Русија - смена во надворешната политика?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.789
Поени од реакции
21.193
Абе ајде :) Што значи дека и ние имаме интереси и супер ние пошто многу си ги иаме. Ваууу :facepalm:
Точно така си имаме интереси, но немаме сила да ги наметниме.
Затоа служи дипломатијата.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Мило ми е бидејќи се разбравме околу тоа дека светот не е црно-бел, дека нема добри и лоши, туку има само победници и губитници.

Но кои ќе бидат победниците, а кои ќе бидат губитниците доколку на Иран му се дозволи да има нуклеарно вооружување ?

Мора да постои рамнотежа, мора да има балансирано влијание. Доколку контролата прејде целосно во едни или други раце сите сме наебале.

Не може да има само јак Израел и Америка, не може да се недопирливи и се’ да им пројде неказнето. Повелбата на ООН не важи само за нив и нивните сојузници, тие се над секој закон, па дури и над оној што самите го примениле.

Правдата никогаш нема да биде целосно задоволена, но ако сакаш со војна да истераш правда може да се случи со војна и да изгубиш се’ што имаш.

Кои ќе бидат победниците, а кои губитниците доколку Израел попушти и го прифати предлогот на Барак Хусеин Обама од мај 2011 за враќање на Израел во неговите стари граници од пред 1967 година и за создавање на независна Палестина во границите од пред 1967 година ?
Доколку било кој мисли дека со вечна окупација ќе одржува мир кај себе дома, тогаш им дава полно право на сите поголеми земји да ја повторат империјалистичката експанзионистичка политика колку што можат, за да се чувствувале посигурно.

Реков, мора да има рамнотежа, ако сакаат да развиваат нормални односи, мора да овозможат нормални услови за опстојување на Палестина. Ако сакаат да водат војна без крај, нека продолжат и евентуално ќе се доведат до истребување. Тогаш ќе има еден дефинитивен победник.

Не знам како ти си се образовал за Втората Светска Војна, јас лично не сум бил на ниту едно од местата на кои се одвивале поголемите битки во Европа за време на Втората Светска Војна, не сум ги видел лично и со свои очи нацистичките логори на смртта, но пријатели мои кои биле во посета на Полска и на Германија, се имаат вратено со фотографии од нивните посети на истите тие нацистички логори на смртта, а не верувам дека фотографиите се лажни. Исто така сум бил во Меморијалниот Центар на Холокаустот во Скопје, кој е ептен скромно уреден во споредба со Музејот на Македонската Борба за Државност и Самостојност и Музејот на ВМРО и на жртвите на комунистичкиот режим кои се веднаш наспроти Меморијалниот Центар на Холокаустот во Скопје, а воопшто не се скромно уредени во споредба со Меморијалниот Центар на Холокаустот, но сепак и едниот и другиот музеј доволно говорат кој бил победникот, а кој бил губитникот во Холокаустот.
Би требало да поседуваш само здрав разум на расудување, дека не сите “вистини“ се вклопуваат во тоа што навистина имало место. Јас живеев 3 ипол години во Полска и сум бил не само во логорите, туку сум имал прилика да живеам/престојувам во сите земји од бившиот Варшавски блок и да ги чујам локалните истории кои селективно се изоставени од нашите учебници.
Како на пример, пактот меѓу Германија и СССР и поделбата на Полска, 1/3 од загинатите во логорите не биле Евреи, бројките се дополнително манипулирани и “приближно“ определени, никогаш не се збори за Хлодоморот или бројните расни егзекуции во СССР, како што не се збори ниту за полските планови за експанзија и депортирањето на Германцит, масовните силувања од Русите врз германските жени или тоа дека во скоро сите угнетувани земји се јавиле национално ослободителни движења кои гледале шанса во Германија да им помогне да се здобијат со независност, за подоцна тие да се само политички означени како “нацистички колаборанти“ никогаш не навлегувајќи во суштината на нивната национална идеологија, која немала никаква окупаторско асимилаторска политика.
Меѓутоа, за сите овие историски противречности на форумот за Историја.

Сакав само да потенцирам, дека не можеме повеќе да се играме ко Партизани и Германци, се очекува од нас да сме многу повеќе информирани од времето кога сме биле клинци.

