Рибља Чорба

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
2.789
На 72, можеше да поживее уште малку.
Нека почива во мир.
Легенда југословенска
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.619
Поени од реакции
35.115
Некои луѓе имаат само датум на раѓање, а Бора е еден од нив.
Легендите никогаш не умираат. Живеат преку своето творештво.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.812
Поени од реакции
12.113
Вечна му слава на незаменливиот велемајстор на југословенската рок музика.

Ако имало или сеуште има такви на кои не им бил по личен вкус и мерак додека беше жив, сега уште повеќе ќе им нагазува по плускавци како жива легенда на поранешните југословенски простори.

https://www.ubavinaizdravje.mk/zhivoten-stil/koga-kade-so-kogo/pochina-bora-chorba/

Почина Бора Чорба

На Sep 4, 2024


Фото: Фејсбук

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст.

Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови. Во последните неколку дена, тој беше поврзан на кислород откако неговото здравје значително се влошило.

Официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.

„ Почитувани пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ нè напушти. Почивај во мир, драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 година “, стои во соопштението.


Во август 1978 година, Бора Ѓорѓевиќ ја основа групата „Рибља чорба“, која стана многу популарна во текот на следните неколку месеци. Со популарноста на групата, Бора му се оддаде на алкохолот, што заедно со провокативните општествено ориентирани песни го натера да стане еден од најконтроверзните музичари во Југославија. По објавувањето на албумот „Коза ностра“ во 1990 година, тој беше обвинет за „навреда на работничката класа на Југославија“, но обвиненијата беа отфрлени.

Бора извесно време беше и политички ангажиран, а во 2004 година беше советник на министерот за култура во Владата на Србија.

Тој беше во брак со Драгана Ѓорѓевиќ со која го има синот Борис, а со нив живееше и Тамара, ќерката на Драгана од претходниот брак. Бора и Драгана се разведоа со заедничка согласност на 5 февруари 2007 година, рокерот го напушти станот во кој живееле, но Драгана наводно се самоуби на 23 март 2007 година.

Бора никогаш не се согласи со претпоставката дека си го одзела животот поради разводот со него, секогаш велеше дека се предозирала со антидепресиви и алкохол, но се зборуваше дека Драгана не можела да ги преболи разводот од Бора и неговата 28 години помлада партнерка, со која се ожени во 2009 година и на која ѝ го посвети албумот „Минута со неа “.

Да потсетиме, Бора Ѓорѓевиќ почина во Словенија, каде што се пресели поради сопругата Дубравка. Рокерот во неколку наврати изјави дека тоа било љубов на прв поглед.

„ Кога ја видов Дубравка, знаев дека тоа е тоа. Беше во Марибор, на католички Божиќ. И тогаш таа дојде во Виена, а јас дојдов кај неа во Љубљана, со намера да останам ден-два, и останав седум дена. Многу брзо ми беше јасно дека можам да живеам и да дишам покрај неа “, изјави тогаш Ѓорѓевиќ.

@alo_portal POČIVAJ U MIRU LEGENDO! #boracorba #alonovine #alodnevnenovine #fypシ #fypシ゚viral #alo ♬ In Memories – Barto Benn

Борисав Бора Ѓорѓевиќ
1 ноември 1952 - 4 септември 2024

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.621
Поени од реакции
7.248
Porasnav so negovite pesni i najgolem spomen i zadovolstvo mi beshe da bidam eden od retkite na zemjava shto sedel so Bora na ista Masa i igral Billijard vo deneshno Kafe Doma vo Prilep vo dalecnata 1993 god.
I se samo zaradi mojot komshija ,Manager, koj taa godina gi donese i odrzhaja 2-3 koncerti vo Makedonija posle nekolku sushni godini na Riblja Corba.


Pocivaj vo mir legendo ! Ce mi nedostasuvash!

