Сите тие "стратегии" се базираат на параноичен поглед на светот.
Луѓето не сфаќаат дека нема никаква потреба рулетот да биде наместен. Рулетот има огромна маргина од 2.70 (чисто за споредба ако играш блек џек по базичната стратегија има само 0.45 маргина) што практично значи дека на секој одиграни 100 евра казиното заработило 2.70 евра. Во такви услови сопствениците на казината каде имаа рулети немаат апсолутно никаков интерес да местат рулети. Се што им треба е обрт. На 1000 евра уплатени на рулет заработиле 27 евра, на 10 000 евра заработиле 270 евра, на 100 000 евра заработиле 2700 евра. Најпроста математика од која не може да се побегне.
Не постои стратегија на рулет која може да ти овозможи долгорочен профит. Луѓето кои мислат дека можат да најдат таква стратегија немаат почит за математиката, а јас (што би рекол Шварци) немам почит за оние кои немаат почит за математиката.
Тоа се жешките бројки е посебна приказна. Секое следно вртење е независен настан и нема никаква врска со претходниот настан. Ако имаше, сите ќе беа добитни. Ако имало 30 извлекувања на кои се добивало само црно, веројатноста во следното вртење да биде црвено е исто како на почетокот, 50 посто (малку помалку заради нулата).