Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Член од
4 декември 2013
Мислења
198
Поени од реакции
70
Ги броиш влакната? од кај знаеш дека се 150? до 100 е нормално во еден ден да ти паѓаат
Само во миење на косава ми паѓаат над 150. А и да ги бројам, месецов со косава психички се пореметив :) Озбилен сум...
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
Dali na nekoj mu pomogna ova so samponite, preparatite i dr raboti? Eve bratucetmi vo Italija eden kup pari dade za kosata i nisto. Negovata pobrzo padna od mojata.
Ako e nasledno dzabe ne frlajte pari. Jas se pomiriv i sega mi e seedno dali imam kosa ili ne.

Заеби шампони препарати и разни козметики , нула резултати. Единствени решенија миноксидил , пропециа , и во краен случај трансплантација.

Пропециата има негативни ефекти , намалена ерекција , или недај боже импотентност. Мада тоа е во децимален процент од корисниците.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
Само во миење на косава ми паѓаат над 150. А и да ги бројам, месецов со косава психички се пореметив :) Озбилен сум...
Тие влакна шо паѓаат кога се бањаш не се само од еден ден, или се бањаш секој ден и секој ден има одприлика толку влакна??? ако е на 2,3 дена рачувај тоа се влакната шо треба да паднат од сите 3 денови, а нормално е до 100 влакна дневно, косата постојано се обновува
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
Минохидилот без пропециа нема никакаков ефект :)
Ако веќе користиш пропециа не ти е ни потребен миноксидил , али треба да си јунак да пробаш. :D Миноксидил од 5 % може да даде колку толку резултат после многу време , али не е ништо посебно. Пропециата од друга страна ако немаш негативни ефекти може од NW5 да те врати на NW1. Страшно ефикасна дрога , али за огромна жал на милиони луѓе и страшно декструктивна.

И на крај ти останува трансплантација. Перманентни влакна кои не паѓаат , али никој не ти гарантира за твојата природна коса. Плус скапо е у пм.
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155

Цела година да бидиш мрсен во глата за 3 влакна да ти пораснат :mad: , а пропециа + минох ке добиеш побрз ефект :) ама како шо читам на многу луге шо земат пропециа само му престанало да му паѓа ,а нова коса не му пораснала ..
 
