Мило ми е бидејќи се разбравме околу тоа дека светот не е црно-бел, дека нема добри и лоши, туку има само победници и губитници.
Но кои ќе бидат победниците, а кои ќе бидат губитниците доколку на Иран му се дозволи да има нуклеарно вооружување ?
Мора да постои рамнотежа, мора да има балансирано влијание. Доколку контролата прејде целосно во едни или други раце сите сме наебале.
Не може да има само јак Израел и Америка, не може да се недопирливи и се’ да им пројде неказнето. Повелбата на ООН не важи само за нив и нивните сојузници, тие се над секој закон, па дури и над оној што самите го примениле.
Правдата никогаш нема да биде целосно задоволена, но ако сакаш со војна да истераш правда може да се случи со војна и да изгубиш се’ што имаш.
Кои ќе бидат победниците, а кои губитниците доколку Израел попушти и го прифати предлогот на Барак Хусеин Обама од мај 2011 за враќање на Израел во неговите стари граници од пред 1967 година и за создавање на независна Палестина во границите од пред 1967 година ?
Доколку било кој мисли дека со вечна окупација ќе одржува мир кај себе дома, тогаш им дава полно право на сите поголеми земји да ја повторат империјалистичката експанзионистичка политика колку што можат, за да се чувствувале посигурно.
Реков, мора да има рамнотежа, ако сакаат да развиваат нормални односи, мора да овозможат нормални услови за опстојување на Палестина. Ако сакаат да водат војна без крај, нека продолжат и евентуално ќе се доведат до истребување. Тогаш ќе има еден дефинитивен победник.
Не знам како ти си се образовал за Втората Светска Војна, јас лично не сум бил на ниту едно од местата на кои се одвивале поголемите битки во Европа за време на Втората Светска Војна, не сум ги видел лично и со свои очи нацистичките логори на смртта, но пријатели мои кои биле во посета на Полска и на Германија, се имаат вратено со фотографии од нивните посети на истите тие нацистички логори на смртта, а не верувам дека фотографиите се лажни. Исто така сум бил во Меморијалниот Центар на Холокаустот во Скопје, кој е ептен скромно уреден во споредба со Музејот на Македонската Борба за Државност и Самостојност и Музејот на ВМРО и на жртвите на комунистичкиот режим кои се веднаш наспроти Меморијалниот Центар на Холокаустот во Скопје, а воопшто не се скромно уредени во споредба со Меморијалниот Центар на Холокаустот, но сепак и едниот и другиот музеј доволно говорат кој бил победникот, а кој бил губитникот во Холокаустот.
Би требало да поседуваш само здрав разум на расудување, дека не сите “вистини“ се вклопуваат во тоа што навистина имало место. Јас живеев 3 ипол години во Полска и сум бил не само во логорите, туку сум имал прилика да живеам/престојувам во сите земји од бившиот Варшавски блок и да ги чујам локалните истории кои селективно се изоставени од нашите учебници.
Како на пример, пактот меѓу Германија и СССР и поделбата на Полска, 1/3 од загинатите во логорите не биле Евреи, бројките се дополнително манипулирани и “приближно“ определени, никогаш не се збори за Хлодоморот или бројните расни егзекуции во СССР, како што не се збори ниту за полските планови за експанзија и депортирањето на Германцит, масовните силувања од Русите врз германските жени или тоа дека во скоро сите угнетувани земји се јавиле национално ослободителни движења кои гледале шанса во Германија да им помогне да се здобијат со независност, за подоцна тие да се само политички означени како “нацистички колаборанти“ никогаш не навлегувајќи во суштината на нивната национална идеологија, која немала никаква окупаторско асимилаторска политика.
Меѓутоа, за сите овие историски противречности на форумот за Историја.
Сакав само да потенцирам, дека не можеме повеќе да се играме ко Партизани и Германци, се очекува од нас да сме многу повеќе информирани од времето кога сме биле клинци.
Основачката повелба на Хамас, која те охрабрувам да ја побараш на Интернет и да ја прочиташ, јасно потенцира дека една од најосновните цели на Хамас е уништување на Израел и истребување на Евреите. Секојдневниот западњак би се смеел на ваквите закани од страна на Хамас, но верувај ми, на Израелците воопшто не им е до смеење кога се случуваат ракетните напади од Газа врз израелска територија, напади кои се вршат исклучиво врз цивилно население, а не врз воени цели, па од тука многу појасно е кој врши вистински геноцид и кој врз кого врши репресии.
Не треба да ми објаснуваш, не сум дете. Хамас му е потребен на Израел, како што на САД потребни им се Ал Каеда. Знаеш кога ќе престане нивната војна со “терористите на Алах“? Во оној момент кога ќе измислат “православни руски терористи“ и ќе бараат изговор за напад на Русија.
Нели се согласуваш дека се работи само за интереси, не би требало да имаш проблем да го разбереш ова, а истовремено да веруваш во светската закана - радикалниот ислам, кој е вооружуваан со стингери од НАТО.
Мислам, алооооо, се читаме?
Јас поддржувам создавање на палестинска држава, но не во границите од пред 1967 година, како што тоа го сакаат Палестинците и како што го предложи Барак Хусеин Обама во мај 2011, и дефинитивно не со радикални исламисти како Хамас на власт, а токму такви исламисти сега се на власт и во тазе "демократизираните" Египет, Тунис, како и во Исламистичката Република Иран, на која неофицијален национален слоган уште од самото основање, па се до денешен ден е: Бришење на Израел од мапата.
Ништо не си разбрал. Инсталирани се режими по сценарио од САД, а сменетите режими треба да ја одиграат улогата на “исламски пријатели“ на Иранците за да би ги повикале да го симнат режимот по нивниот диктатор, а САД како деклариран анти-исламист ќе им донира оружје, за потоа да ги држи сите нови режими и контролата над сите арапско-муслимански земји.
После 10 години ништо не се променило на подобро во Авганистан или Ирак, ниту САД имаат интерес нешто да се подобри. Сите тие земји треба да се оддржуваат на најниско ниво на развој, да веруваат дека Американците им се пријатели бидејќи им даваат хуманитарна помош, додека црпат билијарди од нивната земја.
Џабе ни е муабетов, тешко е да се преџвака сето ова, кога најлесно е да упростуваат стварите од типот на Партизани и Германци, добри и лоши, христијани и муслимани.
Во ситуација кога американските интереси не ни се наклонети, не гледам зошто не би кокетирале со Русите и наврзале подобра соработка, за ако навистина ни згусти да имаме на што да се повикаме и да бараме сојузници. А вака, оставени сме во немилост на НАТО, ЕУ и интересите на нашите алчни соседи.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 00:31 ---
Точно така си имаме интереси, но немаме сила да ги наметниме.
Затоа служи дипломатијата.
Владе, не знам другар дали ги разбираш речениците кои ги склопуваш ама едноставно не прават смисла.
Нам ни треба само пари, било какви, па нека се и крвави, од бело робје, дрога, перени, мафијашки, или легално удвоени, за да купиме се’ што ни треба.
Во овој живот само парите се рачунаат во политиката, како што Филип со магаре натоварено со злато ги поткупил Атињаните така и денеска се средуваат проблемите.