Откриена тајната на Рубиковата коцка
Будимпешта, 13 август - Американски научници со помош на супер-компјутерот на Гугл успеале да ја решат тајната на Рубиковата коцка, објави денеска весникот Маѓар хирлап.
Ребусот на Рубиковата коцка за да се реши потребни се најмногу 20 потези. Некогаш се сметаше дека за „решавање“ се потребни 18 потези, но пронајдени се ситуации кога тоа не е можно, вели математичар од универзитетот Кентли, Морли Дејвидсон.
Проверката е извршена на скоро 100.000 почетни позиции и заклучокот е дека „волшебната бројка“ е сепак, 20. Толку е потребно од 43 трилиони можни комбинации да се најде вистински пат за решавање, со забелешка дека за некои позиции се потребни само 15.
Ерне Рубик, унгарски професор по архитектура, ја пронајде „коцката“ во 1974 година, а во продажба се најде пет години подоцна.
Светскиот рекорд во решавање на Рубиковата коцка која се состои од 26 мали коцки и јадро во средината околу кое се вртат, го држи Холанѓанецот Ерик Акерсдијк и изнесува 7,08 секунди.
Извор