ти бидат трансплантирани. Затоа и се вика трансплантација. Слично како и трнсплантацијата на органи. Доколку си се заинтересирал веројатно ги знаеш и методите за трансплантација.
Во зависност од бројот на графтови за кои си спремен на платиш процедурата може да биде извршена неколку пати.

Меѓутоа мене ако ме прашаш многу битно е кој ја врши целата процедура. Ти можеш да платиш за 100к графтови но доколку целата операција не биде извршена стручно може да се добие спротивен ефект, пресадената коса да изгледа неприродно.
Затоа најголемите стручњаци разбирливо работат на запад а сега кои точно клиники јас не знам.
За тоа некој постручен може да даде мислење или пак некој член кој правел ваква процедура.
Претпоставувам дека најмногу информации по ова прашање ќе пронајдеш на странски форуми.
 
знам дека ако заебат работа, може да ти остават големи ожиљци над вратот од каде ги вадат лентите за пресадување, па да изгледаш ко франкештајн. ме мерзи слики да барам ептен гадно изгледа
 
Се информирав и за методи и за се само уште стручен доктор да најдам ми треба.
 
Постојат два методи на екстракција на влакното од скалпот, првата која ти си ја гледал и ја спомена се нарекува FUT метода и таа остава таква грда линија од местото каде се собирани влакната за пресадување, најчесто во пределот над вратот и да остане лузна. Е сега оваа процедура има свои предности и недостатоци. Се преферира за пресадување на поголема површина преку еден единствен зафат. Нус појава како што кажа е лузната која може да остане после процедурата. Инаку цената на овој тип на метод на пресадување во споредба со другиот е пониска.

Другата метода се нарекува FUE или Follicular unit transplantation. Кај оваа метода влакната се екстрактираат едно по едно, на тој начин се избегнува појавата на лузни. Оваа метода разбирливо е најбарана но и поскапа.[DOUBLEPOST=1505993021][/DOUBLEPOST]
Се информирав и за методи и за се само уште стручен доктор да најдам ми треба.
Со среќа! Извини што не сум од поголема корист. Пиши на форумов повеќе детали доколку успееш да најдеш, може да биде од корист и за некој друг со слично прашање.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кај нас повеќето од луѓето не се запознаени со оваа проблематика и се скептични кон третманите што е до некој степен и разбирливо, кај нас не постојат ефикасни третмани и стручни лица кои навистина исклучиво се посветени на овој проблем. И оние третмани кои постојат се скапи и не гарантираат голема ефикасност.
Затоа оние кои одлучиле нешто да преземат претежно тоа го прават на своја рака, се едуцираат преку интернет затоа што не постои стручен кои вистина ќе ги посоветува.
Мора да се потенцира дека третманите на запад се навистина скапи и недостижи на поголемиот број обични смртници. Ефикасни третмани постојат, можеби конечниот лек не е пронајден но има третмани кои вистина даваат резултати но се екстремно скапи.
Дури и за наши услови третманите кои постојат кај нас а се малку се скапи за нашиот стандард.

Инаку што се однесува до трансплантација, тоа треба да биде last resort опција. Моментот кога ќе се исцрпат сите безбедни опции за третирање и никој од нив нема да даде посакуван резултат тогаш за оние со подлабок џеб како крајна опција и конечно решение доаѓа трансплантацијата на коса. Ќе кажам збор два и за тоа во некој нареден пост.

Доколку ти лично се одлучиш на таков потег и доколку имаш средства а требаат навистина многу тогаш не би ти препорачал да одиш кај овие турскиве од по 3000 евра. Ќе те направат да личиш ко Антонио Милошоски во фризот или не дај боже ко Артан Груби :D. Верувај, да го мавниш бричот е далеку подобра опција отколку наведениве две.
Косата ќе ти изгледа неприродно, ко дрворед, ко со колче садена.
Трансплантацијата на коса е уметност, човекот кој ќе ја врши треба да се разбира од занаетот и да има чувство за естетика пред се. Да и даде на косата што поприроден изглед
До сега поминав кај многу доктори што се однесува до косава и наидов на доктори кои кажуваат ,,Не се замарај со тоа што ти паѓа косата", доктори кои препорачуваат чудни лекови од странство со високи цени за кои на следната контрола ти викаат добро е што не си ги нарачал, затоа што не знаеш што може да биде, доктори кои ти препорачуваат хормонска терапија без да ти дадат сигурност дека нема нешто на полошо да се поремети, но и доктори кои имаат одредена обученост и познавања, но не и целосна професионалност.

