Ајде и јас да споделам мислење околу оваа проблематика.До 23 години имав таква густа коса што прсти не можев да ставам ,камоли чешел, сега на 28,5 год. ми е разретчена но сепак сум задоволен со оглед на проблемите што ги имав претходните 4-5год. Кај мене проблемот беше во тоа имав многу стресна и нервозна психичка состојба,па како резултат на тоа ми се појави првут кој ко имам перидоично и ден денес зависно до шампоните и мрсна коса па така си дојде и намалувањето на косата. Во почетокот имав губење преку 100 влакна дневно проследено со мрсна коса.И таман мрсењето ќе се повлечеше следуваше сува, дехидрирана коса со првут. Тежок удар по психа леле мајко,почнав да се просветлувам за проблемот, па по лекари и испитувања, разни шампони и препарати, се срање. Зедов малку психички се средив, конзумирам Б комплекс витамини, шампон комбинација од бреза и коприва
95 денари 230мл. И редовно(3-4 пати неделно не штедам на јајца
имам доволно) маска за коса: едно јајце,една лажица сок од лимон,мало лажиче пантенол раствор, (понекогаш ставам и гмечам пола банана).Сето тоа се меша убаво и се става на косата да седи 45 минути, бар јас толку практикувам. Стресна состојба мора да е на нула, зошто во мојов случај е виновна 100 посто. Резултатот сега кај мене е 10-20 максимум паднати влакна денот и тоа зависи и од тоа што сеуште сум склон на првут, што значи може и подобро. Е сега генетските предиспозиции го имаат главниот збор кај мажите. Доколку го имате генот за ќелавост ,а машките го имаме и тоа како тогаш проблемот е голем.Решението би можело да биде во пресадување коса(видете ги резултатите кај Антонио Конте тренерот на Јувентус), што мислам дека кај нас доцни многу, а и скапо е многу.Лек би можело да се најде ама на фармацефските компании побитен им е профитот .Сега последно ја заслушав и Баба Рада кажуваше за петролеј кој наводно помага против опаѓање и ретчењето на косата и првутот во мојов случај. Тој би се користел во маската за коса како едно кафено лажиче.Друго што најдов е и Црн шампон (така се вика) на Др. Темт кој исто така содржи петролеј само што кај нас го нема и треба да го нарачам од Хрватска,а со оглед дека е 10 евра за 150мл и уште толку за поштарина, се мислам али за првутов и дехидриранава коса лек мора да најдам,и тоа природен зошто шампониве за првут а и општо шампониве според мене се е ѓубре, ми ја прават лом косава.Сума сумарум не дозволувајте на психа да паднете без разлика на било што.Јебига генот наследен тешко дека се лекува бар засега кај нас , може само да се одложи на некое време со апчиња, ако имате првут и дехидрирана коса како мене пробајте со маската што ви ја кажав , витамини, овошје, редовна и богата исхрана, стрес и нервоза никако а гледајте да не претерувате со алкохолот и цигарите.Друго незнам што да ви речам, погоре читав еден член кажа за рендан рен во црно вино како лек па ако има пробано нека сподели искуства.А јас продолжувам да гуглам, мора да се бориме