Член од
16 април 2014
Мислења
32
Поени од реакции
2
Dali nekoj od forumot ima Licni iskustva so Mezoterapija, PRP i sl tretmani od kaj Ancevski
me interesira cena i efikasnost
Dali nekoj od forumot ima licno iskustvo i so tretmanite od 101 i dali ima rezultati
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
Dali nekoj od forumot ima Licni iskustva so Mezoterapija, PRP i sl tretmani od kaj Ancevski
me interesira cena i efikasnost
Dali nekoj od forumot ima licno iskustvo i so tretmanite od 101 i dali ima rezultati
Брат бев на испитување кај Анчевски , и ми даде терапија со МЕРЦ специал , блу кап шампон , и една друга пена. Зборував со едно друго другарче што беше кај него вика исто и на него му дал. Со мезотерапија немам искуство , така да оди прашај си. Овие во 101 хаир мислам дека прават мезотерапија.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.218
Поени од реакции
2.075
Ајде и јас да споделам мислење околу оваа проблематика.До 23 години имав таква густа коса што прсти не можев да ставам ,камоли чешел, сега на 28,5 год. ми е разретчена но сепак сум задоволен со оглед на проблемите што ги имав претходните 4-5год. Кај мене проблемот беше во тоа имав многу стресна и нервозна психичка состојба,па како резултат на тоа ми се појави првут кој ко имам перидоично и ден денес зависно до шампоните и мрсна коса па така си дојде и намалувањето на косата. Во почетокот имав губење преку 100 влакна дневно проследено со мрсна коса.И таман мрсењето ќе се повлечеше следуваше сува, дехидрирана коса со првут. Тежок удар по психа леле мајко,почнав да се просветлувам за проблемот, па по лекари и испитувања, разни шампони и препарати, се срање. Зедов малку психички се средив, конзумирам Б комплекс витамини, шампон комбинација од бреза и коприва
95 денари 230мл. И редовно(3-4 пати неделно не штедам на јајца:Dимам доволно) маска за коса: едно јајце,една лажица сок од лимон,мало лажиче пантенол раствор, (понекогаш ставам и гмечам пола банана).Сето тоа се меша убаво и се става на косата да седи 45 минути, бар јас толку практикувам. Стресна состојба мора да е на нула, зошто во мојов случај е виновна 100 посто. Резултатот сега кај мене е 10-20 максимум паднати влакна денот и тоа зависи и од тоа што сеуште сум склон на првут, што значи може и подобро. Е сега генетските предиспозиции го имаат главниот збор кај мажите. Доколку го имате генот за ќелавост ,а машките го имаме и тоа како тогаш проблемот е голем.Решението би можело да биде во пресадување коса(видете ги резултатите кај Антонио Конте тренерот на Јувентус), што мислам дека кај нас доцни многу, а и скапо е многу.Лек би можело да се најде ама на фармацефските компании побитен им е профитот .Сега последно ја заслушав и Баба Рада кажуваше за петролеј кој наводно помага против опаѓање и ретчењето на косата и првутот во мојов случај. Тој би се користел во маската за коса како едно кафено лажиче.Друго што најдов е и Црн шампон (така се вика) на Др. Темт кој исто така содржи петролеј само што кај нас го нема и треба да го нарачам од Хрватска,а со оглед дека е 10 евра за 150мл и уште толку за поштарина, се мислам али за првутов и дехидриранава коса лек мора да најдам,и тоа природен зошто шампониве за првут а и општо шампониве според мене се е ѓубре, ми ја прават лом косава.Сума сумарум не дозволувајте на психа да паднете без разлика на било што.Јебига генот наследен тешко дека се лекува бар засега кај нас , може само да се одложи на некое време со апчиња, ако имате првут и дехидрирана коса како мене пробајте со маската што ви ја кажав , витамини, овошје, редовна и богата исхрана, стрес и нервоза никако а гледајте да не претерувате со алкохолот и цигарите.Друго незнам што да ви речам, погоре читав еден член кажа за рендан рен во црно вино како лек па ако има пробано нека сподели искуства.А јас продолжувам да гуглам, мора да се бориме;)
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Дечки како се викаа тие апчињата што се единствен лек против опаѓање ама те праат неплоден/импотентен и слично?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
Дечки како се викаа тие апчињата што се единствен лек против опаѓање ама те праат неплоден/импотентен и слично?
Пропециа. И не се лек , туку треба континуирано да ги пиеш за да има резултати. Ако ги прекинеш опаѓањето почнува пак.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Пропециа. И не се лек , туку треба континуирано да ги пиеш за да има резултати. Ако ги прекинеш опаѓањето почнува пак.
:facepalm: Баш пред некој ден праев муабет со братучед,ќе идел на матичен да му го препишел,али не ми текнуваше у моментот точно како се викаа,фала:).Му викам да иде кај некој приватњак,специјалист,вика ко демек шампони ќе му даеле,само пари безвезе за прегледи ќе давал.Како бе може матичар да му дае рецепт за така заебан лек,без анализи и слично.Се надевам дека нема туку така да му ги дадат.Сеа нешто чепкав по нет кај некои луѓе демек и перманентно импотенција предизвикувало..Според мене боље чекај скроз да ти падне па пресади,него оваков ризик да презема на тие години.Го користел некој од тука?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
:facepalm: Баш пред некој ден праев муабет со братучед,ќе идел на матичен да му го препишел,али не ми текнуваше у моментот точно како се викаа,фала:).Му викам да иде кај некој приватњак,специјалист,вика ко демек шампони ќе му даеле,само пари безвезе за прегледи ќе давал.Како бе може матичар да му дае рецепт за така заебан лек,без анализи и слично.Се надевам дека нема туку така да му ги дадат.Сеа нешто чепкав по нет кај некои луѓе демек и перманентно импотенција предизвикувало..Според мене боље чекај скроз да ти падне па пресади,него оваков ризик да презема на тие години.Го користел некој од тука?
Не се секирај , шансите да му дадат се мали скоро никакви. Плус тоа ги нема скоро никаде на балканот освен во Бугарија , али треба да познава луѓе за да дојде до нив. :) Ова не е лек за главоболка па туку така да го дават , ова е финастерид и спаѓа во хормонални дроги.

Најинтересно е што апчињата за некои се мајка , за некои маќеа. Познавам луѓе што ги пијат по 15-16 години и фукционираат нормално , немаат никакви негативни појави. А кај некои пак може да предизвикат и импотенција , опаѓање на либидо , дури кај некои пациенти било забележано и растење на гради. :eek: Со вакви апчиња нема заебанција , кажи му да прочита убаво се на нет пред да се одлучи за вакво нешто , или пак нека проба со Saw Palmetto тие се на природна база и се многу добри , а може да проба и Биотин од 10.000 mcg го има на Амазон. Тие биотинот се доста јаки , и затоа треба во текот на денот да испиеш најмалце 2 литри вода за да не се појавуват акни на лицето. Други опции му се миноксидил од 5 % , се нанесува на главата на местата каде што е проретчена косата. Има на јутуб еден куп клипови со какви резултати даваат , неможеш да очекуваш Џастин Бибер фризура , али доста се ефикасни. И да , трансплантацијата за мене е најефикасно решение , и сам планирам да одам наредната година за да ја згуснам косата. :)
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Па не верувам дека миноксидил ќе сака,пошто носи косa до рамења,ќе изгледа како да не се бањал цел месец.Јас се мислев едно време да пробам Пилфуд 2% со Кетоконазол,али прочитав негде дека нe работел на залистоците(засега едино тие ми се проретчуваат).А Сав Палмето не верувам дека има во Македонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom