Има членови кои рекоа:
1. Одам некогаш, ставам мали пари по 100 денари и добивам и си одам никогаш повеќе од “толку“ или “онолку“ пари.
2.“Не оди никогаш,од таму никој не видел пари“
3. “Сум изгубил пари, сум добил...“
4.“Не сум влегол никогаш“
5.“Порано одев и научив дека се местени“
Ова беа само зборовите што ги рекоа некои членови, кои на било кој начин имале искуство со казиното. Ќе ги објаснам подолу, една по една.
1: .
Одам некогаш, ставам мали пари по 100 денари и добивам и си одам никогаш повеќе од “толку“ или “онолку“ пари.
Ова се луѓе, кои се во кал, али само со нозете. Почетници, кои полека заглавуват во казиното , неговата смотана магија, и неговата лукавост да го извлече од вас последниот денар.
Со тоа, “НЕ СТАВАМ ПОВЕЌЕ ОД 100 ДЕНАРИ“ самите вие се сметате за зависни, односно дека одите, и дека играте на мали пари, тоа значи дека сеуште можете да се контролирате.
Но што кога ќе дојди денот, кога сте така радосно расположени и ви е мака да играте на неколку бројки со влог од 5 денари туку сакате наеднаш голема добивка, да речеме од 10.000 денари. Тогаш нема влогот да биди 100 денари туку ќе биде поголем. Освен влогот што ќе биде поголем поголема е и еуфоријата,и поголеми се шансите да изгубите. Едноставно нели? Случајот добив 1000 ден одам all in е познат кај сите, така да често пати ќе се залетате да ги изиграте добиените пари, оти “нешто ви иди од рака“. Но секогаш се случува спротивното добиените пари заминаа, и вие сеа сакате да ги повратите. Ставате нов влог и се до последен денар оди така. Но овој пат не е толку лесно да се вратат парите па ги играте и “Потребните“ пари што не биле испланирани за вказино. И краен епилог на ова е губење на парите кои ви требале било за што, па играње на заем или со последните 50 денари да ги повратите сите пари или барем нешто од нив.
Додека сте во оваа фаза на “коцкање“ слободно може да се кажи дека сте во гомна само до “колена“. Прекинете што побрзо. Почнете да ги цените парите со тоа што нема да излегувате со големи пари. Ги нема веќе оние 1000 ден лесно дојдени на комар, па се курчите низ чаршија. Пробајте со 200 ден да излезите. Поубаво ќе си помините . Периодот од откажување од оваа фаза е околку месец до два.
Се лечи: Помалку барање, трошење пари, повеќе ценење и на последниот денар, избегавање на казина, стекнување омраза , и барање на некоја работа, штедење и слично. Фантазирање за пари никако. Фазата на лечење е проследена со фантазирање за пари, и секогаш тогашќе ви излезат потреби за пари. Избегавајте го тоа и оставете ги потребите за друг пат.
Секогаш кога сте во казино, и општо казината се осеќате некако кралски. Тоа е поради амбиентот, направен во нив. 70 % имаат добра услуга и ве гледаат како крал, па од таму испаѓа она трошењето пошто вие се осеќате кралски и срам ви е да си заминете со влог од 200 денари па ставате 1000 денари. Амбиентот го прави тоа.
2. Коментар од типот:
“Не оди никогаш,од таму никој не видел пари“
го викаат луѓе, што се пробале неколку пати и немале некоја среќа таму па ти кажуваат како е вистината.
3.
“Сум изгубил пари, сум добил...“
е фактички реалната вистина, што постои. Ќе добиеш ќе изгубиш и редно е било кој да сфати дека тоа е проланзо и нема потреба да се фрли на комарот.
4.
е мотото на луѓето кои издржале со нивниот цврст карактер.
5.
“Порано одев и научив дека се местени“
Ова е тоа што треба да го знаете. Исто како кај покерот, еден ги зема парите. Најчесто тоа е газдата, но се случува да исплати на неколку луѓе со цел да привлече муштерии.
Избегавајте го казиното како што можете и знаете. Не влегувајте. Местено е од прв до последен апарат, од прво до последно фрлање на топчето и ниедна бројка не е СЛУЧАЈНА.
Случајности едноставно кога фрлате петка-глава.
Местено е казиното да има едно 10 % исплата, со тоа што, има неколку видови на топчиња, коги исфрла. (Тие што одат знаат) дека има топчиња како гумени скокаат, некои тропаат, а некои лесно се лепат на бројките. Се е до тоа дали има големи влогови или не. На големи влогови, во игра влегува магнет-топче кое лесно е привлечено до непотребната серија/бројка. Сето тоа е посматрано и се следи на компјутер, односно еден врбаотен ги посматра играчите како и обично. Наместено е да исплати 3000 денари и вие ако фатите ќе добиете 3000 и ништо повеќе.
Нема “му ја најдов тактиката“ нема “фатив толку и толку оти имам среќа“. Немојте да мислите оти сте среќни ако сте погодиле 3 бројки со ред. Едноставно поради што е местено сте добиле. Ако играте на обичен рулет кој оди од типот на среќа, слободно испробувајте ги вашите психички способности. Но тој секако е во употреба за домашни услови
Оставете Казино. Слот машини, Апарати, Рулет - сето тоа ве носи до една голема заблуда и автоматски станувате човек на дното. Избегавајте. Ако навистина сакате да се коцкате и да добиете лесни пари, пробајте ја среќата во кладилница. Тука НИКОЈ не гледа како вие сте го уплатиле ливчето за следниот натпревар. Играчите на тимот, нема да го проверат вашето ливче, како ви е пишано па да изиграат од спротивното. Кладилниците се голем предизвик на среќата. Сврете и го грбот и таа ќе ви го сврти вас, но насмевнете и се и таа ќе ви се насмевне вас.
Кладилницата е чиста среќа. Пробајте се играјте, строго натпревари и во никој случај Кено и други глупости во кладилници. И тие се програмирани ;-)
Никогаш не се потпирајте на фактот - кој тим е појак, овој мора да победи. Играјте за забава, играјте за среќа. Многу пати некогаш ќе ме праша мене некој вработен во кладилница кога некоја утакмица со коефициент 30 ја ставам да победи а противникот со коефициент 1.20 и ми вика: Ја ставаш да победи? Никогаш не се знае, за кладилницата. Ако сакате да го видите мојот најголем Epic Fail во кладилница , кликнете
овде.
Kaко што гледате, турција е турната со најмалиот коефициент. Совет - Никогаш не слушајте никого кога ви напина да ставите некоја утакмица. Ама апсолутно никогаш. Играјте со вашите чуства и со ваши правила и ваши претпоставки. Најправилно е тоа. Секогаш, ама апсолутно секогаш следете го инстиктот, и не играјте игри од типот на местенки или некои Електронски игри на среќа. Уживајте во животот и не претерувајте со парите