R.I.P
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.463
Поени од реакции
7.922
Член од
2 април 2023
Мислења
220
Поени од реакции
462
Нека му е лесна црна земја, Бог да му се смилува на душата.
Во Србија и ден денес гледам уште има статус на контроверзија околу него, поради тоа што ги подржа СНС и Вучиќ.
Најчесто се слуша за него, човекот кој успеа да влезе и излезе од легендите за само еден човечки животен век.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.176
Поени од реакции
2.116
Контроверзна личност, али добар музичар и текстописец. Песните ќе му останат и тие генерации израснати со нив мислам дека секогаш ќе ги слушаат. Секогаш бил пред времето нешто ко К-15 кај нас. Ние мислиме заебанција тоа по 20 год. реалност станува.
Ете и син ми роден 2013 одамна ги слуша без јас нешто да му наметнам или да го форсирам, дури не се ни сеќавам коа последен пат по дома сум ги пуштил.
Годинава дури и на соц. мрежи ги пратев доколку гостуваат во близина да одиме ама ете штета почина релативно млад. Доколку би терал поздрав живот можда ќе не удостоеше со уште некоја песна настап концерт.
Како и да е нека почива во мир еден од најголемите уметници на балканот.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.618
Поени од реакции
59.813
Боро коа пее за жени тоа е толку многу јако што ниеден уметник овде мислам дека не може да го достигне тој левел. Љубовните песни на Чорба се ненадминливи.
Боро има многу интересна смисла за хумор во своите песни и оние кои го хејта тешко дека би му се налутиле пошто тоа е така добро изведено, без навреди, да ниеден нормален човек не би му зел за зло.
Политичките критики во песните му се така шмекерски одработени што стварно држат вода за времето во кое творел и живеел за кои и ден денес може да најдеме поврзаност иако пишувал и пеел во едно сосема друго општество за нас кои сме родени некоја година подоцна.
Тежок на јазик да, гомнојадец пар екселанс, сељак, би рекол да, музиката на Чорба полушабанска океј би се согласил до некоја мера, али она што останува како печат на еден од најголемите и најпопуларни ју рок бендови тоа ќе стои, се надевам, уште многу години.
Нека почива во мир, имам и јас замерки за него али кој кур, кој сум па јас, на крајот од денот останува неговата музика или што би рекол неговиот не омилен лик, остаје ми то што се волимо, што се још волимо...
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.905
Поени од реакции
5.753
Со оглед на тоа каков алкохоличар беше благодарение на словенката животот колку толку му се продолжи. Додека пиеше пред секој концерт барем кај нас во Македонија имаше 1 литар бела лозова Тиквеш и после саат и пол отприлика кога завршуваше концертот шишето беше празно.Замислете на секој концерт по 1 шише испиено па не случајно имаше изјавено дека пола црн дроб му е уништен а останатата половина едвај му функционира.Најинтересен феномен е што на сите негови концерти најголем процент од публиката се млади луѓе без разлика од која генерација припаѓаат што е невидена реткост во рокенрол музиката.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.812
Поени од реакции
12.113
Со оглед на тоа каков алкохоличар беше благодарение на словенката животот колку толку му се продолжи. Додека пиеше пред секој концерт барем кај нас во Македонија имаше 1 литар бела лозова Тиквеш и после саат и пол отприлика кога завршуваше концертот шишето беше празно.Замислете на секој концерт по 1 шише испиено па не случајно имаше изјавено дека пола црн дроб му е уништен а останатата половина едвај му функционира.Најинтересен феномен е што на сите негови концерти најголем процент од публиката се млади луѓе без разлика од која генерација припаѓаат што е невидена реткост во рокенрол музиката.
И Бајага е тргнат по истиот пат.

Тие кои беа на трибините во СРЦ Јане Сандански на последниот концерт на Бајага можеби го забележаа параванот на бината позади кој му точеа пијачка.

Се извинувам за оф-топик коментаров.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom