- Член од
- 7 јули 2013
- Мислења
- 1.856
- Поени од реакции
- 12.139
Добро сумирано, со таа разлика што импактот на Меси во Барселона е многу поизразен, бидејќи Вирџил во моментов игра во подобар колектив и имаше огромна помош од Салах, Мане, Алисон, Фирмино плус треба да се спомене дека игра во клуб со многу многу подобар тренер. За разлика од Меси каде малтене сам ја однесе Барса до полуфинале и титула во ЛаЛига и притоа беше топ скорер и во двете натпреварувања со лоша форма на многу фудбалери во Барса и со ужасен тренер кој што во ланската сезона имаше само една задача, да одбрани 3:0 од кампот и да не биде декласиран од Ливерпул, толку, во финалето секако Барса ќе тепаше против кого и да играше од Тотенхем/Ајакс.Добро тоа да, ама.
Потешко е да си главен играч како стопер.
ВВД како еден од главните ако не и најбитен играч на тимот му донесе најдобар успех на Ливерпул во премиер лигата по број на поени.
ВВД освои ЛШ со Ливерпул што е најголем клупски успех.
ВВД со Холандија стигна до финале на Купот на Нациите.
Меси беше главен кај Барса им донесе...титула во Ла Лига, 1/2 финале и елимнација од Ливерпул на ВВД, и 1/2 финале во Копа Америка
Успесите на ВВД > Успесите на Меси
Индивидуалниот успех на ВВД како дефанзивец (ниту еден не го издрибла) = Индивидуалниот успех на Меси (златна копачка)
По мојава логика, пошто двајцата беа израмнети од индивидуален аспект, а ВВД донесе повеќе успеси на својата репрезентација и екипа...
ВВД прво место![]()
Далеку од тоа дека Ливерпул ќе имаше вакви успеси без Ван Дајк, ама разликата на импактот во клубовите е огромна. Ливерпул ќе е послаб доколку го тргнете Ван Дајк од тимот, ама ако го тргнете Меси од Барса тоа ќе биде апокалиптично за клубот.
Можеби малце субјектво, но мислам дека мала предност има Меси. Во секој случај респект за ВВД кој е најдобар дефанзивец во моментов и нема да е незаслужено доколку освои. Во случај ако не можат да одлучат кој е подобар, тука е статистиката за погодени стативи.