Како некоја минимална подобра установа од која добив подобри одговори е болницата 8-ми септември, затоа што освен од тоа што ми кажа докторката што да користам, ми го отвори нивниот сајт/систем за медицинска поддршка со совети кој бил американски (бар она тоа ми го кажа) и ми покажа што се постои како решение за ќелавоста. Тука ми ги кажа: користењето на Миноксидилот, употребата на хормонска терапија за блокирање на тестостеронот на ниво на влакната, PRP метода каде се користи серумот и трансплантацијата на коса. Но конкретната терапија која докторката ми ја препорача со Миноксидил, витамини, Swanson и Финастерид не беше прифатлива од моја страна, затоа што Swanson-от како блокатор на тестостеронот на ниво на влакната и Финастериодот како блокатор на тестостеронот се премогу јаки и можат да пројават негативни ефекти, посебно Финастеридот кој може да направи негативни промени во однос на потенцијата, либидото, простатата, а и општа штета на хормонско ниво во телото на еден маж.

Што се однесува до трансплантацијата на коса, моментално не би ја направил поради одредени причини, меѓу што и финансиски, но во иднина би ја направил. Во Санте Плус и тие таквите не би, иако викаат дека Турција е одлично место за правење трансплантација на коса, но еве да речеме дека во Систина би ја направил. И да, вистина е тоа дека докторот треба да знае каде ќе ги постави фоликулите.
 
Е за жал тие се во глобала опциите а ги нема многу. И тие што ги има се базираат на предходниве три за кои има некакви испитувања направено дека имаат некаква делотворност кај одреден процент на луѓе.
Како трајно решение се смета трансплантацијата која е скапа и битно е како ќе биде изведена, затоа што и со нејзе има доста предуслови, како што е квалитетот на донорската област, стручноста на лекарот, како организмот ќе реагира... затоа што кај некои случаеви имам прочитано дека во некои случаеви и после трансплантацијата продолжило опаѓањето и на новата коса. Некои пациенти и откако ќе направат трансплантација наводно по препорака на лекарот специјалист земале финастерид како превентива. Има доста заебанции и јас го разбирам секој оној кој се соочува со овој проблем. Знае да биде многу стресен и мава на самодоверба многу.

Добро е што ме надополни за финастеридот. Сакав да напишам нешто подолго но најбитни се негативните ефекти кои можат да се јават а се од сексуална природа, бидејќи неговото дејство е директно поврзано со тој тип на хормони.
Иако се тврди дека ваквите негативни ефекти се јавуваат кај мал број на корисници, 2-5% според некои податоци, за мене лично тоа е преголем ризик и во ниту еден случај не би се осмелил на таков чекор.

Лично правам што можам во рамки на она што знам дека е безбедно и нема негативни импликации врз моето здравје.
Моментално не сум во некоја многу напредна фаза, со оглед на фактот што со овој проблем се соочувам од моментот кога започнав со студирање па еве сега после дипломирањето сеуште се обидувам ако не да го спречам да го намалам опаѓањето колку што можам, колку што ми дозволуваат финансиите пробувам по нешто што сметам дека е безбедно и ефикасно и истражувам колку можам.
 
Искрено до сега од се што сум користел минимално ми помогнале Пилфудот и Пантенолот. Другото се било моментално и минимално ефективно или пак без ефект. Така да си размислувам за трансплантација на коса за во иднина:D

Друга метода за која викаат дека помага за поттикнување на растот е PRP методата за која до сега имам слушнато и најдено дека се изведува само во Anti Aging Center by Promoitalia. Последниот пат кога прашав која цена е третманот, кажаа дека е 43 или 53 илјади денари да не те лажам. Станува збор за вадење на крв од вена од која се отстрануваат крвните клетки, и потоа во серумот се дава некој активатор. Таквата течност со шприц се вбризгува под скалпот и после одреден период поттикнувала раст на коса. Само не знам колку е се тоа сигурно и ефикасно.

И нешто друго што ми се свиѓа што го нудат во Anti Aging Center by Promoitalia, само што не знам колку е тоа трајно и добро за скалпот, е фиксирање на протеза со коса врз твојот скалп. Викаат дека има трајност и до 3 години.
 
ме интересира што мислиш под пантенол, каде го кпуваш и како се употребува?

кај е ова инти ајџинг? во Скопје?
треба да испитам, да не зборам на ветер али ми личи дека делува под принцип на зголемена циркулација, дека не ставаат нишо ново во организмот. значи би било соодветно со други методи за сголема на циркулација, миноксидил е исто еден од нив.

за пресадување на коса како да прочитав дека влакната пресадени живеат еден животен циклус, т.е. околу пет години. не е ни тоа трајно решение...

протеза е фин збор за перика друже хахахха

барем за мене, правам СЕ што можам, ама баш СЕ, што и се поклопува со општо мое здравје.
Е сега стареењето е тоа што е нема бегање. ќе дојде момент кога решението е само брич. то е то.
не сум во тој момент али ќе дојде, кога поубаво ќе биде брич отколку очајно да се држиш за три влакна што ти останале хахаха

уше еден збор до тебе, далтон и други заинтересирани:
џуџеста палма saw palmetto, прочепкајте..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom