Руската воена морнарица од 2015 година во Средоземното Море, се спомнуваат црногорски пристаништа
Сѐ уште не се знае кои пристаништа бродовите би можеле да ги користат за набавки и одмор на екипажите, но Русија планира до 2015 година нејзината Воена морнарица, со шест до десет бродови, да биде постојано присутна во Средоземното Море, јавува РИА Новости.
Воено оперативната флота во која би имало борбени бродови и бродови за снабдување ќе биде под команда на руската Црноморска флота, или главниот штаб на руската морнарица, изјавил за руската новинска агенција портпаролот ан морнарицата.
Сѐ уште не е одлучено кои пристаништа би се користеле за пополнување на реезрвите и одмор, но, покрај сириското пристаниште Тартус, би можеле да се користат пристаништа во Кипар, Грција, или Црна Гора, пренесува РИА.
Командниот брод на оперативната група би можел да биде носач на хеликоптери од типот Мистрал, кои Русија ги купи од Франција, но конечната одлука за тоа ќе биде донесена кога ќе биде завршена комплетната инфраструктура за операцијата.
Еден претставник на рускиот генералштаб претходно изјавил дека по повеќе од две децении руската војска повторно ќе биде постојано присутна во Средоземјето, за да извршува задачи во кризните региони во целиот Медитеран.
Во Средоземно Море на почетокот на годинава се одржуваа воени вежби на бродовите на Руската воена морнарица. И тоа не една или две флоти, како што беше случајот порано, ами сите четири – Северната, Балтичката, Црноморската и Тихоокеанската.