Почна да разочаруваш со твоите “историски“ осврти. Ова се однесува пред се за улогата на Русија во 2 Св. Војна.
Се гледа дека си баш публицистички образуван во врска со Втора Св. војна, плус поделбата на добри и лоши момци која ја направи ко да е позајмена од амерички холивудски сценарија каде тие секогаш го спасуваат светот од злото. Ти се молам поштедиме од такви срања.
Иако го сметам Израел за близок нам, ете без некоја посебна причина имам свои симпатии, не треба да се лажеме овде на форумов и да ги извртуваме нештата, како тоа пази богати Палестинците сакале “Голема“ држава, па ова е тотален парадокс, знаејќи дека нивната територија е окупирана и доделена на Евреите, дека тие се депортирани и репресирани со децении.
Зарем би очекувал тензиите да се смират со непостоење на палетинска држава? Со смена на режимите во сите арапски земји? Со освојување на Иран?
Во која од среќните земји на арапското пролече сега е подобро отколку што било? Ние повеќе не слушаме од западните медиуми за тие земји, но она што таму се случува е далеку од било која „демократизација“ на општеството и „ослободување“ од режими, увезен е само терор, хаос, неред, истребување и кланско владеење.
Тоа е бенефитот од демократијата на Западот.
Израел го има секое право да се бори против арапските милитанти, меѓутоа дали има право да се вози на америчката артилерија за да прави корпорациски колонии?
Нема тоа да помине, навидум и да го достигнат посакуваниот воен резултат, војната никогаш нема да се изгасне, а ако некој воопшто го познава арапскиот менталитет, тие никогаш нема да се помират и ќе бараат освета.
Акциите против Сирија и Иран несомнено водат против руските интереси и зошто Русија би требало да се откаже од своите геостратешки интереси за доброто на Америка и Израел?
Не е светот црно-бел, ниту има добри и лоши страни. Има само победници и губитници.
Мило ми е бидејќи се разбравме околу тоа дека светот не е црно-бел, дека нема добри и лоши, туку има само победници и губитници.
Но кои ќе бидат победниците, а кои ќе бидат губитниците доколку на Иран му се дозволи да има нуклеарно вооружување ?
Кои ќе бидат победниците, а кои губитниците доколку Израел попушти и го прифати предлогот на Барак Хусеин Обама од мај 2011 за враќање на Израел во неговите стари граници од пред 1967 година и за создавање на независна Палестина во границите од пред 1967 година ?
Не знам како ти си се образовал за Втората Светска Војна, јас лично не сум бил на ниту едно од местата на кои се одвивале поголемите битки во Европа за време на Втората Светска Војна, не сум ги видел лично и со свои очи нацистичките логори на смртта, но пријатели мои кои биле во посета на Полска и на Германија, се имаат вратено со фотографии од нивните посети на истите тие нацистички логори на смртта, а не верувам дека фотографиите се лажни. Исто така сум бил во Меморијалниот Центар на Холокаустот во Скопје, кој е ептен скромно уреден во споредба со Музејот на Македонската Борба за Државност и Самостојност и Музејот на ВМРО и на жртвите на комунистичкиот режим кои се веднаш наспроти Меморијалниот Центар на Холокаустот во Скопје, а воопшто не се скромно уредени во споредба со Меморијалниот Центар на Холокаустот, но сепак и едниот и другиот музеј доволно говорат кој бил победникот, а кој бил губитникот во Холокаустот.
Основачката повелба на Хамас, која те охрабрувам да ја побараш на Интернет и да ја прочиташ, јасно потенцира дека една од најосновните цели на Хамас е уништување на Израел и истребување на Евреите. Секојдневниот западњак би се смеел на ваквите закани од страна на Хамас, но верувај ми, на Израелците воопшто не им е до смеење кога се случуваат ракетните напади од Газа врз израелска територија, напади кои се вршат исклучиво врз цивилно население, а не врз воени цели, па од тука многу појасно е кој врши вистински геноцид и кој врз кого врши репресии.
Јас поддржувам создавање на палестинска држава, но не во границите од пред 1967 година, како што тоа го сакаат Палестинците и како што го предложи Барак Хусеин Обама во мај 2011, и дефинитивно не со радикални исламисти како Хамас на власт, а токму такви исламисти сега се на власт и во тазе "демократизираните" Египет, Тунис, како и во Исламистичката Република Иран, на која неофицијален национален слоган уште од самото основање, па се до денешен ден е: Бришење на Израел од мапата.
Јас го сметам Израел близок кон нас само бидејќи Евреите исто како и нас Македонците, имаат поминато низ ужасни страдања и патешествија, лично мислам дека ние Македонците поубаво сме поминале од нив, па дури и под турско ропство, бидејќи никогаш не сме завршиле во концентрациони логори на смртта и никогаш не сме биле целна група за истребување. Од друга страна, ни на политички, ни на економски, а ни на национален план не гледам никакви зближувања помеѓу Македонија и Израел, но сепак го поддржувам Израел во неговото постоење, во неговата самоодбрана и во неговите планови за самостоен развој, меѓу кои спаѓаат и плановите за изградби на нови населби на израелска територија, планови кои во последно време како да и станаа трн во око на Велика Британија, која неодамна се закани со замрзнување на билатералните и на трговските односи со Израел токму поради ваквите планови за изградби на нови населби на израелска територија.
Разликата помеѓу Русија и Кина од една страна и САД и ЕУ од друга страна, како што спомнав уште во пост
#5, се профитерските интереси. Ни Русија и Кина од една страна, ни САД и ЕУ од друга страна, воопшто не ги интересираат последиците од таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што има поминато, со себеси има донесено се и сешто освен слобода и демократија, се додека муслиманските народи на Блискиот Исток меѓусебно се убиваат со руско или кинеско оружје од една страна, наспроти американско или европско оружје од друга страна, и Русија и Кина од една страна, a и САД и ЕУ од друга страна ќе бидат задоволни, бидејќи тие ќе профитираат од продажбата на истите тие оружја и муниции, без воопшто да ги интересира колатералната штета.