Основачката повелба на Хамас, која те охрабрувам да ја побараш на Интернет и да ја прочиташ, јасно потенцира дека една од најосновните цели на Хамас е уништување на Израел и истребување на Евреите. Секојдневниот западњак би се смеел на ваквите закани од страна на Хамас, но верувај ми, на Израелците воопшто не им е до смеење кога се случуваат ракетните напади од Газа врз израелска територија, напади кои се вршат исклучиво врз цивилно население, а не врз воени цели, па од тука многу појасно е кој врши вистински геноцид и кој врз кого врши репресии.
Не треба да ми објаснуваш, не сум дете. Хамас му е потребен на Израел, како што на САД потребни им се Ал Каеда. Знаеш кога ќе престане нивната војна со “терористите на Алах“? Во оној момент кога ќе измислат “православни руски терористи“ и ќе бараат изговор за напад на Русија.

Нели се согласуваш дека се работи само за интереси, не би требало да имаш проблем да го разбереш ова, а истовремено да веруваш во светската закана - радикалниот ислам, кој е вооружуваан со стингери од НАТО.
Мислам, алооооо, се читаме?

Јас поддржувам создавање на палестинска држава, но не во границите од пред 1967 година, како што тоа го сакаат Палестинците и како што го предложи Барак Хусеин Обама во мај 2011, и дефинитивно не со радикални исламисти како Хамас на власт, а токму такви исламисти сега се на власт и во тазе "демократизираните" Египет, Тунис, како и во Исламистичката Република Иран, на која неофицијален национален слоган уште од самото основање, па се до денешен ден е: Бришење на Израел од мапата.
Ништо не си разбрал. Инсталирани се режими по сценарио од САД, а сменетите режими треба да ја одиграат улогата на “исламски пријатели“ на Иранците за да би ги повикале да го симнат режимот по нивниот диктатор, а САД како деклариран анти-исламист ќе им донира оружје, за потоа да ги држи сите нови режими и контролата над сите арапско-муслимански земји.
После 10 години ништо не се променило на подобро во Авганистан или Ирак, ниту САД имаат интерес нешто да се подобри. Сите тие земји треба да се оддржуваат на најниско ниво на развој, да веруваат дека Американците им се пријатели бидејќи им даваат хуманитарна помош, додека црпат билијарди од нивната земја.

Џабе ни е муабетов, тешко е да се преџвака сето ова, кога најлесно е да упростуваат стварите од типот на Партизани и Германци, добри и лоши, христијани и муслимани.

Во ситуација кога американските интереси не ни се наклонети, не гледам зошто не би кокетирале со Русите и наврзале подобра соработка, за ако навистина ни згусти да имаме на што да се повикаме и да бараме сојузници. А вака, оставени сме во немилост на НАТО, ЕУ и интересите на нашите алчни соседи.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 00:31 ---
Точно така си имаме интереси, но немаме сила да ги наметниме.
Затоа служи дипломатијата.
Владе, не знам другар дали ги разбираш речениците кои ги склопуваш ама едноставно не прават смисла.

Нам ни треба само пари, било какви, па нека се и крвави, од бело робје, дрога, перени, мафијашки, или легално удвоени, за да купиме се’ што ни треба.

Во овој живот само парите се рачунаат во политиката, како што Филип со магаре натоварено со злато ги поткупил Атињаните така и денеска се средуваат проблемите.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.789
Поени од реакции
21.193
Владе, не знам другар дали ги разбираш речениците кои ги склопуваш ама едноставно не прават смисла.

Нам ни треба само пари, било какви, па нека се и крвави, од бело робје, дрога, перени, мафијашки, или легално удвоени, за да купиме се’ што ни треба.

Во овој живот само парите се рачунаат во политиката, како што Филип со магаре натоварено со злато ги поткупил Атињаните така и денеска се средуваат проблемите.
Сето тоа не е спорно ама друга ми беше мислата.
Нешто во врска со интересите беше, но за разлика од големите сили не можеме да си ги оствариме со сила, а не дека немаме.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Дали НАТО го губи тлото во Сирија:
"At a June 30 meeting on Syria in Geneva, foreign ministers from the permanent members of the UN Security Council -- Britain, China, France, Russia and the United States -- and several other countries proposed establishing a transitional Syrian government comprised of both Syrian authorities and opposition forces."

Креаторот на војната во Сирија генерал David Petraeus воедно и еден од блокаторите на договорот во Женева по реелекцијата на Обама е успешно остранет.Слична судбина ја снајде и Клинтоница под изговор за тромб...
http://www.globalresearch.ca/us-nato-sponsored-free-syrian-army-is-falling-apart-government-forces-have-the-upper-hand/5317633
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Вистина е тоа дека народите во источна Европа кои биле окупирани од страна на Советскиот Сојуз на почетокот на Втората Светска Војна, како што се Литванците, Летонците и Естонците, како и Украинците кои на големо страдале за време на Гладоморот и за време на сталинистичките чистки и големиот терор во 1930-те години, во Нацистичка Германија гледале сојузник и спасител од социјализмот. Но истовремено вистина е и фактот дека истите тие народи без никакво двоумење соработувале со нацистичките окупатори и активно им помагале во апсењето на Евреите и на сите други жртви на Холокаустот, типичен пример за ова се козаците кои уште во Руската Империја биле познати по своите антисемитистички погроми, а за време на нацистичката окупација на Советскиот Сојуз, без никакво двоумење им помагале на нацистите во масакрирањето на советските Евреи, па токму затоа после Втората Светска Војна, Сталин ги истребил истите тие козаци поради соработката со нацистичките окупатори.

Но и самиот Херман Геринг, по окупацијата на Украина спомнал дека во Украинците гледа само робови за Третиот Рајх, кои или ќе робуваат за Третиот Рајх или ќе изумрат од глад и жед, а тие кои ќе прифатат да робуваат за Третиот Рајх, ќе робуваат се додека и тие самите не изумрат. Не им понудил ни формирање на независна украинска држава која би била управувана од страна на марионетски режим на Нацистичка Германија, како што тоа го направил Хитлер по уништувањето на Чехословачка во 1939 година кога им дозволил на Словаците да имаат независна словачка држава, исто како што и на Хрватите по инвазијата на кралството Југославија во 1941 година им дозволил да имаат независна хрватска држава, иако истите тие држави биле управувани од страна на марионетски режими, сепак биле признаени како независни од страна на Нацистичка Германија и нејзините сојузници.

Токму ваквата политика на Нацистичка Германија кон народите кои се нашле под нејзина окупација ја спречило Нацистичка Германија да создаде нови сојузници на териториите на Советскиот Сојуз кои ги окупирала.

Познат е и фактот дека Адолф Хитлер дури во 1944 година, кога веќе на целиот свет му станало јасно дека Нацистичка Германија ја губи војната, дал амин за формирање на македонска држава која би била сојузник на Нацистичка Германија во Втората Светска Војна, но човекот во кого имал доверба и на кого му ја дал задачата да прогласи македонска држава која би била сојузник на Нацистичка Германија во војната, Иван Михајлов, не бил баш човек во кого Македонците имале доверба, особено после неговите убиства на познати македонски дејци од ВМРО во 1920-те години и во 1930-те години, како и поради неговата соработка со Бугарија. А и згора на се, фирерот барал сојузник во македонскиот народ дури после 3 години кои македонскиот народ ги поминал под нацистичка и фашистичка окупација, малку предоцна му текнало да бара нови сојузници на Балканот.

Се што спомна за Холокаустот и за Гладоморот во Украина се општо познати факти, кои ќе ги најдеш во книги кои се достапни насекаде низ Скопјево, а претпоставувам и низ Македонија.

Но мора да се признае дека во учебниците по историја речиси ништо не се спомнува за Гладоморот во Украина, но помнам дека во учебник по историја имам прочитано точна статистика за тоа дека од над 11 милиони жртви на Холокаустот, околу 6 милиони биле Евреи, помеѓу 2 и 3 милиони биле советски воени затвореници, речиси 2 милиони биле Полјаци, речиси 1 ипол милиони биле Роми, а остатокот биле Словени, хомосексуалци, Јеховини сведоци, лица со инвалидитет и со пречки во развојот и ред други помали групи на луѓе.

А кога сме кај сталинизмот и кај Гладоморот, ситуацијата е уште покатастрофална, речиси ништо не пишува за нив ниту во старите, ниту во новите учебници по историја. Бог нека ни е на помош, Македонците не се нешто многу заинтересирани за историјата, но и историчарите ќе сносат одговорност доколку сталинизам и Гладомор ни се случат на нас Македонците, бидејќи не ги документирале злосторствата на сталинизмот и Гладоморот во учебниците по историја.

Не велам дека Хамас не постои за да функционира онака како што тоа му одговара на некој во позадина кој профитира од злосторствата на Хамас, но не би се согласил дека баш Израел е тој кој профитира од злосторствата на Хамас, лично мислам дека тоа е Иран, кој повеќе од 30 години е предводен од страна на радикална исламистичка влада. Нелогично ми делува Израел да попушта пред Хамас со тоа што присилно ги евакуираше сите Израелци од Газа, само за да се најде невино израелско цивилно население на териториите на Израел кои се граничат со Газа на милост и немилост на ракетите на Хамас, од кои патем, кога се случија последните ракетни напади од Газа кон Ерусалим и кон Тел Авив, значителен број беа со иранско потекло.

Не велам дека новоинсталираните режими во тазе "демократизираните" Тунис и Египет не се марионетски режими на САД и на ЕУ, но на крајот на краиштата, и шахот во Иран беше марионетски владетел на САД, па беше соборен со исламистичката револуција во Иран во 1979 година, а на негово место денес во Иран на власт е инсталирана радикална исламистичка влада која отворено и јавно се залага за уништување на Израел. Новоинсталираните режими во државите низ кои поминала таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима бидејќи секаде каде што поминала, со себеси донела се и сешто освен слобода и демократија, за жал не се ништо поарни од иранската радикална исламистичка влада, иако се марионетски режими на САД и на ЕУ, сепак отворено повикуваат на уништување и истребување на се и сешто немуслиманско. Денес западот ги игнорира нивните злосторства и нивните закани кон немуслиманскиот свет, но утре може и тие да бидат заменети како шахот во Иран со уште порадикални исламистички влади, или можат најкомотно да сменат страна и да преминат кон Русија и Кина, но лично не верувам дека тоа ќе ги смени нивните навики и нивната програма за уништување и истребување на се и сешто немуслиманско.

Можеби не можеме да ги делиме луѓето, државите и нациите на добри и лоши, на германци и на партизани, но можеме да ги делиме на мирољубиви и на војнољубиви, а Палестинците со нивните ракетни напади врз цивилно население во Израел не ми делуваат баш нешто многу мирољубиви, додека Израел напаѓа дури откако веќе е нападнат, односно возвраќа кога веќе е предизвикана материјална штета, а неретко и колатерална штета.
 
Постоењето на милитантен Хамас е основниот аргумент врз кој се темели израелското спротивставување на палестинската независност. Мора да се оддржува одредено “неопходно“ зло, за да спречи уште поголемо “зло“ за Израел - создавање на независна Палестина и судење на Израел за воени злосторства.

Сите поранешни диктаторски режими исто така беа ставени од страна на САД и Западот, сите лидери на терористички исламски организации беа обучувани од ЦИА, како што и сега сите тие се вооружувани и логистички помагани од САД и НАТО.

Не треба да заборавиме дека и САД и НАТО и нивните приврзаници ги признаа сиријските бунтовници ’свети алахови воини’ за легитимни претставници на Сиријците.

Нема потреба од споредување со обемна историја на конфликти и ситуации од пред 50 години, доволно е да се анализираат случувањата во моментов.

Не постои никаква “оска на злото“, глобална закана од радикалниот Ислам и сл. бидејќи се’ ова е само дел од америчката продукција.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 10:44 ---
Уфуфуф како му се лижат :) :

Рускиот претседател Владимир Путин е на врвот на листата највлијателни личности во светот, објавена во американското списание Foreign Policy.
http://kajgana.com/foreign-policy-putin-e-najvlijatelniot-chovek-vo-svetot
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
За сите што сметаат дека Русија нема моќ да проектира сила надвор од своите граници:
http://russian-ships.info/eng/today/
Oksigenne,

да не почнуваме пак со “мерења“ :)

Во меѓувреме:

Посетата на премиерот Груевски на Русија наиде на голем медиумски интерес.

При средбите со губернаторите на Москва, Владимир, Нижњиј Новогород и Сан Петербург, премиерот Груевски имаше прес-конференции со локалните лидери на кои присуствуваа најтиражните локални и национални медиуми.

http://denesen.mk/web/2012/06/23/ruskite-novinari-zainteresirano-za-gruveski/
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
" Палестинците се жртви, да, но на нивните луди и крвожедни лидери."

Новогодишна честитка од Патрик Кондел, британски атеист и комичар, кој на дебело говори против религиите, додавајќи дека е крвопролевањето од религиски причини е тотално непотребна глупост, но сепак и тој сака Израел да постои, да биде силен и да се брани себеси, без разлика дали како еврејска или било каква друга немуслиманска држава, истовремено додавајќи дека светот треба да им направи услуга на Палестинците и да ги разбуди од нивниот средновековен кошмар во кој живеат со децении.

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Видете кој гол со пета им го стегна Путин на Французите:

Рускиот претседател Владимир Путин во Сочи се сретна со францускиот актер Жерар Депардје, и му го предаде рускиот пасош, соопшти прес-секретарот на Кремљ, Димитриј Песков.

Причината е воведувањето на т.н. данок за богатство, со кој богатите Французи се оданочуваат со 75 отсто данок на приходите чија сума надминува еден милион евра.
http://kajgana.com/putin-se-sretna-so-depardje-i-mu-go-vrachi-ruskiot-pasosh
 
H

HITCH

Гостин
Државниот секретар на САД во заминување реши да ја тресне вратата зад себе: во последно време кажува сè што мисли. Сепак, нејзината најнова изјава за тоа дека САД мораат да „најдат ефикасен начин за да ги успорат или да ги спречат“ интеграциските процеси како што се Евроазиската и Царинската унија и натаму се смета за официјална политика на Вашингтон.
„Задушувањето на опозициското расположение во земјите на Источна Европа и на Средна Азија можат да доведат до нова 'советизација' на овие земји“, изјави државниот секретар на САД Хилари Клинтон. Таа себеси си даде толкава слобода само неколку часа пред средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во Даблин. Иако, тоа беше нејзина проштална средба.
Руската страна одговори веднаш. Александар Грушко, постојаниот претставени на РФ во НАТО, е уверен дека изјавите на САД за тоа како Русија тежнее кон „ресоветизација“ на постсоветското пространство не одговараат на реалните процеси што се одвиваат во регионот.
Сега Хилари Клинтон си дава слобода да зборува практично сè што мисли, сè што „се насобрало“, сè што од неа сакаат да слушнат младите американски „јастреби“, кои сè уште немаат искуство во меѓународните односи.
Според зборовите на државниот секретар, „советизацијата“ може да се одвива и под називи како што се „Царинска унија“ или „Евроазиска унија“. „Не треба да се лажеме. Ние знаеме која е целта и се обидуваме да најдеме ефикасен начин за да го успориме или за да го спречиме тој процес“, нагласи Клинтон.

Извор: Руска реч.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Видете кој гол со пета им го стегна Путин на Французите:

Рускиот претседател Владимир Путин во Сочи се сретна со францускиот актер Жерар Депардје, и му го предаде рускиот пасош, соопшти прес-секретарот на Кремљ, Димитриј Песков.

Причината е воведувањето на т.н. данок за богатство, со кој богатите Французи се оданочуваат со 75 отсто данок на приходите чија сума надминува еден милион евра.
http://kajgana.com/putin-se-sretna-so-depardje-i-mu-go-vrachi-ruskiot-pasosh
Тоа не е нешто спетакуларно. Западниот свет во изминатите години от разпадот на СССР па до днес толкова руски олигарси прими, толкова научен капацитет глотна от нив ... тоа со Депардje е капка во морето.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Тоа не е нешто спетакуларно. Западниот свет во изминатите години от разпадот на СССР па до днес толкова руски олигарси прими, толкова научен капацитет глотна от нив ... тоа со Депардje е капка во морето.
Го пропушташ маркетиншкиот ефект, кој е поголем и позначаен во издигнување на рускиот престиж, како земја која се “грижи“ за големите уметници, актери, музичари и сл., а на возврат ја добива промоцијата од страна на тие луѓе, како на пример Депардје изјави дека Русија е “голема демократија“ :) и многу слични коментари во позитивна насока.

The actor responded by writing an open letter saying: "I love your country, Russia - its people, its history, its writers. I love your culture, your intelligence."
Mr Depardieu went on to describe Russia as "a great democracy, and not a country where the prime minister calls one of its citizens shabby".
http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-20921208

Многу побитно е твојот имиџ да го креираат луѓе од рангот на Депардје, отколку што можат да го извалкаат сто нимфо-геј-лезбо-голи движења од типот на Пуси Риот.

Инаку, назад на темава, руските воени бродови стигнаа во Сирија.

Russian warships are being deployed off the Syrian coast in the Mediterranean Sea to deter any military intervention by the Western states in the Arab country, a report says.

Citing a Russian diplomat, The Sunday Times said that Russia has sent five landing ships, carrying military vehicles and hundreds of marines, as well as combat vessels in the eastern Mediterranean recently.
 
Апсолутно се согласувам.

Многу поважни се коментарите кои за Русија ќе ги даде светски позната личност како Жерар Депардје, отколку плукањата кон Русија кои би дошле од устите на луѓе како Пуси Рајот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom